Свет
"Макстил" се жали дека плаќа најскапа струја
И покрај тоа што неговиот доскорешен прв човек седи на вицепремиерското место во Владата
И покрај тоа што неговиот доскорешен прв човек седи на вицепремиерското место во Владата
И покрај тоа, оваа компанија зад себе остава уште една успешна година и продолжува да биде лидер на националниот челичен комплекс
НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА
"Макстил" се жали дека користи најскапа струја во Македонија. Тоа што неговиот доскорешен прв човек Минчо Јорданов седи на вицепремиерското место во Владата, во ЕСМ не се посебно импресионирани. Тие сметаат дека "Макстил" плаќа според законот и дека се неоправдани нивните барања за привилегирани цени на електричаната енергија како голем потрошувач.
"Макстил" уште пред поделбата на ЕСМ до компанијата доставил барање за привилегирана цена, каква што користат многу други компании во земјава. Оттаму добил негативен одговор, со образложение дека овој производител на челик е мал потрошувач и не му следуваат вакви поволности.
"Иако имавме доставено барање до ЕСМ за бенефицирана цена на струјата, тоа не ни беше одобрено, со образложение дека ние влегуваме во категоријата мали потрошувачи", изјави вчера Александар Панов, генерален директор на "Макстил". Се размислува да се достави и ново вакво барање, но се чека целосно да се поделат надлежностите меѓу новите делови на ЕСМ.
Дури и вицепремиерот Јорданов вчера се пожали на скапата струја, во неформалниот разговор со новинарите. "Ние сме еден од ретките потрошувачи што користиме најскапа струја. Таа е 70-80 отсто поголема од онаа за населението, а повисока е дури и од увозната струја", рече вчера Јорданов.
Но, скапите киловат-часови не се единствениот проблем со струјата што ја мачи оваа компанија. Имено, во последниве неколку дена "Макстил" не добива доволни количини електрична енергија од МЕПСО, што е причина да мора да работи со 30 отсто намален капацитет. Тоа создава огромни тешкотии за навреме да се реализираат испораките на западните партнери. Објаснувањето за ваквите "рестрикции" биле техничките проблеми со испораката на струја. Она што е уште пострашно, е што од МЕПСО не можеле ниту да прецизираат датум кога ќе завршат овие ограничувања.
Веднаш по ваквите поплаки стигна и известување од МЕПСО, од каде што уверуваат дека овие рестрикции биле неопходни поради испадот на трансформаторот во ТС ,,Скопје 5". Времетраењето на вонредната состојба ќе се знаело по направените анализи од домашни и странски експерти.
Но, и покрај сите препреки, "Макстил" може да се пофали дека зад себе остава уште една успешна година. Фирмата остварила профит од 3,7 милиони евра за првите девет месеци од годинава. До крајот на годината извозот ќе достигне стотина милиони евра, со што "Макстил" ќе продолжи да биде најголем нето-извозник и цврсто да стои на позицијата лидер на националниот челичен комплекс. Компанијата го остварила целосно бизнис-планот и инвестициите, а со тоа и јавно дадените ветувања од минатата година. Во фирмата работат близу 1.000 вработени, со речиси двојно повисоки плати од државниот просек.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

