Свет
Французите „најдоа“ уште еден гостин во собата на Строс-Кан
Покрај собарката којашто го обвини веќе поранешниот шеф на ММФ, Доминик Строс –Кан, за сексуално малтретирање, во апартманот на њујоршкиот хотел, во време на несреќата имало уште еден од вработените на хотелот
Покрај собарката којашто го обвини веќе поранешниот шеф на ММФ, Доминик Строс –Кан, за сексуално малтретирање, во апартманот на њујоршкиот хотел, во време на несреќата имало уште еден од вработените на хотелот, објави интернет страницата на францускиот весник „Фигаро“ (Figaro), цитирајќи извор близок до менаџментот на хотелот. Финансискиот стручњак и политичар, Доминик Строс-Кан, кој е потенцијален кандидат за претседател на Франција, беше уапсен на 14-ти мај во Њујорк на аеродромот „ЏФ Кенеди“ во авионот на француската авиокомпанија „Ер Франс“, десет минути пред да полета за Париз, по обвинувањето на собарката од хотелот „Софител“ на њујоршки Тајмс Сквер во полицијата за сексуално напаствување од страна на високиот гостин.Според извори на весникот, мажот кој се наоѓал во апартманот на Строс-Кан само за да ја расчисти масата, собарката откако влегла го прашала дали може да започне со чистењето на собата. Нејзиниот колега одговорил дека завршил со работата, дека во апартманот нема никој а потоа си заминал. Тој можел и да не знае дека Строс-Кан во тоа време бил во бањата да се тушира, рекол изворот на весникот.Доколку се утврди присуство на друго лице во собата и тоа биде докажано, наведува весникот, тој ќе биде единствениот сведок кој ја видел собарката пред Строс-Кан, наводно, да ја нападне. Познато е исто така, дека во ходникот, што води до апартманот каде отседнал челникот на ММФ немало поставено безбедносни камери.Според написите во медиумите, друг важен „сведок“ за полицијата може да биде магнетната картичка, којашто го регистрира точното време на влез и излез на актерите на оваа афера.Во понеделникот Кривичниот суд на Менхетен го одби барањето на адвокатите на Строс-Кан за ослободување со кауција во вредност од милиони долари и ветување за активна соработка со истрагата,со образложение дека тој може да се обиде да пребега во Франција.Обвинителството против потенцијалниот социјалистички кандидат за претседател на Франција на изборите во 2012 г. подигна обвинение по шест точки. Пет од нив се однесуваат на наводите за сексуалните прекршоци и едно за незаконско лишување од слобода. За главното обвинение за „сексуален напад“ максималната казна е 25 години затвор. Според пишувањето на американските медиуми, во судските документи се наведувало дека Строс-Кан доколку биде осуден по сите обвиненија може да биде осуден на вкупна затворска казна од 74 година и три месеца./крај/фг/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Европскиот парламент усвои построги и побрзи правила за азил
Денес, Европскиот парламент усвои измени на регулативите на ЕУ за постапката за азил со цел да се овозможи побрза обработка на барањата за азил.
Амандманите, кои ја вклучуваат изменетата листа на безбедни земји од ЕУ, беа усвоени со 408 гласови „за“, 184 „против“ и 60 „воздржани“, а на истата седница европратениците одобрија и договор за регулативата за спроведување на концептот на безбедна трета земја, со 396 гласови „за“, 226 „против“ и 30 „воздржани“.
Новата листа на безбедни земји на ниво на потекло на ЕУ ќе овозможи брзо решавање на барањата за азил на граѓани на Бангладеш, Колумбија, Египет, Индија, Мароко, Тунис.
Според новите правила, поединечниот барател мора да покаже дека одредбата за безбедна земја не треба да се применува во неговиот случај поради основан страв од прогон или ризик од сериозна неправда ако се врати во својата земја.
Земјите кандидати за пристапување во ЕУ ќе се сметаат за безбедни земји на потекло, освен ако релевантните околности не укажуваат поинаку, што вклучува неселективно насилство во контекст на вооружен конфликт, стапка на признавање азил на нивните граѓани на ниво на ЕУ што е поголема од 20 проценти и економски санкции поради дејствија што влијаат врз основните права и слободи.
Комисијата ќе ја следи ситуацијата во земјите на листата и во земјите кандидати и ќе реагира доколку околностите се променат, се вели во соопштението на ЕП.
Известувачката Лена Дипонт од Германија оцени дека денешното гласање за концептот на безбедни трети земји обезбедува уште еден клучен елемент за функционален и кредибилен систем за азил.
„Со овозможување побрзо и поефикасно отфрлање на очигледно неосновани барања за азил во иднина, ги забрзуваме процедурите за азил, ги олеснуваме системите на земјите-членки и им помагаме на луѓето да не бидат во правна неизвесност со години“, рече таа.
Пред да стапат во сила, овие регулативи треба да бидат усвоени од Европскиот совет, пренесува Танјуг.
Свет
Макрон: Ова е повик за будење за Европа, мора да почнеме да се однесуваме како светска сила
Францускиот претседател, Емануел Макрон, ја повика Европа да се наметне на светската сцена, предупредувајќи дека континентот се соочува со „повик за будење“ поради растечките закани од Кина, Русија, па дури и од САД.
Пред самитот на ЕУ оваа недела во Брисел, Макрон изјави за неколку европски весници дека е време Европа да почне да се однесува како „светска сила“, објави Би-Би-Си.
„Европа денес се соочува со огромен предизвик, во свет кој е во хаос“, предупреди Макрон во интервју.
„Дали сме подготвени да станеме светска сила? Тоа е прашање што се однесува на економијата и финансиите, одбраната и безбедноста, како и на нашите демократски системи“, рече тој. „Во друга ера, би можеле да кажеме дека ова е моментот за полнолетство“.
Макрон го повтори својот повик за заедничко задолжување на ниво на ЕУ за да се соберат стотици милијарди евра потребни за индустриски инвестиции.
„Време е да се започне заедничко задолжување за финансирање на нашите идни трошоци – еврообврзници за иднината. Ни требаат големи европски програми за финансирање на најдобрите проекти“, рече тој.
фото/Depositphotos
Свет
Калас: Ќе предложиме услови што Русија мора да ги исполни
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денес изјави дека ЕУ ќе предложи список на отстапки што Европа треба да ги побара од Русија како дел од решението за прекин на војната во Украина.
„Сите на масата, вклучувајќи ги Русите и Американците, мора да разберат дека Европејците се потребни за да се постигне мировен договор“, изјави Калас пред група новинари на новински агенции во Брисел, според Ројтерс.
Според неа, ЕУ има услови за тоа.
„И овие услови не треба да им се наметнуваат на Украинците, кои веќе се под голем притисок, туку на Русите“, истакна таа.

