Македонија
Одлуката на Уставниот суд за „Скопје 2014“ мора да се спроведе

Одлуките на Уставниот суд се задолжителни и мора да се спроведат, велат правните експерти по вчерашната одлука на Уставниот суд за запирање на изградбата на дел од објектите од проектот „Скопје 2014“
Експертите по уставно право се уште не се целосно запознати со одлуката на Уставниот суд, но првичниот нивни став е дека одлуките треба да се почитуваат независно дали одлуката на Уставниот суд е укинувачка или поништувачка.„Одлуките на Уставниот суд се задолжителни и мора да се спроведат. Не сум запозната со содржината на одлуките, ниту пак сум запознат со актот со кој е нападната одлуката на општина Центар. Според Уставот, надлежен орган за спроведување на одлуките на уставниот суд е пред се владата. Кога ќе стапи во сила одлуката на Уставниот суд, односно кога ќе биде објавена во службен весник, во тој случај владата треба да ги разгледа и да постапи по укажувањата и содржината на одлуката на уставниот суд и да постапи според тоа и надлежниот орган во овој случај општина Центар“ изјави за Макфакс професорот по уставно право, Саво Климовски.„Одлуката на Уставниот суд е задолжителна и одлуките на уставниот суд треба да се имплементираат, а за нивна имплементација треба да се толкуваат“ вели судијката Маргарита Цаца – Николовска.Триумфалната порта, скулптурите на мостот „Око“, сообраќајни решенија и неколку катни гаражи вчера паднаа на Уставен суд, откако судот ги укина измените на деталниот урбанистички план „Мал ринг“.Според судиите, деталниот урбанистички план кој беше донесен на 21 јануари, бил донесен во незаконска постапка, односно за него било одлучено во скратена, а не во редовна постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ го прашува Апасиев: Дали ќе побара оставка од Мециновиќ сега кога се кандидира за градоначалник

ВМРО-ДПМНЕ го прашува Апасиев од Левица дали ќе побара оставка од Мециновиќ сега кога се кандндира за градоначалник?
„Дали Апасиев ќе побара од Мециновиќ да си поднесе оставка од пратеник сега кога се кандидираше за градоначалник, како што бараше претходно? Очекуваме Апасиев да остане доследен до себе и да побара Мециновиќ да си поднесе оставка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата пренесуваат изјава на Апасиев во која вели дека пратениците кои се кандидирале за градоначалници треба да поднесат оставка.
Партијата Левица денеска соопшти дека нејзин кандидат за градоначалник на Скопје ќе биде пратеникот Амар Мециновиќ.
Македонија
Поместени граници во ортопедска трансплантација – извршена најсложена трансплантација на коска на Клиниката за ортопедија

На Универзитетската клиника за ортопедија успешно е изведена најсложената трансплантација досега, со што се поместени границите на современата ортопедска хирургија кај нас соопшти Министерството за здравство.
Пациент, маж на 64-годишна возраст, со втор рецидив на миксоиден липосарком на левата натколеница, беше подложен на ресекција на средишниот дел од бутната коска, реконструкција со графт од кадавер и фиксација со клин.
Операцијата беше во два акта – во вториот имаше пластична реконструкција која ја изведе тим предводен од д-р Томислав Јовановски. Првиот хируршки тим го предводеше проф. д-р Милан Самарџиски, со учество на спец. д-р Бојан Будиќ, д-р Теодора Тодорова и д-р Гоце Гулески. За анестезија беше одговорна проф. д-р Јасминка Нанчева, со анестетичар с. Јована Илиева.
Во операционата сала активно придонесоа инструментарките Ерзен Муртезани и Татјана Дукадиновска, болничарот Дардан Синани и рентген техничарот Силвана Станковска.
„Со овој зафат се поставува нова референтна точка во домашната ортопедија и се потврдува капацитетот на македонските хируршки тимови за изведба на интервенции од највисок степен на сложеност“, велат од МЗ.
Македонија
Муцунски: Владата работи на европската интеграција, ред е и ЕУ да покаже посветеност

Во интервју за NewsMax Balkans, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, зборуваше за европската интеграција на државата, регионалните прашања, членството во НАТО, партнерството со ЕУ во сферата на безбедноста и одбраната, како и за странските инвестиции.
„Подготвени сме да ги завршиме тешките реформи – и веќе тоа го правиме. Со тоа јасно го демонстрираме стратешкиот правец во кој се движиме. Но време е и Европската Унија, нејзините институции и земји-членки, да покажат подеднаква посветеност на нашиот европски пат,“ изјави министерот Муцунски.
Тој нагласи дека Владата е посветена на европската интеграција преку спроведување на реформи и исполнување на мерливи критериуми што самата Унија ги поставила, но дека е потребна одлучност, фер пристап и предвидлива патека за напредокот на земјата и додаде дека државата црвсто стои на своите стратешки приоритети членството во НАТО, посветеноста на патот кон Европската Унија и стратешкото партнерство со САД.
Министерот се осврна и на членството во НАТО и придонесот на државата кон регионалната, европската и глобалната безбедност, вклучително и преку Партнерството за безбедност и одбрана меѓу Македонија и ЕУ, договорите за стратешко партнерство со Обединетото Кралство и Унгарија.
Во делот на економијата, министерот истакна дека според најновите статистики, Северна Македонија е лидер во регионот и во Европа по обем на странски инвестиции во однос на БДП.
„Граѓаните и бизнисите сакаат резултатите да ги почувствуваат и на терен. Најчесто бенефитите од големите инвестиции се видливи по шест месеци до една година, преку нови и подобро платени работни места, зголемена продуктивност и соработка со домашни компании,“ додаде Муцунски.
Тој посочи дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, во координација со Дирекцијата за ТИРЗ, работи на обезбедување сигурност и поддршка за странските инвеститори, со крајна цел граѓаните да го почувствуваат ефектот на инвестициите во нивниот животен стандард.
„Ветувам дека ќе работиме уште посилно за да се позиционираме уште подобро во следното мерење наредната година,“ заклучи министерот Муцунски во интервјуто за NewsMax Balkans.