Македонија
Муминовиќ: Тврдам дека сум Бошњак

Пратеникот Рафет Муминовиќ од Демократска лига на Бошњаците и член на пратеничката група на ДУИ, во Собранието ќе гласа по `Бадeнтер` како Албанец, а на интернет страницата на Собранието според евиденцијата се води како Бошњак.
Пратеникот Рафет Муминовиќ од Демократска лига на Бошњаците и член на пратеничката група на ДУИ, во Собранието ќе гласа по `Бадeнтер` како Албанец, а на интернет страницата на Собранието според евиденцијата се води како Бошњак.
Муминовиќ има две изјави и на едната која е во ДИК стои дека е Албанец, а на другата Бошњак. Тој тврди дека изјавата каде се декларира како Албанец, во ДУИ ја потпишал бланко.
„Под целосна материјална и кривична одговорност тврдам дека сум Бошњак, не Албанец“, изјави Муминовиќ. Најверојатно е направена техничка грешка. Не сакам да тврдам дека некој ми подметнал. Јас и до сега сум коалицирал со ДУИ и никогаш од мене никој не побарал да ја сменам мојата националност“, изјави Муминовиќ денеска во Собранието.
Муминовиќ тврди дека ова е грешка и оти ќе ја исправи за официјално да се вброи како Бошњак.
При кандидатурата до Државната изборна комисија , кандидатите за пратеници поднесуваат изјави за националната припадност своерачно потпишани, а копија од таа изјава ДИК праќа во Собрание./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски на презентација на новата воена опрема од САД во касарната во Штип

Денеска во 10:00 часот, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на презентација на новопристигнатата опрема од САД во Касарна „Јане Сандански“ во Општина Штип.
Станува збор за 29 лесни оклопни возила – JLTV.
фото:илустрација/принтскрин
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради промена на два затворачи на водоводна мрежа со пречник од ф-300мм, на крстосницата од улиците Париска/Букурешка, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица Париска, дел од улица Хелсинки и дел од улица Прашка, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од објектите во околината на куќниот бр. 65 на ул. Влае. (Општина Карпош)
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од делови од улиците: Виктор Иванович Григоревич и Полог. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од с. Кучково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:00 до 17:00 часот, корисниците од ул. 1519 и ул. Борис Трајковски крак – 34. (Општина Кисела Вода)