Македонија
ММФ-Тешко привлекување на инвестиции
Привлекувањето на вложувања за инвестиционата програма на владата од осум милијарди евра би било многу тешко, поради влошување на глобалните
Привлекувањето на вложувања за инвестиционата програма на владата од осум милијарди евра би било многу тешко, поради влошување на глобалните економски текови.
Ова за денешен Утрински весник го оцени канцеларијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Скопје, која и препорача на Владата да се сконцентрира на фискалната политика.
Ургентно е да се направи ново согледување на проекциите на Владата на приходите и на потребите за финансирање во 2009 година, а потоа соодветно да се усогласат плановите за трошење, смета ММФ, додавајќи дека проекциите за приходите и потребите за финансирање во буџетот се преоптимистички.
Вицепремиерот за економска политика Зоран Ставрески соопшти дека најголемиот дел од парите за најавените инвестиции од осум милијарди евра во наредните седум години ќе бидат обезбедени до кредити од меѓународни институции, а само мал дел од буџетски средства.
Ставревски, во својата колумна во весникот Дневник, тврди дека за инвестиционата програма ќе се издвојуваат околу 150 милиони евра годишно од буџетот, а останатите средства ќе се обезбедат од меѓународни финансиски институции, ЕУ фондови, како и учество на приватни инвеститори.
Од друга страна министерот за финансии Трајко Славески вчера соопшти дека во првите два месеци од годинава во буџетот биле прибрани за три проценти помалку средства во однос на истиот период лани.
Потфрлувањето на наплатата на приходите во буџетот од над 390 милиони денари се должи на последиците од економската криза, забавувањето на економската активност и падот на индустриското производство, рече Славески. /крај/ут/дн/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Влен“: Почна вистинското чистење на Скопје од ѓубрето и старата политика
По месеци на давење на градот во лоша миризба, ѓубре, запуштеност и пропаганда, од коалицијата „Влен“ велат дека почнало вистинското чистење на главниот град и општината Чаир. Од партијата наведуваат дека акцијата не се однесува само на улиците, туку и на „целиот менталитет што го остави градот во хаос со години“.
„Мирисот што доаѓаше од контејнерите беше ист како мирисот што доаѓаше од канцелариите на довчерашната власт, власт што блокираше, крадеше и не се грижеше за никого освен за себе“, се наведува во соопштението.
Според „Влен“, граѓаните на Скопје на 19 октомври и 2 ноември ставија крај на оваа ера на политичко загадување.
Во партиското соопштение се додава дека е соборена неуспешната ко-влада меѓу Арсовска, Блерим Беџети и Левица, трио што оставило зад себе кал, долгови и град што се дави во хаос. Од ВЛЕН оценуваат дека оние што сакаа да им наштетат на Ссопјани, особено на Чаир, сега гледаат дека градот можеше да се исчисти и навистина се чисти, без нив.
Во завршниот дел на соопштението се наведува дека денес, Чаир со Изет Меџити на чело дише слободно.
„Улиците се чистат, но пред сè, се отстрануваат последиците од долгогодишните блокади и занемарувањето на чаирчани од страна на градската власт. Ова е чистењето што го чекаше Скопје – чистењето на совеста, одговорноста и старата политика“, порачаа од „Влен“.
Македонија
Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во северозападните и северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 15 степени.
До понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа повремено врнежите ќе бидат поројни и пообилни со услови за појава на грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²). Од вторник ќе има стабилизирање на времето.
Македонија
Ѓорѓиевски објави фотографии од почетокот на акцијата за чистење, поддршка му даде и Мицкоски
Новиот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави фотографии на социјалните мрежи на кои се гледаат десетици камиони и други возила кои ќе го чистат Скопје.
Ѓорѓиевски во неговата изборна кампања вети дека кога ќе стане градоначалник, откако ќе му биде врачен мандатот за 72 часа ќе го исчисти Скопје.
„Започна големата акција за чистење на Скопје! За 72 часа, нашата метропола ќе ја добие свежината и сјајот кој го заслужува. Секој агол, секоја улица, плоштад со заеднички сили ќе бидат чисти. Скопје ќе блесне – уредено и достоинствено, токму како што доликува!“, напиша Ѓорѓиевски.

