Македонија
Едно лице загина во сообраќајка во Кичево
Едно лице загина, а тројца се повредени во сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу 21:30 часот на раскрсницата на булеварот „Ослободување“ и магистралниот пат Кичево – Охрид во Кичево, соопшти МВР.
Едно лице загина, а тројца се повредени во сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу 21:30 часот на раскрсницата на булеварот „Ослободување“ и магистралниот пат Кичево – Охрид во Кичево, соопшти МВР.
Сообраќајката се случила при судир на голф 3 што го управувал дваесет и четиригодишен кичевчанец и Ауди 100.
Од судирот на лице место загинал шеесет и едногодишниот Реџеп Цифуноски кој управувал со аудито, а со повреди поминале возачот на голфот и двајцата негови сопатници, на дваесетгодишна и осумнаесетгодишна возраст.
Тројцата биле пренесени во болницата во Кичево, но сега се пуштени на домашно лекување. Увидот треба да покаже како настанала сообраќајката и кој ја предизвикал./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

