Спорт
Манчестер сити се истури врз Барнсли

Во настојувањето да го искористат киксот Тотенхем против Сандерленд, во борбата за четвртата позиција, манчестерските „граѓани“ играчите до врв ја наполнија мрежата на домаќинот
Манчестер сити уште во 7.та минута имаше водство од три гола, со погодоците на Адебајор во 4 (вториот гол го постигна во 45. минута), Белами во 5, Тевез во 7 минута, а прецизни беа и Виеира во 20 и Компани во 58. минута. Флечер во 71. минута успеа само да го постигне почесниот гол за домаќините.Со оваа победа Сити на четвртото место изби со бод предност пред Тотенхем, и до крајот во преостанатите пет кола, вклучувајќи го и меѓусебниот меч во Манчестер ќе водат жестока битка за позицијата за излеза во најсилното европско клубско натпреварување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Балде закрепна од повреда пред ел класико

Фудбалерот на Барселона, Алехандро Балде (21), се опорави од повреда и ќе се биде во конкуренција за натпреварот против Реал Мадрид во недела, објави шпанскиот спортски весник „АС“.
Балде го повреди левиот бутен мускул пред три недели, поради што го пропушти финалето на Купот на Кралот и победата од 3:2 над Реал Мадрид во продолженијата, како и двата натпревари од полуфиналето на Лигата на шампионите каде што Барселона беше елиминирана од Интер.
Според „АС“, Балде нема да биде во почетниот состав на Барселона во недела кога каталонскиот клуб ќе го пречека Реал Мадрид во 35-то коло од Ла Лига, но ќе му биде на располагање на тренерот Ханси Флик.
На четири кола до крајот на Ла Лига, Барселона го пречекува Реал Мадрид со четири бода предност и, доколку не загуби, ќе има отворен пат до освојување на титулата.
Балде одигра 42 натпревари за Барселона во сите натпреварувања оваа сезона, од кои 37 како стартер.
Спорт
Кеш и Дарвин Нуњез за Хулијан Алварез

Англискиот шампион Ливерпул се распрашува за најдобриот играч на Атлетико Мадрид оваа сезона, Хулијан Алварез. Аргентинецот минатото лето пристигна на „Метрополитано“ за сума од 75 милиони евра, плус 20 милиони што Манчестер сити може да ги добие преку потенцијалните бонуси.
Алварез досега одигра 51 натпревар за „јорганџиите“, постигна 27 голови и забележа пет асистенции.
Наводно, Ливерпул е подготвен да го испрати во Мадрид, Дарвин Нуњез и да доплати за да го обезбеди потписот на Алварез.
Спорт
Мекинли Рајт – МВП на АБА-лигата

Кошаркарот на Будуќност, Мекинли Рајт, го доби трофејот „Дејан Милојевиќ“ како најкорисен играч (MВП) од регуларниот тек на АБА лигата.
Американецот победи со 39,1 процент од гласовите пред неговиот клупски соиграч Кенан Камењаш (26,8 проценти) и Брајс Џонс (Игокеа, 23,9 проценти).
Рајт оваа сезона имаше просек од 12,8 поени, 2,4 скока, 4,9 асистенции и една украдена топка.
Претходни победници:
2014/15 Никола Јокиќ (Мега);
2015/16 Миро Билан (Цедевита);
2016/17 Никола Јанковиќ (Олимпија);
2017/18 Лука Жориќ (Цибона);
2018/19 Гога Битадзе (Иднина);
2020/21 Филип Петрушев (Мега);
2021/22 Никола Калиниќ (Црвена звезда);
2022/23 Лука Божиќ (Задар);
2023/24 Лука Божиќ (Задар);
2024/25 Мекинли Рајт (Будуќност).