Контакт

Манифестации

„ДримON“ со порака:Самите да се избориме за вистинска култура во медиумите

Објавено пред

Преиспитување на вредносните системи на денешнината, потрошувачка наместо мисла и промисла, улогата на медиумите, агресијата на рекламите во капитализмот, и секако, културата, гледана од повеќе аспекти, манипулацијата преку медиумите, концептот „направи сам“, беа клучните сегменти на кои се задржаа учесниците на последната дебата на Фестивалот за процесирање култура „ДримОN“, која се одржа во саботата пред голем број заинтересирани посетители.
 

dobivaj vesti na viber

Преиспитување на вредносните системи на денешнината, потрошувачка наместо мисла и промисла, улогата на медиумите, агресијата на рекламите во капитализмот, и секако, културата, гледана од повеќе аспекти, манипулацијата преку медиумите, концептот „направи сам“, беа клучните сегменти на кои се задржаа учесниците на последната дебата на Фестивалот за процесирање култура „ДримОN“, која се одржа во саботата пред голем број заинтересирани посетители.

 

Дебатата ја модерираше новинарката и активистка Ана Јовковска, а учесници беа Небојша Вилиќ, Влатко Галевски и Звонко Наумоски, додека публиката, исто така активно се вклучуваше во расправата.

Јовковска даде контекст со тоа што објасни дека влијанието на медиумите креира вредносен систем, но без соодветен систем на филтрација. Зборуваше за медиумите, како алатка, производ на капитализмот.

„Во овој контекст важи „трошам, значи постојам“. Рекламниот тероризам го наметнува тоа преку агресивните светлечки реклами, каде категоријата на вистината се заменува со категоријата на заводливост“, рече Јовковска.

Галевски посочи на тоа дека кога се зборува за култура, треба прецизно да се утврди што е културата во однос на општеството и обратно.

„Културата покажува како изгледа општеството од внатре, а општеството е огледало на културата гледано од надвор. Ова утврдува и одредени правила за тоа како светот гледа на нас и како ние гледаме на нас во однос на културата и медиумите. Ние сме дел од културата, без разлика дали е наша волја или работиме врз нечија волја. Секој поединец има свој став за културата“, кажа Галевски.

Професорот Вилиќ објасни дека целата структура на капитализмот е сведена на тоа како да дојде до субјекот и како ние да се препознаеме како субјекти и да бидеме склони кон трошење:

„Фала богу што немаме многу, па не можеме многу и да трошиме. Културниот шок кој го живееме е токму тоа што од една еманципаторска функција преминавме во рестриктивна функција на општеството“.

Наумоски пак, додаде дека капитализмот секогаш ќе наоѓа нови механизми за потрошувачка.

„Ние постојано сме изложени на некакви реклами и заведувачки инструменти од страна на медиумите. Односот кон културата го интерпретира нашиот однос кон тоа како го интерпретираме општеството“, вели тој.

Учесниците на дебатата се задржаа и на сегашниот проблем дека медиумите речиси и немаат новинари кои се занимаваат со култура, па така и рубриките за култура речиси и не постојат.

Галевски направи паралела во однос на културата во медиумите некогаш и сега.

„Ја имав таа среќа или проклетство да бидам во сите можни медиуми. Не би сакал да правам споредби за некогаш, но со сигурност можам да кажам дека било различно. Во однос на тоа каква култура имаме и консумираме наспроти таа пред 30 години, состојбите се дефинитивно различни на лошо“, рече Галевски.

Наумоски пак, објасни дека тој бил дел од „златното доба“ на македонското новинарство, во годините кога се формираа првите приватни медиуми и кога се појавила потребата да има соодветен простор и за култура. Но, тоа сепак било само одреден, кус период, за потоа тој простор да се сведе едвај на една страница.

„Никогаш не сме успеале да создадеме здрав и зрел културен медиум, трансформирајќи се низ годините, дојдовме до тоа на народот да му се нудат леб и игри кои треба да ги заменат концептите на примање и консумирање култура, секако со чест на исклучоци“, рече Наумоски.

Беше посочен и концептот „Направи сам“, па професорот Вилиќ ги повика младите да се потпрат токму на ова.

„Направете самите ваш медиуми. Користете нови медиуми и обидете се да ги проследувате вашите пораки преку истите, очекувајќи дека некој ќе ги прими. Да не чекаме друг да ни ги заврши работите кога можеме ние и самите“, рече тој.

Наумоски пак, даде и една оптимистичка насока на дебатата:„Се надевам ќе дојде време кога ќе зборуваме за некаква институционална поддржана уметност и независна сцена. До тогаш единствена можност е да бидеме ментално здрави и да создаваме вакви настани како „ДримON“, каде што луѓето ќе имаат простор за буквално сè.“

Содржините од дневните термини на фестивалот, сместени во Паркот на поезијата привлекоа интерес кај јавноста, па се зборуваше з еколошките проблеми кои ѝ се закануваат на Галичица. Најмладите учесници на фестивалот, пак, веќе втор ден креираа и уживаа со работилницата за графити со Цветан Неделковски – Хром. Голем број деца исто така учествуваа и на работилницата со Театарот на сенки „Сенки и облаци“, правејќи самите алатки за ваков вид театар.

Четвртото издание на „ДримON“ се одржува од 27 до 31 јули во Струга и е овозможено со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД)./крај/со/бб

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Полска вечер на „Охридско лето“ со концертот на гудачкото дуо Салвадор

Објавено пред

Полската вечер во рамките на годинешното издание на „Охридско лето“ го носи концертот на гудачкото дуо Емануел и Емилија Салвадор.

dobivaj vesti na viber

За виолинистот Емануел Салвадор специјализираниот магазин „Страд“ пишува дека е еден од најдобрите виолинисти од неговата генерација. Студирал и на Кралскиот колеџ за музика во Лондон. Емануел Салвадор има снимено неколку албуми и реализирано успешни концертни турнеи во Југоисточна Азија, Кина, Јапонија и САД.

Емилија Гох Салвадор како уметник на виола има дипломирано со највисоки оценки на музичката академија „Јан Падеревски“ во Познан во класата на проф. Доминик Рутовски. Во 2008 година го основа гудачкиот оркестар „Балтик Неополис“.

Прикажи повеќе...

Култура

Утре, во Трпејца, почнува 12. издание на манифестацијата „На зајдисонце“

Објавено пред

Во организација на здружението „За Трпејца со љубов“ и под покровителство на Општина Охрид, од утре до 28 јули, 12. пат оваа туристичка населба и гостите ќе дишат во ритамот на новото издание на културно-забавната манифестација „На зајдисонце“.

dobivaj vesti na viber

Утре, четврток, на отворената сцена во Трпејца, од 20.30 часот, во името на покровителот, Општина Охрид, манифестацијата за отворена ќе ја прогласи заменик-градоначалникот Перчо Божиноски.

Приустните ќе може да ја видат изложбата на дела од Интернационалната уметничка колонија, која се одржува во Трпејца, а во музичкиот дел ќе настапат Влатко Броз и диџеј Марама.
В петок во истиот термин публиката ќе може да се запознае со минатото на дел од околината на Трпејца. Младиот Петар Симоноски ќе прикаже видеопрезентација на тема: „Тврдина Осој од VI век“.

Викендот е резервиран за документарни филмови. В сабота навечер публиката ќе го гледа документарно-туристичкиот филм „Трпејца на дланка“, работен по сценарио на Милчо Јованоски.

Следната вечер од 20.30 часот публиката ќе се запознае со Љупчо Паункоски и неговиот документарен филм „Охридските пливачки легенди“.

Неделното утро е резервирано за традиционалната прошетка на домаќините и гостите по патеката Чоколско.

В понеделник, на 24 јули, во Трпејца ќе гостува бендот „3.0“ (три промили), а денот потоа е резервиран за традиционалната кајакарска регата „Номче Митрески“ и натпреварот во пливање.

Вечерта е резервирана за прошетката „Со кајче по езерото“.

В среда, на 26 јули, од 19.30 часот, посетителите на манифестацијата „На зајдисонце“ ќе може да учествуваат на атрактивната трка со куфери по скалинадата во Трпејца.
Час подоцна, ќе следува интересната видеопрезентација „Пчелите ќе го спасат светот“ од Петар Стојаноски од фирмата „Органски природен мед“ од Трпејца.

Претпоследната вечер од културното лето во Трпејца е резервирана за драмското студио „Цвет 75 “ од Охрид, под раководство на Драгана Боцевска. Младите актери ќе ја одиграат претставата „Пепелашка од Охрид“.

На крајот од дванаесеттото издание на „Зајдисонцето“, охридскиот сликар, фотограф и филмофил Ѓоко Симјаноски ќе гостува со изложбата на портрети „Беше еднаш Холивуд“.

Летото во свој стил со пародијата „Дојдете во Трпејца“ ќе го затворат познатата македонска актерка Марија Кондовска и угостителот Марјан Митрески-Мац.

Прикажи повеќе...

Култура

Заврши 57. фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп: „…Медеја“ е најдобра претстава

Објавено пред

Синоќа со врачувањето на наградата за претставата „Се викам Медеја“ (My Name is Medeja) на Народниот театар од Битола за најдобро уметничко остварување во целина заврши 57. фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

dobivaj vesti na viber

Награда за најдобра режија доби Себастијан Хорват, за најдобра главна женска улога – Илина Чоревска, за најдобра музика – Драго Ивануша и за најдобар рекламен материјал – Сашо Илковски.

Скопскиот Драмски театар  и претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ освои 5 наградимеѓу кои и за главна машка улога за Дамјан Цветановски и за најдобра женска епизодна улога за Емилија Мицевска.

Наградени беа и Турскиот театар за претставата „Човек перница“, како и Прилепскиот театар за „Мистерија Буфо“ и на Театарот за деца и младинци, за „Роња, ќерката на ограбувачот“.

Наградата за современа сценска драматизација ја доби Лидија Митоска-Ѓоргиевска за „Мистерија Буфо“.

 Наградата за млад актер „Трајко Чоревски“ ја доби Хакан Даци за улогата на Катуриан во претставата „Човек перница“ во изведба на Турскиот театар од Скопје, копродукција со „Машина продакшн“ и „Пик продукција“. За истата претстава, за улогата на Микаил, актерот Дин Ибрахим ја доби наградата за најдобра машка епизодна улога. Наградата за млада актерка ја доби Матеа Јанковска за Роња во „Роња, ќерката на ограбувачот“ на Театар за деца и младинци од Скопје.

Со свечената вечер со наградените на финалето на „Черондрински“ и со изведбата на „Последниот балкански вампир“ на Дејан Дуковски и Александар Поповски, на Српското народно позориште од Нови Сад, се спушти завесата на годинешниот МТФ „Војдан Чернодрински“, со најава за нова свежина и афирмација на македонската драма вгодина.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија38 минути

Истепал и влечел девојче по улица, кога дошла полицијата, се заканил дека ќе ги нападне со секира и тесла: предложен притвор за 23-годишен велешанец

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка и предложи определување мерка притвор за едно лице осомничено за кривично дело – Насилство...

Македонија47 минути

(Видео) Ако Обвинителството не отвори постапка за Филипче за луксузниот џип, ќе докаже дека работи под негов диктат, вели Мицевски

„Ако ЈО не отвори постапка за Филипче за луксузниот џип, ќе докаже дека работи под негов диктат. Филипче добил луксузен...

Македонија1 час

Мицкоски очекува на 24 јуни Бугарите да го повлечат барањето пред македонскиот јазик и идентитет да стои „сегашен“: Ете им прилика на дело да го покажат она што го зборуваат

Премиерот Христијан Мицкоски нема голема верба во она што го зборуваат Бугарите за спорот околу идентитетот и јазикот оти од...

Македонија1 час

„Граѓаните да не креваат паника, лисиците не се опасни и не напаѓаат луѓе“, апелираат од „Анима мунди“

Во последните неколку дена се појавија видеа за присуство на лисици во подножјето на Водно, во населбата Козле (мајка со...

Македонија2 часа

Данела Арсовска до Орце Ѓорѓиевски: Дај одговори им на скопјани зошто се криеш и лажеш за надлежностите за „Усје“

„Добро утро, Орце Ѓорѓиевски. Незгодно ми е што ти досаѓам, гарант ќе ти преседне утринското кафе со Хрисафов од ‘Усје’,...

Македонија3 часа

Бислимоски ќе побара цената на водата да ја одредува РКЕ место советите на општините за да се намали загубата, која сега изнесува 64 отсто

За да се намали загубата на водата за пиење, која на национално ниво во просек изнесува речиси 64 отсто, неопходно...

Македонија3 часа

Седум години од потпишувањето на договорот од Преспа

На денешен ден, 17 јуни, 2018 година, Скопје и Атина го потпишаа договорот од Преспа, со кој се затвори долгогодишниот...

Свет4 часа

Иран најави нов напад со дронови

Иран предупреди дека бран беспилотни летала ќе го погоди Израел во наредните часови. Висок воен командант најави дека нападите ќе...

Македонија4 часа

Уште еден земјотрес синоќа почувствуван во Охрид и во Струга

Земјотрес со јачина од 2,5 степена според Рихтер синоќа по полноќ го погоди Охридскиот Регион. Потресот е регистриран во 00.48...

Македонија18 часа

Злоупотреба на правото на вето, идентитетски условувања и историски ревизионизам – Сиљановска-Давкова во Тирана за проширувањето на ЕУ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците на Процесот за соработка во...

Свет19 часа

Трамп: Иран требаше порано да преговара

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп на прес-конференција за време на самитот на Г7 во Канада рече дека Иран сака да...

Македонија21 час

Осум македонски државјани најдоцна до утре ќе бидат евакуирани од Израел, 28 побарале помош

Заклучно со денешниот ден, вкупно 28 македонски државјани побарале поддршка за евакуација, соопшти министерот за надворешни работи и надворешна трговија,...

Економија22 часа

Димитриеска – Кочоска ќе го следи поскапувањето на бензините, не кажа дали тоа ќе повлече други поскапувања

Министерката Гордана Димитриеска – Кочоска по денешните најави за поскапување на бензините кажа дека Министерството за финансии ќе ја следи...

Економија1 ден

Се зголемува цената на бензините и на дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Свет1 ден

Иранскиот парламент демантира дека земјата се повлекува од договорот за неширење нуклеарно оружје

Иранскиот парламент денес негира дека разгледува закон за повлекување на Техеран од договорот за неширење нуклеарно оружје (ННП) како форма...

Свет1 ден

Иран се повлекува од договорот за неширење нуклеарно оружје

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеј, денес изјави дека иранскиот парламент подготвува закон за повлекување од договорот...

Македонија1 ден

„За „аудито“ на Филипче од 130.000 евра – повластен третман, за автомобилите на Мирчевски – кривичен прогон“, ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори постапка

„ЈО е селективно во однос на постапките за аудито од 130 000 евра поклон на Венко Филипче од фирмата Зобек...

Македонија1 ден

„Вината за Кочани е во врвот на МВР“, СДСМ бара оставки од Тошковски и од Јанев и кривична одговорност

„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се обидуваа да ја сокријат вистината за Кочани и да ги заштитат полициските функционери...

Македонија1 ден

Серија земјотреси почувствувани во Охрид

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Свет1 ден

Поранешен израелски дипломат: Трамп може да му се јави на Нетанјаху и да му каже – доста е

Алон Пинкас, поранешен израелски дипломат и советник на двајца премиери, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп има моќ да го...