Македонија
Децата се плашат да пријават семејно насилство
Од вкупно 106 дојави во само осум случаи децата биле тие кои пријавиле насилство, покажува извештајот на Првата детска амбасада Меѓаши, за последните седум месеци, презентиран денеска.
Од вкупно 106 дојави во само осум случаи децата биле тие кои пријавиле насилство, покажува извештајот на Првата детска амбасада Меѓаши, за последните седум месеци, презентиран денеска.
Од вкупно осум пријави од страна на деца, три се однесуваат на семејно насилство, три на институционална злоупотреба и две за проблеми во комуникација.
„Најчесто децата жртви се плашат да ги пријават своите родители бидејќи нивната иднина е неизвесна , сметаат дека подобро за нив е да бидат изложени на постојано семејно насилство отколку да бидат жртви на институционална злоупотреба“, рече извршниот директор на ’Меѓаши’“ , Драги Змијанац.
Тој додаде дека оние кои го пријавуваат семејното насилство се најчесто соседите и роднините.
Како што се наведува во извештајот на „Меѓаши“, второ рангиран е проблемот со прекршување на правата при бракоразводни постапки, па така во периодот од јануари до јули, 17 пријави биле во тој контекст.
„Тоа се најчесто проблеми поврзани со доделување на старателство а притоа не се зема предвид мислењето на детето со кој родител сака да живее. Децата се дополнително жртви бидејќи неволно мораат да остваруваат видување со родителот со кој немаат силна емоционална врска. Нашиот генерален став е дека децата над десет години треба да бидат обврзно прашани со кој родител сакаат да живеат“, рече Змијанац.
Јана Зенговска , психолог во детската амбасада, рече дека има насилство и во воспитно – образовните институции.
„Најчесто граѓаните нé информираат за несоодветно постапување во училиштата и градинките од страна на вработените како и непедагошкиот однос од страна на истите. Од вкупно 6 дојави, 3 се однесуваат на негрижа кон учениците, несоодветно постапување од страна на стручните служби во училиштата“, рече Зенговска.
Првата детска амбасада во изминатите седум месеци постапила со 75 писмени обраќања до соодветни институции.
Змијанац побара од Владата финансиски да овозможи 24-часовна одржливост на СОС телефонската линија и достапност и преку сите фиксни и мобилни оператори, како и хармонизација на постоечкиот број со европскиот шестоцифрен број за поддршка на деца и млади 116 111./крај/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Бутел утре без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
(Видео) Се уриваат дискотеките во Градски парк, ќе се гради нов Луна парк
Старите дискотеки во Градскиот парк во Скопје ќе бидат урнати, а на нивно место ќе се изгради нов Луна парк, најави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Уривањето на дискотеките и расчистувањето на просторот веќе е започнато, а нема најава кога ќе почне изградбата на новиот Луна Парк.
Ѓорѓиевски објави видео на кое, како што вели, се отстрануваат старите бесправно изградени дискотеки, со што локацијата се подготвува за реализација на проектот – изградба на Луна паркот во Скопје.
„Ред мора да има! Се расчистува просторот за изградба на луна паркот. Старите бесправно изградени дискотеки во Градскиот парк заминуваат во историјата. Како што ветив, најдоброто за Скопје“, напиша тој.
Македонија
АХВ нема да постапува по анонимно поднесени претставки
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира физичките и правните лица дека согласно член 62 став 3 од новиот Закон за инспекциски надзор, кој е во сила од 01.01.2026 година, инспекциските служби на АХВ нема да постапуваат по анонимно поднесени иницијативи за спроведување на инспекциски надзор за прашања од делокруг на работењето на институцијата.
Постапувањето по иницијативите кои се уредно поднесени ќе се реализира согласно Процедурата за постапување по иницијативи за инспекциски надзор на АХВ.
Иницијативата може да се поднесе директно до АХВ преку контакт формата Поднесете претставка објавена на интернет страната на Агенцијата, електронски на [email protected], [email protected], како и лично во секоја подрачна единица на АХВ, на соодветен образец за поднесување иницијативи.
„Иницијативата задолжително треба да содржи назив на инспекцијата до која се поднесува, име, презиме и адреса на подносителот, односно, назив и седиште на правното лице, законски застапник или полномошник доколку го има, краток опис на повредата и назначување на субјектот кај кој се бара вршење на инспекциски надзор.
Доколку поднесената иницијатива е нецелосна или нејасна, таа ќе се врати до подносителот кој треба да ја прецизира/дополни во рок кој не подолг од 7 дена. Доколку подносителот не ја дополни иницијативата во определениот рок ќе се смета дека истата е повлечена“, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство.

