Европа
Завршна фаза пред решавачкиот самит на ЕУ за британското останување
Преговорите за постигнување договор меѓу Европската унија и Велика Британија преку реформите што ги бара Лондон за останување во 28-члениот сојуз, влегуваат во завршната фаза, со кусите посети на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, на неколку клучни европски престолнини пред самитот кон крајот на седмицата во Брисел.
Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, во понеделникот и во вторникот ќе се обиде да ги увери најнерешителните држави членки на ЕУ и да го заклучи планот за договорот кој ќе им го предаде на шефовите на држави и влади кон крајот на седмицава.
Неуспехот уште повеќе би ја ослабел Европската унија во моментот кога се движи од егзистенцијалната криза во криза којашто излегува од контрола, изјави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.
Британскиот премиер Дејвид Камерон, кој вети скорешно одржување на референдумот за останувањето на Велика Британија во ЕУ наместо до крајот на 2017 година, потврди во петокот во Германија дека верува во постигнувањето договор. Претпазлив оптимизам има и во Брисел, откако Туск на 2-ри февруари го претстави преддоговорот како одговор на британските барања и избегнувањето на британското излегување – Брекзитот.
„Во врска со местото на Велика Британија во Европа, секогаш верував дека заедно можеме да спроведеме реформи кои им одговараат на британските очекувања и кои се ефикасни за целата Европа“, изјави Камерон на средбата со германската канцеларка Ангела Меркел.
Меркел, како и Соединетите држави, сака Велика Британија да остане „активна членка на успешната Европска унија“.
Диналд Туск, процесот кој е во тек го оцени како многу кревок, и затоа ќе отпатува во Париз и во Букурешт во понеделникот, и во Атина, Прага и Берлин во вторникот, да бара политичка поддршка за конечниот предлог.
Франција смета дека нема збор за промена на европските договори за да им се задоволи на британските барања, како ниту за попречувањето на јакнењето на еврозоната поради заштитата на интересите на лондонски Сити, финансиското средиште. Францускиот претседател Франсоа Оланд предупреди дека нема да има прифатлива ревизија на европските договори.
Втората пречка е барањето на Камерон да се ограничат социјалните давачки за државјаните на другите земји од ЕУ. Таа мерка главно ги опфаќа работниците од централна и источна Европа кои се вработиле во Велика Британија. Туски предлага заштитни механизми, односно ткн „итни сопирачки“ кои на Лондон би му овозможиле на четири години да ја исклучи социјалната помош за меѓуевропските имигранти./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени две млади момчиња: планирале напад со нож на верници во синагога во Германија
Германските власти денеска соопштија дека уапсиле двајца мажи осомничени дека планирале напад со нож врз верници во синагога во Хајделберг, на југозападот на земјата.
Осомничените, на возраст од 24 и 18 години, беа приведени за време на одделни полициски операции во покраината Баден-Виртемберг на почетокот на овој месец, соопштија државните обвинители и полицијата, пренесе АП.
Тие разговарале за убиство на еден или повеќе верници во напад на синагогата, по што ќе следуваше нивна „маченичка смрт“, а сакаа полицијата да ги убие, се вели во заедничкото соопштение на германските власти.
Осомничените се соочуваат со обвиненија за заговор за убиство.
Полицијата го открила заговорот со претрес на домот на повозрасниот осомничен на 3 мај.
При претресот, полицаецот пукал и ранил еден од осомничените откако се фатил за нож.
Доказите запленети за време на претресот вклучуваат размена на онлајн пораки меѓу двајцата осомничени во април, во кои тие разговарале за можен напад на синагогата, соопштија властите.
На 18 мај полицијата го приведе помладиот осомничен и изврши претрес во неговиот стан.
Двајцата осомничени се германски државјани, а 18-годишникот има и турско државјанство, соопштија властите.
Нивните имиња не се објавени.
Германските лидери предупредија на ризиците од напади врз Евреите и го осудија порастот на антисемитизмот по избувнувањето на војната меѓу Израел и Хамас.
Европа
Филипинка се породила на крузер и го сокрила бебето: тоа починало
Истражен судија во Гросето, Италија го отфрли обвинението за убиство против Чан Џенсел Пиа Салахид, 28-годишна Филипинка која се породила на бродот за крстарење „Сребрен шепот“ на 17 мај, а потоа беше уапсена за смртта на детето.
Истражниот судија го потврдил приведувањето, а младата жена останала во затвор, но под обвинение за напуштање дете кое починало. Нејзините двајца колеги, кои ја делеле кабината со неа и кои исто така биле уапсени поради смртта на бебето, биле ослободени.
Тие и помогнале да се породи и биле соучесници во прикривањето.
Како што пишува „Rai News“, по добивањето на резултатите од обдукцијата, судот ги отфрли обвиненијата за убиство. Засега не се знае за што точно ќе биде обвинета жената освен за напуштање на детето.
А, таа цело време пред истражителите, според италијанските медиуми, тврдела дека не сакала да го убие својот син, кого го нарекла Тејлор.
Само се плашела дека ќе остане без работа, па го сокрила. Секогаш кога можела, доаѓала да го дои, според исказите. Бебето го оставала во плакарот со подотворена врата за никој да не го види или слушне неговиот плач.
Европа
Состојбата на Фицо е стабилна, забележително е благо подобрување, велат од болницата
Состојбата на словачкиот премиер Роберт Фицо по минатонеделниот атентат е стабилна со благо подобрување, соопштија денеска од болницата каде што е сместен Фицо.
„Состојбата на премиерот е стабилна со благо подобрување. Веруваме дека напредокот ќе продолжи“, соопшти болницата на платформата Х (Твитер), пренесе Ројтерс.
Фицо минатата среда беше застрелан од 71-годишниот писател Јурај Цинтула, кој веднаш беше приведен од полицијата.
Словачкиот премиер во тешка состојба беше пренесен во болницата каде му беше извршена операција.
Словачкиот суд во саботата одлучи Цинтула да биде задржан во притвор, а тој се соочува со казна од 25 години до доживотен затвор.