Спорт
Три Русинки и Возниацки во полуфиналето

Првата носителка Данката Возниацки и три Русинки се пласираа во полуфиналето на ВТА турнирот во Њу Хевн (600.000 $).
Првата носителка Данката Возниацки и три Русинки се пласираа во полуфиналето на ВТА турнирот во Њу Хевн (600.000 $).Возниацки без борба го доби мечот со повредената Флавија Пенета (Ит.), а во полуфиналето противничка ќе и биде Елена Дементиева (4) која ја победи Катерина Бондаренко (Укр.) со 7:6, 6:7, 6:4. Марија Кириленко (Рус.) ја победи Динара Сафина (Рус.) во два сета со по 6:3, а за пласман во финалето ќе игра против Надја Петрова (Рус.) која што претходно лесно ја елиминира Австралијката Саманта Стосур со 6:2, 6:1. На АТП турнирот кој паралелно се одржува во Њу Хевн (660.000 $) првиот носител Маркос Багдатис (Кип.) загуби во четвртфиналето од Сергеј Стаковски (Укр.) со 7:5, 1:6, 6:7. Стаковски го победи Багдатис само неколку часови по победата над Робредо во меч кој претходниот ден беше прекинат поради мрак. Украинецот во полуфиналето ќе игра против Тиемо Де Бакер (Хол.) кој пак беше поуспешен од Евгениј Королев од Казахстан (6:4, 6:2). Денис Истомин од Узбекистан се пласира во полуфиналето по победата над Русинот Тејмураз Габашвили од 6:1, 3:6, 7:6. Узбекистанецот во мечот за пласман во финалето ќе се сретне со Србинот Виктор Троицки кој ја забележа својата четврта победа на овој турнир против Чехот Радек Штепанек (6:2, 6:3) .крај/ап/м.н./
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Дејвид ќе го предводи нападот на Јувентус

Она за што се зборуваше со денови, во саботата доби потврда, Џонатан Давид е нов играч на Јувентус.
25-годишениот фудбалер потпиша договор со Јувентус до 30 јуни 2030 година, а во клубот доаѓа како слободен агент.
Канадскиот фудбалер, ја започна својата кариера во Отава, а потоа играше за Гент и Лил.
Дејвид играше во Лил во претходните пет години и постигна 109 гола и 30 асистенции во 232 натпревари.
Тој одигра 67 натпревари за канадската репрезентација и постигна 36 гола.
Во моментов се шпекулира дека доаѓањето на Дејвид е знак дека раководството на клубот одлучило да го продаде Влаховиќ ова лето.
Останува да се види што ќе се случи во следните неколку дена.
Foto/ EPA-EFE/MOHAMMED BADRA
Спорт
Ферстапен со брилијантен круг до пол-позицијата на Силверстоун“

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Велика Британија, 12-та трка од овогодинешното првенство во Формула 1.
Актуелниот шампион стигна до најдоброто стартно место со неверојатен круг и време од 1:24.892 минути, со десетинка предност во однос на Оскар Пјастри во Мекларен.
Вториот возач на Мекларен, Ландо Норис, го имаше третото време, а неговиот сонародник Џорџ Расел од Мерцедес ќе стартува веднаш до него од вториот ред.
Рекордерот по број на победи на „Силверстоун“, Луис Хамилтон, ќе стартува од петтото место. Третиот ред го комплетира неговиот тимски колега Шарл Леклер.
Следува Андреа Кими Антонели, но возачот на Мерцедес има казна од три позиции и ќе стартува од 10-то место. Осмие е Оли Берман од Хас, зад него се Фернандо Алонсо (Астон Мартин) и Пјер Гасли (Алпин).
Големата награда на Велика Британија е закажана за недела во 16 часот.
Foto/ EPA/PETER POWELL
Спорт
Замена за Влаховиќ? Јувентус донесе нов напаѓач

Она за што се зборуваше со денови сега е официјално потврдено – Џонатан Давид е нов играч на Јувентус.
Овој 25-годишен фудбалер потпиша договор со Јувентус до 30 јуни 2030 година, а во клубот доаѓа како слободен играч.
Канадскиот фудбалер, кој игра на позицијата напаѓач, ја започна својата кариера во Отава, а потоа играше за Гент и Лил.
Давид играше во Лил во претходните пет години и постигна 109 гола и 30 асистенции во 232 натпревари.
Одигра 67 натпревари за канадската репрезентација и постигна 36 гола. Српските фудбалери Душан Влаховиќ и Филип Костиќ играат за Јувентус.
Моментално се шпекулира дека доаѓањето на Давид е знак дека раководството на клубот одлучило да го продаде Влаховиќ ова лето.
Останува да се види што ќе се случи во следните неколку дена.
Фото: ЕПА