Свет
Русија нема да преговара за заминувањето на Асад
Официјална Москва во петокот ги демантираше наводите на Вашингтон дека разговара за политички промени во Сирија, коишто подразбираат заминување од власта на сирискиот претседател Башар ал-Асад.
„Денеска некаде прочитав дека портпаролката на Стејт департменот Викторија Нуланд, којашто наводно рекла дека САД и Русиај разговараат за политичките промени во Сирија по заминувањето од власта на претседателто Башар ал-Асад“, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, пренесува РИА Новости.
„САД и Русија продолжуваат да разговараат за стратегија за пренесување на власта во Сирија по оставката на претседателот Башар ал-Асад“, пренесоа во четвртокот навечер агенциите дел од брифингот со новинарите на портпаролката на Стејт департментот, Викторија Нуланд.
„Доколку тоа навистина било кажано, тоа е погрешно. Такви разговори не се случиле и не може да се случат. Тоа е во целосна спротивност со нашиот став“, рече Лавров.
„Не сме инволвирани во промената на режимот преку Советот за безбедност на Обединетите нации, ниту во политички заговори“, дополни шефот на руската дипломатија. Во смисла на она што го изјави Нуланд, се толкува и изјавата на Франција.
„На Русите сега не им е до Башар ал-Асад, добро гледаат дека станува збор за тиранин и убиец и дека и тоа самите, врзувајќи се за него, ќе ослабат. Меѓутоа, чувствителни се кога станува збор за тоа кој ќе, доколку Асад биде избркан од власта, кој ќе го рпеземе неговото место. За тоа се разговара“, изјави францускиот министер за надворешни работ Лорен Фабиус за радиото France Inter.
„Ние не сме ни за Асад, ниту за неговите противници. Ние сакаме да се постигне ситуација во којашто ќе биде ставен крај на насилството и нема да дојде до голема граѓанска војна. Тоа е нашата цел во политиката во врска со сириската ситуација“, рече рускиот претседател Владимир Путин, на заедничката прес-конференција со францускиот претседател Франсоа Оланд на 1-ви јуни, по неговата неколкучасовна посета на Париз, а претходно на Берлин каде што меѓу другото за ситуацијата во Сирија разговараше и со германската канцеларка Ангела Меркел.
Истовремено рускиот претседател истакна дека никој не може да го реши прашањето за државното устројство и кој ќе раководи со земјата во името на сирискиот народ, потсетувајќи ги новинарите дека Башар ал-Асад почесто престојувал во Париз отколку во Москва, како и дека претставува заблуда тврдењето дека Кремљ има специјални односи со актуелните сириски власти./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Орбан доби покана од Трамп да се приклучи на мировниот совет за Појасот Газа
Унгарскиот премиер Виктор Орбан добил покана од американскиот претседател Доналд Трамп да учествува во Советот за мир за Појасот Газа, соопшти денеска унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто.
„Премиерот доби покана од американскиот претседател Доналд Трамп да се приклучи на Советот за мир за Појасот Газа. Според нас, оваа покана е признание за унгарскиот премиер, и тој, секако, ќе учествува во работата на тој совет. Премиерот ми наложи да ја информирам американската администрација“, изјави Сијарто, пренесе официјалниот портал на унгарскиот јавен сервис Hirado.hu.
Тој истакна дека мировните иницијативи на Трамп се високо ценети во светот и додаде: „Американскиот претседател претставува надеж за мировниот процес“.
Според Сијарто, Унгарија е заинтересирана за мир на Блискиот Исток, бидејќи безбедносната состојба во регионот има значително влијание врз Централна Европа.
Орбан веќе присуствуваше на церемонијата за потпишување на мировниот договор во Шарм ел Шеик, Египет, на 13 октомври. Советот за мир за Појасот Газа ќе биде задолжен за надгледување на втората фаза од планот за прекин на војната во палестинската енклава.
Свет
Германските војници го напуштија Гренланд
Извидничкиот тим на германската армија Бундесвер го напушти Гренланд по само два дена престој.
Повлекувањето го објавија „Билд“ и „Дер Шпигел“, а информацијата за новинската агенција ДПА ја потврди и портпаролот на германското Министерство за одбрана.
Според „Билд“, кој прв ја објави веста, војниците биле информирани за ненадејното заминување дури утрово.
Свет
Осумте земји на кои Трамп им најави царини поради Гренланд порачаа: Ќе останеме обединети и солидарни со Данска и Гренланѓаните
Осумте европски држави, кои се најдоа на мета на најавените царини од американскиот претседател Доналд Трамп поради поддршката за Данска во врска со Гренланд, во неделата со заедничка изјава предупредија дека таквите мерки носат ризик.
„Заканите со царини ги поткопуваат трансатлантските односи и носат ризик од опасна надолна спирала. Ќе останеме обединети и координирани во нашиот одговор. Посветени сме на заштитата на нашиот суверенитет“, се наведува во заедничката изјава на Обединетото Кралство, Данска, Финска, Франција, Германија, Холандија, Норвешка и Шведска.
Овие осум земји, кои одлучија да испратат свои војници на Гренланд, порачаа дека се подготвени за „дијалог врз основа на принципите на суверенитет и територијален интегритет“, зад кои цврсто стојат.
Тие повторија дека се „во целосна солидарност со Кралството Данска и народот на Гренланд“ и порачаа дека како членки на НАТО се посветени на јакнење на безбедноста на Арктикот – „заеднички трансатлантски интерес“. Во тој контекст, воената вежба на НАТО „Арктичка издржливост“ е одговор на таа потреба и „не претставува закана за никого“.
Од Париз, пак, доаѓа повик за активирање на „економската базука“ на ЕУ. Блиски соработници на францускиот претседател Емануел Макрон изјавија дека Франција бара од Европската унија да го активира Инструментот за борба против присила – механизам што би ѝ овозможил на ЕУ да одговори на економски закани, вклучително и ограничување на пристапот на САД до јавни набавки или трговија во сектори каде што американската страна има суфицит, ако Трамп не се откаже од најавените царини.

