Спорт
Каде беше Адријано се додека не објави пензионирање?

Бразилскиот магазин „Исто Е“ објави сторија за тоа каде се наоѓаше бразилскиот фудбалер од екипата на Интер во сите денови додека јавноста, па и неговиот клуб, не знаеја каде се наоѓа и дали воопшто е жив.
Адријано не се врати во Европа по квалификациските дуели на Бразил за СП 2010, а со денови јавноста беше окупирана со неговото едноставно „исчезнување“. Магазинот открива детали од „приватната истрага“ која ја направи за да го лоцира и следи Адријано, додека другите објавуваа шпекулации околу неговата судбина. Според „Исто Е“, Адријано цело време се наоѓал во местото Вила Крузеиро, северно од Рио де Жанеиро, место каде бил и роден и каде го поминувал детството. Бил сместен во куќата на негов чичко, но главно времето го минувал надвор. Магазинот тврди дека Адријано по цели денови пиел со пријателите и „сомнителните“ момчиња во квартот каде се продава дрога. Одел на забави, играл со непозната девојка, за се ова да го прекине неговата мајка, која успеала да го довлечка во нејзината куќа, од каде Адријано објави пензионирање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Реми во „Дерби дела Мадонина“ во полуфиналето на Купот

Фудбалерите на Милан и Интер одиграа нерешено 1:1 во првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија.
Двата гола беа постигнати во вториот дел, а причина повеќе за задоволство имаат домаќините кои во поголемиот дел од натпреварот беа во подредена позиција.
Милан поведе веднаш штом започна вториот дел. Теми Ејбрахам ја прими топката во шеснаесетникот, се ослободи од играч на Интер и со прецизен удар му донесе предност на својот тим.
Росонерите се обидоа да го сочуваат водството и со минимална предност да го дочекаат реваншот на 23 април, но не успеаја.
Се играше 67. минута кога Хакан Чалханоглу со прецизен и силен удар од околу 20 метри го совлада Мајк Мењон.
Спорт
(Видео) Барселона преку Атлетико до финалето на Купот

Барселона се пласира во финалето на Купот, откако во реваншот во Мадрид го победи Атлетико со 1:0. Првиот меч одигра во Барселона заврши без победник 4:4.
Тимот на Ханси Флик ќе игра во финалето против Реал Мадрид, кој во своето полуфинале беше подобар од Реал Сосиедад.
Ова ќе биде прв пат од 2014 година Барселона и Реал Мадрид да се сретнат во финалето.
Решавачкиот момент на натпреварот се случи во 27. минута кога Феран Торес го постигна единствениот гол.
Финалето е закажано за 26. април на „Картуха“ стадионот во крајот на април во Севилја.
Спорт
(Видео) Лудница во Истанбул – Мурињо го штипна за нос тренерот на Галатасарај

Целосен хаос беше виден по истанбулското дерби меѓу Фенербахче и Галатасарај во Купот на Турција.
Галатасарај победи како гостин (2:1) во четврт-финалето на ова натпреварување, по што имаше голема гужва и тепачка меѓу двата табора.
Најлудиот потег го направи тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо, кој одзади му пријде на колегата Окан Бурук и го штипна за нос.
Стратегот на Галатасарај со гримаса од болка падна на тревата, додека до Мурињо притрча Фернандо Муслера, велејќи му да оди во соблекувалната.
Покрај овој инцидент, по мечот се судрија и играчите на двата тима.
Инаку, Виктор Осимен погоди за Галатасарај во 10. и 27. од пенал, додека единствениот гол за домашниот тим го постигна Себастијан Шимански во втората минута од судиското надополнување на првото полувреме.
— 𝙷𝚊𝚛𝚛𝚒𝚜𝚘𝚗 (@fcbharrison) April 2, 2025