Спорт
Болт ќе бара рехабилитација во трката на 200 метри
Фаворитот за титулата светски првак на 100 метри, јамајканскиот атлетичар Усаин Болт, по дисквалификацијата во финалето на СП во Даегу и загубената шанса, рехабилитација ќе бара во трката на 200 метри
Фаворитот за титулата светски првак на 100 метри, јамајканскиот атлетичар Усаин Болт, по дисквалификацијата во финалето на 100 метри на СП во Даегу, и загубената шанса, рехабилитација ќе бара во трката на 200 метри и во штафетната трка 4 х 100 метри.„Му честитам на новиот светски првак и мојот пријател Јохан Блејк и на останатите што освоија медали на 100 метри. Им заблагодарувам на моите фанови кои ми испратија пораки со поддршка. Ми остануваат неколку дена да се концентрирам на квалификациските трки и финалната трка на 200 метра, каде што ќе се обидам да го освојам златото. Исто важи и за штафетната трка“ изјави Болт кој не дозволи дисквалификацијата да му ги расипе плановите за наредните медали кои има шанса да ги освои. крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Хамилтон на заминувањето од Мерцедес на секој од 3.000 вработени му дал ист подарок
Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, во февруари минатата година ја објави својата одлука да го напушти Мерцедес по 12 години соработка и да ја продолжи кариерата во Ферари. 40-годишниот Британец, кој со Мерцедес освои шест шампионски титули по дебито со Мекларен, се натпреварува во Формула 1 од 2007 година.
Хамилтон возењето за Ферари во Формула 1 го опиша како остварување на детскиот сон, а со славниот тим потпиша повеќегодишен договор со плата од околу 50 милиони евра по сезона. Пред да го напушти Мерцедес, Хамилтон на сите 3.000 вработени им поделил подароци.
Според англиските медиуми, Хамилтон го ангажирал познатиот мотоспорт уметник Пол Оз, човекот кој создаде бисти на легендарни возачи како Аиртон Сена, Брус Мекларен, Џејмс Хант… за да создаде ново уметничко дело, слика од неговиот автомобил на ГН на Монако во 2019 година.
Оригиналната слика во масло виси во седиштето на тимот во Бракли, а секој член на персоналот на Мерцедес доби свој отпечаток од уметничкото дело. Самиот Оз го потврди ова во објава на Инстаграм која подоцна ја избриша.
„Сега кога е познато и сите 3.000 вработени во Мерцедес ГП ги добија своите копии од ова, можам да зборувам за тоа. Нарачката ја направи Луис како подарок за заминување за сите во Мерцедес… Потег што покажа големина“, рече уметникот, додавајќи:
„Мојата единствена должност беше да се фокусирам на болидот, а не на Луис, па решив да сликам слика од Монако 2019 година, само неколку дена откако Ники Лауда почина и тимот го обои системот за заштита „хало“ во црвено во негово сеќавање“.
Спорт
(Видео) Марсело замина во пензија
Легендарниот Бразилец, поранешен капитен на Реал Мадрид, Марсело (36), замина во пензија. Во кариерата одигра 721 натпревар,постигна 58 гола, забележа 117 асистенции. Се пензионира како еден од најтрофејните фудбалери во историјата на Реал и со статуст на еден од најдобрите леви бекови во историјата на фудбалот.
Бразилскиот клуб Флуминенсе му го раскина договорот на почетокот на ноември минатата година по инцидентот што се случи неколку дена претходно на мечот со Гремио (2:2).
Имено, тренерот на Флуминенсе Мано Менезес го подготви Марсело да влезе во игра, а потоа во последен момент ја повлече таа одлука и го врати на клупата.
Како што може да се види на видеото, Менезес нешто му објаснува на Марсело, а потоа му се налути и ја откажал замената. Според една верзија на настаните, Марсело му рекол на Менезес да не го „допира“, додека друга верзија на настаните вели дека Марсело одбил да исполни одредени тактички замисли на Менезес. Поради тоа клубот презеде драстични мерки.
Fluminense manager Mano Menezes was ready to sub on Marcelo last night and was in the middle of giving him instructions, when Marcelo told him not to touch him.
So the manager pushed him back on the bench and didn't sub him on anymore. 🤯😂pic.twitter.com/LKqx7yJnt1
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) November 2, 2024
Последниот натпревар го одигра на 26.новември минатата година. Тој одигра 16 минути на пријателскиот натпревар на Флуминенсе против Виторија.
Откако во 2005 година дебитираше за Флуминенсе и постигна гол на тој натпревар, набрзо на 18 годишна возраст потпиша договор со Реал Мадрид. Во клубот остана до 2022 година и со него шест пати ја освои Ла Лига и пет пати Лигата на шампионите, а вкупно со освои 25 трофеи. За Реал одигра 546 натпревари.
Победникот на Купот на конфедерациите во 2013 година со Бразил во кариерата одигра и 10 натпревари за Олимпијакос.
Спорт
УЕФА сака да ги укине продолженијата во европските купови
Европската куќа на фудбалот (УЕФА), сериозно ја разгледува идејата за укинување на продолженијата во нокаут фазата на европските натпреварувања.
Информацијата ја пренесе британски „Гардијан“. УЕФА сериозно ја разгледува идејата за укинување на продолженијата во нокаут фазата на европските купови и, во случај на нерешено по 180 минути фудбал (два натпревари), да оди директно на пенали.
Оваа може да се каже револуционерна промена тешко би можела да се воведе пред 2027 година, кога ќе заврши тековниот циклус на телевзиските права.
Интересно, според последните промени во календарот и воведувањето на нов формат за Светското клупско првенство, кое за прв пат ќе се игра летово, 2027 година ќе биде прво лето кога фудбалерите од елитните клубови ќе имаат нормален одмор.
Натпреварите во нокаут фазата, кога по два натпревари нема победник, со пенали се решаваат практично практично од нивното основање во сезоната 1968/59.