Надворешна политика
Груевски – Дол: Реформскиот процес да продолжи и опозицијата да се врати во Собранието
Премиерот Никола Груевски во четвртокот оствари средба со претседателот на најголемата Европска народна партија (ЕПП), Жозеф Дол, кој даде силна поддршка на Македонија и изрази очекување за враќање на македонската опозиција во Собранието.
Премиерот Никола Груевски во четвртокот оствари средба со претседателот на најголемата Европска народна партија (ЕПП), Жозеф Дол, кој даде силна поддршка на Македонија и изрази очекување за враќање на македонската опозиција во Собранието.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, на разговорот кој се одржа пред Самитот на европската десница во Брисел, Дол на Груевски му ја потенцирал важноста од продолжување на реформскиот процес во Македонија, и изразил волја лично да се ангажира за поддршка и помош на Македонија во напредување на нејзините европски интеграции.
„На денешната средба со претседателот на најмоќната политичка групација во Европската унија, јас го информирав Дол за состојбите во Република Македонија, вклучително и актуелните состојби поврзани со случајот „Пуч” и деталите околу него. Тој внимателно слушаше и прашуваше за одредени детали и многу се интересираше. Неговото мислење е дека македонската опозиција треба да се врати во Парламентот и таму да се разрешат работите“, изјави Груевски по средбата со Дол.
Според македонскиот премиер, Дол превзел обврска и понатаму да го следи одблиску случајот, да се информира и доколку е потребно и лично да помогне во иднина.
Премиерот Груевски во четврток присуствува на Самитот на Европската народна партија, на кој покрај него се наоѓаат и шефови на партии и политички лидери од европската десница, меѓу кои и претседателите на Европската комисија и на Европскиот совет, Жан-Клод Јункер и Доналд Туск./крај/мф/бс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.