Свет
Нов специјален претставник на ОН за хуманитарните акции во Пакистан
Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, го назначи Tурчинот Рауф Соисал за нов специјален пратеник за хуманитарните акции во Пакистан.
Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, го назначи Tурчинот Рауф Соисал за нов специјален пратеник за хуманитарните акции во Пакистан. Негова задача ќе биде да ја координира хуманитарната помош за настраданите од катастрофалните поплави во земјата.
Тој ќе го смени од должноста Французинот Жан Морис Рипер, којшто функцијата ја исполнуваше околу една година. Соисел од 2007 до 2009 година бил турски амбасадор во Пакистан.
Според француски дипломатски извори, Рипер во иднина ќе преземе некоја должност во ОН./крај/бг/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Фаворитот за германски канцелар ја исклучува соработката со АфД
Конзервативниот кандидат за канцелар Фридрих Мерц од германските демохристијани (ЦДУ) го потврди своето одбивање да соработува со екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) и покрај вчерашното заедничко усвојување на предлогот на Бундестагот за миграциската политика.
„Луѓето на АфД сега можат да триумфираат како што сакаат, но тоа нема да се случи“, изјави лидерот на ЦДУ, кој многумина го сметаат за иден германски канцелар, за јавната телевизија АРД во средата навечер.
Ден по федералните избори, гласот за АфД „нема да вреди ништо“, тврди Мерц. Оние кои сакаат промена на политиката треба да гласаат за ЦДУ, додаде тој.
Германските пратеници вчера со поддршка на десничарската Алтернатива за Германија (АфД) го прифатија предлогот на Христијанско-демократската унија ЦДУ/ЦСУ за заострување на миграциската политика, што предизвика бурни реакции кај другите партии во парламентот.
Свет
Контролата го прашала пилотот на хеликоптерот „дали може да го види авионот“, помалку од 30 секунди пред судирот во Вашингтон
Во медиумите се појавија детали за последните моменти пред патничкиот авион на Американ Ерлајнс да се судри со воен хеликоптер Блек Хок во близина на националниот аеродром Вашингтон Реган.
Неколку минути пред планираното слетување, контролорите на летање го прашале авионот што доаѓал дали може да слета на пократката писта на аеродромот, објави новинската агенција Асошиетед прес.
Пилотите одговориле дека можат и контролорите му дозволиле на авионот да слета на пистата 33. На помалку од 30 секунди пред судирот, контролорот го прашал пилотот на хеликоптерот дали може да го види авионот.
Контролорот направи уште еден повик до хеликоптерот неколку моменти подоцна. Сепак, дошло до судир.
Податоците пренесени од транспондерот на авионот пред падот покажаа дека авионот во моментот на судирот се наоѓал на височина од околу 120 метри и се движел со брзина од 225 километри на час.
Свет
Израел: Остануваме на планината Хермон, нема да дозволиме непријателите да се зацврстат
Израелските сили, кои зазедоа стратешка позиција во јужна Сирија по падот на Башар ал Асад, ќе останат на врвот на планината Хермон на неодредено време, изјави во вторник министерот за одбрана Израел Кац по посетата на војниците во областа, пишува Ројтерс.
Кац нагласи дека Израел нема да дозволи „непријателските сили“ да се зацврстат во јужна Сирија.
Планината Хермон, масивен планински венец покриен со снег што се протега по сириско-либанската граница, стратешки гледа на Дамаск и околните региони, како и на Голанската висорамнина, која Израел ја зазеде од Сирија за време на Блискоисточната војна во 1967 година.
Израел тврди дека неговите војници зазеле позиции во демилитаризираната зона во Сирија под надзор на ОН и дека некои сили се преселиле надвор од областа. Израелските власти претходно нагласија дека потезите се ограничени и привремени, за да се обезбеди безбедноста на границите на Израел.