Свет
Македонија е пералница на српски валкани пари
Станко Суботиќ-Цане, еден од најпознатите српски транзициски богаташи, е
првоосомничен во акцијата за уништување на шверцот со цигари на српската
полиција, позната како „Мрежа“, а профитот бил перен преку македонски, кипарски
и црногорски фирми, потврдија од Министерството за внатрешни работи на
северниот сосед.
СПОРЕД АКЦИЈА НА СРПСКАТА
ПОЛИЦИЈА
Станко Суботиќ-Цане, еден од најпознатите српски транзициски богаташи, е
првоосомничен во акцијата за уништување на шверцот со цигари на српската
полиција, позната како „Мрежа“, а профитот бил перен преку македонски, кипарски
и црногорски фирми, потврдија од Министерството за внатрешни работи на
северниот сосед.
Неофицијално во Белград потврдуваат дека операцијата била водена со помош на
македонската полиција и со Дирекцијата за спречување перење пари.
– Деталите не ги знам, односно тоа што ме прашувате како биле перени парите
преку Македонија, но можам да кажам дека засега откривме дека околу 40 милиони
евра се испрани од шверц на цигари. Сигурни сме дека кога ќе заврши акцијата
таа сума ќе биде многу поголема – вели Драгана Кајганиќ, портпаролка на
српското МВР.
Во македонското МВР без конкретен одговор.
– Во принцип, ние соработуваме со сите полиции – изјави Иво Котевски,
портпаролот на МВР, на прашањето дали нашите инспектори работеле заедно со
нивните српски колеги.
Ване Цветанов, директорот на Дирекцијата за спречување перење пари, е добро
запознаен со операцијата „Мрежа“.
– Информациите што ги барате од мене се тајна. Не можам ништо да ви кажам –
кратко одговори Цветанов.
Според соопштението на српското МВР, уапсени се Миодраг Завишиќ, поранешен
началник на Центарот за безбедност во Нови Сад, Милан Попивода и Ивана Олујиќ,
кои учествувале во нелегалната дистрибуција на цигарите. Приведени се и
двајцата цариници Небојша Николиќ и Драге Додески, Македонец со српски пасош,
кој останал да работи во Србија по распадот на СФРЈ. Бил отпуштен од работа
поради злоупотреби. Уапсен бил и Мирослав Пешиќ, вработен во претпријатието
„МИА“ од Уб, сопственост на Суботиќ, и Милан Милановиќ Мргуд, поранешен државен
функционер.
На сите им е одреден притвор во траење од 48 часа. Во секој момент се очекува и
апсењето на шефот Суботиќ. Полицијата не можела да го најде во семејната куќа
во градот Уб.
Шверцот се однесува на периодот од 1995 до 1997 година. Суботиќ во тој период
го почнал бизнисот со отворање фришопови на граничните премини со Македонија и
Бугарија, кои работеле во рамките на неговата фирма „МИА“. Суботиќ на српската
јавност и е познат по тоа што се фалел дека знае оти ќе биде уапсен ама не се
плашел.
А.Б.
ВАЦ
критикувани оти работат со Суботиќ
Германскиот медиумски конзорциум ВАЦ, кој поседува неколку дневни весници
во Србија и во Црна Гора, долго време бил на удар на јавноста, но и на свои
вработени, затоа што со Суботиќ ја формирале заедничката фирма „Футура плус“.
Суботиќ бил сопственик на многу киосци во Србија преку кои се продавале
изданијата на ВАЦ. Тој веќе бил на лош глас во Србија поради ова, а се обидувал
фирмата „Футура плус“ да ја прошири и во Црна Гора, но не успеал.
На создавањето на заедничката фирма најмногу се бунтувале вработени во
црногорскиот весник „Вијести“, кој исто така е дел од ВАЦ.
„Време“ вчера се обидуваше да добие коментар од Вернер Хериќ, директор на ВАЦ
за Србија и Црна Гора и воедно прв човек на дневниот весник „Политика“.
Неговата секретарка ни објасни дека тој е на состаноци и дека ќе ја искористи
првата пауза да ни се јави. До затворањето на весникот тоа не се случи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте: Новата арктичка мисија на НАТО е многу значајна
Отфрлајќи ги критиките дека новата арктичка мисија на НАТО е само ребрендирање на постојните активности, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече дека тоа е „многу значајна“ иницијатива.
НАТО предложи нова операција „Арктички стражар“ завчера, која би ги консолидирала заедничките вежби во областа под команда на алијансата.
Сепак, дипломатите и експертите веруваат дека ова е главно комуникациски потег насочен кон смирување на Доналд Трамп, како и одговор на заканата што ја оценуваат како во голема мера претерана.
Руте објасни дека мисијата ќе има „чекор-по-чекор пристап“ и ќе започне со обединување на „постојните вежби и активности“ на алијансата во регионот под една команда за да се утврди „што друго ни треба“.
Врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, адмирал Пјер Вандиер, исто така ќе биде замолен да испита како „најновите иновативни технологии“ можат да се користат на Арктикот.
фото/Depositphotos
Свет
Макрон: Русија е значително ослабена од конфликтот
Францускиот претседател, Емануел Макрон, тврди дека Русија всушност е значително ослабена од конфликтот.
Според него, Русија влегла во рецесија, станала целосно зависна од Кина, има демографски проблем и се соочува со воен неуспех.
Макрон нагласи дека Европејците сега станаа „единствениот извор на воено финансирање“ за Киев, алудирајќи на Соединетите Американски Држави, кои побараа од Европа да ги засили своите напори.
Тој верува дека не може да се постигне мировен договор меѓу Украина и Русија без учество на Европејците.
„Ние ќе бидеме дел од решението и треба да бидеме дел од решението“, рече Макрон. Тој додаде дека токму тоа е причината зошто неговата канцеларија неодамна воспостави контакт со Москва.
foto/Depositphotos
Свет
Тројца скијачи загинаа во лавина на француските Алпи
Тројца скијачи загинаа откако беа однесени од лавина во луксузниот француски алпски скијачки центар Вал д’Изер, изјави за новинарите Седрик Боневие, задолжен за патеките на одморалиштето.
Боневие рече дека една жртва е француски државјанин, додека другите се странци.
Тој додаде дека инцидентот се истражува.
Медиумските извештаи велат дека инцидентот се случил надвор од пистата.
Се чини дека една од жртвите била зафатена од лавина високо на планинската падина, додека другите двајца биле во група од пет скијачи, вклучувајќи и професионален водич, пониско од планината каде што не можеле да ја видат катастрофата што се приближува.
Не е познато што ја предизвикало лавината, рече Боневие.
Метео Франс, националната метеоролошка служба, во четвртокот го стави подрачјето под црвена тревога поради ризик од лавини.
фото/Depositphotos

