Контакт

Македонија

Хорор филмовите – инспирација на серискиот убиец

Објавено пред

Холивудскиот хорор филм „Candyman“ во кој маж со остра рѓосана кука касапи жени, била инспирацијата на Виктор Карамарков, кој своите жртви ги бирал како ликот Расколников од култното дело „Злосторство и Казна“ на Фјодор Достоевски.

dobivaj vesti na viber

Холивудскиот хорор филм „Candyman“ во кој маж со остра рѓосана кука касапи жени, била инспирацијата на Виктор Карамарков, кој своите жртви ги бирал како ликот Расколников од култното дело „Злосторство и Казна“ на Фјодор Достоевски. Осомничениот сериски убиец Виктор Карамарков (28), во неговата населба Ѓорче Петров 2 за соседите од поодамна е познат под прекар од хоророт  „Candyman“- Шеќерко .„Да, многу добро го познавам Виктор или како што уште го викаме „Шеќерко“, по некој си стар хорор филм кој како што велат децата му бил омилен“, вели еден постар сосед на семејството Карамарков. Полициската истрага за убиствата на четирите постари жени, што му се припишуваат на Карамарков, официјално започнала веднаш по првото убиство кое се случи на втори март годинава, под кодно име „Расколников“. Според полициски извори вклучени во истрагата поврзаноста на Виктор Карамарков со култниот лик од делото на Достоевски, излегла на виделина во текот на истрагата, кога било утврдено дека осомничениот сериски убиец има профил на високо интелигентен маж, чиј омилен лик бил Расколников. Соседите на Виктор се единствени во констатацијата дека се уште не можат да поверуваат дека „интелигентното момче кое не газеше на мравка ги извршило грозоморните убиства“. „Подобро дете од Виктор немаше во целата населба. Го држев во своите раце уште како бебе. Го познавам премногу добро и не верувам дека тој можел да ги изврши убиствата“, вели негов близок сосед, кој инсистираше да остане анонимен. Соседите исто така се едногласни дека Виктор се издвојувал од другите деца според високиот степен на интелегенција и почитувањето кон постарите лица. „Целиот негов живот се испретумба по враќањето од војска, кога почна да се дрогира и да краде“, вели анонимен сосед.Тоа време почнале поплаките од соседите, кои пријавувале во полиција дека им недостасуваат предмети од домовите и дворовите, но никогаш доказите не воделе кон Виктор. Близок до семејството раскажува дека во една прилика Виктор се појавил на неговата врата, со здравствена книшка во раката барајки пари за лекување на неговата болна мајка. Измамениот го пуштил Виктор во својот дом и додека му давал симболична сума на Карамарков, тврди дека му украл фото апарат и видео камера. Пријателите на измамениот неколку дена по настанато го барале Виктор низ градот, со цел во најмала рака барем да си го добијат назад снимениот материјал, но разбрале дека камерите биле продадени за „смешна сума“. Виктор често „оперирал“ во градскиот парк во Скопје, каде според очевидци пресретнувал млади лица, физички послаби од него од кои изнудувал пари и предмети кои потоа ги препродавал за да купи дрога. Во еден таков инцидент, Виктор бил претепан од жртвите што имал намера да ги ограби и откако бил приведен од полицијата неуспешно се обидел да избега од полициското комбе. „Таков човек треба да лежи во затвор“ – вели нашиот извор чиј идентитет сакаше да не биде откриен. Се погласни тој период станувале и кавгите со мајка му, за која соседите тврдат дека Виктор ја тепал. „Тврдам дека не е точно оти бил малтретиран од својата мајка. Напротив ми личеше дека таа е жртвата. Се што имаше во домот продаде за да го спаси својот син од дрогата. Три пати го однесе Виктор на лекување  во Центарот за одвикнување од зависности во Кисела Вода“, вели еден од соседите. Истиот сосед додава дека ноќта кога полицијата го уапсила Виктор Карамарков по последното од серијата убиства на постари жени, токму неговата мајка ги повикала Алфите за да го уапсат. Друг сосед вели дека доколку Виктор се развивал во нормално семејство сигурно денес ќе бил научник, а не зависник од дрога и ситен криминалец кој завршил како осомничен сериски убиец. „Со мои очи го имам видено Виктор како се дрогира со иглата в раце. Познати ми се голем број негови кражби, кои ги вршеше со години наназад. Последен пат го видов пред неколку месеци кога дознав дека ретко навраќа дома и преспива во социјалните станови кои неделава беа предадени на социјално загрозените лица“, вели еден од соседите на Карамарков. Индиректна причина за убиствата и целокупното однесување на серискиот убиец Виктор Карамарков, според психологот Станислав Петковски веројатно е осаменоста. „Осаменоста предизвикува такви појави, секоја болка двојно повеќе ја чувствува. Од друга страна растел само со самохрана мајка во специфични околности. Значи немало балансирање помеѓу друг родител. Фактот дека напаѓал постари, немоќни жени, потврдува дека некаде има бес кон женски родител“, појаснува за Макфакс, клиничкиот психолог Станислав Петковски. Според него, убиствата и останатите криминални активности што ги извршил Карамарков, веројатно не би се случиле доколку тој бил опкружен со нормално друштво. „Но еднаш кога ќе се влезе во криминалните води нема враќање“, смета Петковски.„Првото убиство е импресионирачко, сигурно бил шокиран дека воопшто може да го изврши, второто повторно го извршил за да види дали може, додека третото веќе е рутина“, појаснува психологот. Петковски смета дека Карамарков убиствата не ги правел импулсивно, а доколку останел на слобода веројатно ќе продолжел да убива. Имињата на сите извори се познати на редакцијата Макфакс./крај/редакција Макфакс Предходна сторија: Виктор Карамарков е осомничен за четирите убиства Фотографии тука>>



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

„Постои нешто магично во оваа земја“: Проштална порака на Агелер до македонските граѓани

Објавено пред

Американската амбасадорка Ангела Агелер ѝ се обрати на јавноста со отворено писмо по повод завршувањето на нејзиниот тригодишен мандат во земјава, истакнувајќи ја силната поддршка на Соединети Американски Држави и вербата во силата и храброста на граѓаните на Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

Агелер потсетува дека пристигнала во Скопје пред три години како десетта амбасадорка на САД и дека била, и останува, длабоко почестена од можноста да ја претставува својата земја. Таа наведува дека уште на почетокот на мандатот изразила силна вера во македонските граѓани и дека таа вера со текот на времето била потврдена и зајакната.

Во писмото, амбасадорката посочи дека во одредени сегменти е постигнат напредок, а во други останува уште работа.

Агелер потсетува дека 2025 година ја одбележала 30-годишнината од билатералните односи меѓу САД и Северна Македонија и наведува дека заедничката работа донела конкретни резултати во области како економски раст, енергетска независност, судска реформа, инфраструктура, образование, културна заштита и евроатлантска интеграција.

Агелер посебно ја нагласува личната димензија на мандатот, наведувајќи дека низ земјата била примена во училишта, цркви, судници и домови, и дека со граѓаните водела отворени и искрени разговори, дури и кога постоеле несогласувања.

„Постои нешто магично во оваа земја – нејзината неверојатна убавина, нејзината историја, традиции и култури; нејзините противречности и извонредната отпорност и изненадувачкиот хумор на нејзините луѓе наспроти големите предизвици и длабоките загуби. Сето тоа го споделивте со мене, и ја напуштам Северна Македонија со чувство на огромна благодарност за вашата љубезност, за вашата несебична дарежливост и за силата за која знам дека ја имате за да ја надминете секоја пречка што ќе се најде на вашиот пат“, порача.

Во завршната порака, амбасадорката нагласува дека САД секогаш ќе стојат покрај Северна Македонија и ја повторува својата верба во визијата за посилна, побезбедна и попросперитетна земја, целосно интегрирана како евроатлантски партнер и сојузник.

Прикажи повеќе...

Македонија

Променливо oблачно време до сабота, а потоа врнежи од дожд и снег

Објавено пред

Следниве денови ќе носат променливо време со постепено покачување на температурите, проследено со врнежи кон крајот на неделта.

dobivaj vesti na viber

Според прогнозата на Хидрометеоролошката служба, утре на територијата на Македонија ќе преовладува променливо облачно со подолги сончеви периоди. Претпладнево се очекува магла во поедин котлини. Ветрот ќе биде слаб и од променлив правец. Минималните температури ќе се движат од -2 до 2 °C, додека максималните ќе достигнат од 6 до 10 °C.

За главниот град се предвидува променливо облачно со сончеви периоди и можност за магла претпладне. Температурите во Скопје ќе варираат од -1 °C минимална до 7 °C максимална.

Во наредните денови, до сабота времето ќе остане променливо облачно со пораст на дневните температури и појава на магла по одделни котлини. Забележителна промена се очекува од сабота кон крајот на денот, кога ќе започнат локални врнежи од дожд, а на планините од снег.

Неделата врнежите ќе се интензивираат, особено во попладневните и ноќните часови. Во тој период се очекуваат пообилни врнежи, кои на повисоките места ќе преминуваат во снег. Врнежите од дожд и снег ќе продолжат и во понеделник.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Филипче: Искрено верувам во ова што го правам, сакам да бидеме европско општество без корупција

Објавено пред

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на прес-конференција потенцираше дека неговата работа е искрена, се темели на чесни намери и верува доколку граѓаните дадат доверба на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на некој следен циклус на избори да ја предводи владата, Македонија може да биде европска држава без корупција.

dobivaj vesti na viber

„Искрено верувам во ова што го правам. Јас сум човек што работи милиметарски прецизна работа и добро сум пресметал пред да се нафатам да го правам ова, што сакам, која е позадината и што сакам да постигнам. Сакам ова општество да заздрави, да биде исчистено од корупција, да се направат реформите да влеземе во Европската Унија затоа што тоа е стратешката цел“, рече Филипче.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија57 минути

„Постои нешто магично во оваа земја“: Проштална порака на Агелер до македонските граѓани

Американската амбасадорка Ангела Агелер ѝ се обрати на јавноста со отворено писмо по повод завршувањето на нејзиниот тригодишен мандат во...

Македонија7 часа

(Видео) Филипче: Илјада токсични наслови – докази за организиран линч врз мене и СДСМ

Претседателот на Социјалдемократски сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска на прес-конференција истакна дека против него и СДСМ се води координирана...

Македонија8 часа

Од денес извод на родени, починати, венчани или потврда за слободна брачна состојба се вадат со неколку клика

За извод од матична книга на родени, починати, венчани или потврда за слободна брачна состојба граѓаните од денес не мораат...

Македонија9 часа

Групација за производство на цигари: Предложениот закон за заштита од пушење сериозно ќе загрози значајни сегменти од индустријата, бизнис секторот и економијата

Групацијата за производство на цигари, која е дел од Здружението на производители на тутун и производи од тутун во рамките...

Свет9 часа

Ова се земјите што дојдоа да го формираат Одборот за мир на Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го претстави својот Одбор за мир. На церемонијата присуствуваа помалку од 20 земји, а меѓу...

Економија10 часа

РКЕ најави паметни броила – граѓаните од телефон ќе може да ја следат потрошувачката на струја

Задолжително тестирање на критичната инфраструктура, воведување на сет на меѓународни безбедносни правила, секоја енергетска компанија да подготвува одделен буџет во...

Македонија11 часа

Деспотовски: Доста ни е од лагите на сегашното раководство на СДСМ, барам јавно извинување

Јован Деспотовски побара јавно озвинување од СДСМ за упатените навреди кон него и вели дека единствен одговорен за незадоволство помеѓу...

Македонија12 часа

„Кога Венко на нареден прес ќе ја менува Богданка, добро е да одговори зошто би го рушеле преку Шилегов“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Околу внатрешните проблеми на СДС, кланот Дубаи, Венко и Заев, ВМРО-ДПМНЕ нема да се меша. Но, бидејќи СДС и Венко...

Свет13 часа

Руте: Не разговарав со Трамп дали Гренланд ќе остане под Данска

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, доцна синоќа изјави дека на состанокот со Доналд Трамп не било разговарано дали Гренланд...

Свет13 часа

(Видео) Републиканците бараат да им се суди на Бил и Хилари Клинтон за нивната поврзаност со Епштајн

Републиканскиот комитет на Претставничкиот дом на САД препорача поранешниот претседател Бил Клинтон и поранешната државна секретарка Хилари Клинтон да се...

Регион14 часа

Вучиќ: Отсега па натаму, историјата ќе се пишува поинаку

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вчера, на маргините на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, изјави дека е сигурно дека...

Свет14 часа

Откриено е што може да добие Трамп на Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека постигнал рамковен договор со НАТО „во врска со Гренланд“, а според „Њујорк тајмс“,...

Свет14 часа

(Видео) Путин пресмета колку ќе чини Гренланд

Рускиот претседател Владимир Путин се обиде да ја дистанцира Москва од дебатата за Гренланд. „Што ќе се случи со Гренланд...

Македонија14 часа

Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој не се задржува на коловозот

АМСМ информира дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од...

Македонија15 часа

(Видео) Ѓорѓиевски: Додека градот спие, ние сме будни, грижата за граѓаните не познава пауза

Заедно со дежурната зимска служба на Град Скопје, во текот на целата ноќ сме на терен, на улиците и булеварите...

Свет24 часа

Трамп објави договор со НАТО за Гренланд и ги одложи царините за Европа

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека по состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е формирана рамка за...

Македонија1 ден

Мицкоски на средба со сопственикот на компанијата „Фор-ај-џи“, ќе се инвестираат 100 милиони евра во развој на третиот мобилен оператор во Македонија

Премиерот, Христијан Мицкоски, во рамки на форумот во Даовс се сретна со сопственикот на компанијата „Фор-ај-џи (4iG)“, која ќе инвестира...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Нема да го поддржиме законот за „Безбеден град“

Ние сме конструктивна опозиција, но не сме контролирана опозиција, посочи претседателот на СДСМ,  Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање,...

Македонија1 ден

Минчев најави реформа во администрацијата: Нема доживотни функции, нема недопирливи

Министерството за јавна администрација денес ја започна јавната дискусија по нацрт-верзијата на Законот за високи раководители во органите на државната...

Македонија1 ден

(Видео) Ѓорѓиевски: Скопје чисто и проодно, фрлени се 300 тони сол

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави видео од чисти улици и кажа дека се фрлени 300 тони сол. „Скопје,...