Економија
Унгарската влада прогнозира раст од 1,5 отсто оваа година

Унгарската влада очекува дека економијата оваа година ќе порасне за 1,5 отсто, темелејќи ги најновите проценки врз податоци на БДП во третото тромесечје, изјави денеска заменикот на државниот секретар на тамошното Министерство за економија.
Унгарската влада очекува дека економијата оваа година ќе порасне за 1,5 отсто, темелејќи ги најновите проценки врз податоци на БДП во третото тромесечје, изјави денеска заменикот на државниот секретар на тамошното Министерство за економија.Со тоа е намалена претходната проекција од октомври во која за 2011 година е прогнозиран раст од 1,9 отсто.Унгарското Министерство за економија работи на „планот на раст“ за да загарантира раст од 0,5 отсто во 2012 година, што е нова темелна претпоставка за предлог буџетот, во висина од третина на претходната проценка од септември. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Божиновска и македонска делегација во Тушимице: Како Чешка ги модернизира своите термоелектрани?

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, заедно со претставници од Министерството, делегација од ЕСМ и македонски новинарски екипи, оствари посета на термоелектраната Тушимице во Чешка. Оваа термоелектрана, лоцирана во близина на градот Кадан, е една од најголемите во земјата и има инсталиран капацитет од 800 MW, со четири генерациски единици од по 200 MW.
За време на посетата, делегацијата беше запознаена со процесите на ископување, преработка и согорување на лигнит, кој се добива од локалните рудници Наступ-Тушимице и се транспортира директно до котларницата преку лентов транспортер.
Претставниците на термоелектраната ги презентираа технологиите кои се користат за зголемување на ефикасноста и намалување на емисиите, вклучувајќи и модернизацијата спроведена во периодот 2007–2011 година, со цел продолжување на работниот век и подобрување на еколошките перформанси.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на ваквите посети за размена на искуства и најдобри практики во енергетскиот сектор, особено во контекст на енергетската транзиција и интеграцијата на обновливите извори на енергија. Таа ја нагласи потребата од примена на напредни технологии за намалување на емисиите и зголемување на енергетската ефикасност во термоелектраните во Македонија.
Претставниците на ЕСМ изразија интерес за соработка со чешките колеги во областа на модернизација на постоечките капацитети и имплементација на иновативни решенија за производство на електрична енергија. Новинарските екипи имаа можност директно да се запознаат со функционирањето на термоелектраната, што ќе придонесе за подобро информирање на јавноста за предизвиците и можностите во енергетскиот сектор.
Во периодот од 2007 до 2012 година, Тушимице II беше целосно обновена, што ѝ овозможува работа според најновите европски стандарди до приближно 2035 година, кога се очекува исцрпување на рудникот Либоуш. Ефикасноста на електраната беше зголемена за 6 %, што резултира со заштеда на 14 % од горивото по произведен MWh. Надградената постројка овозможува согорување на јаглен со понизок квалитет од рудникот Либоуш во иднина.
Опремата за десулфуризација на издувните гасови (FGD), изградена во периодот 1994–1997, исто така беше надградена и сега ги исполнува најстрогите стандарди за емисии по 2016 година. Намалувањето на штетните емисии е значително:
Во јуни 2024 година беше објавено дека владата ја одобрила идната санација на рудникот преку негово потопување. Ќе биде создаден резервоар за вода Либоуш по завршувањето на ископувањата во Наступ Тушимице во регионот Хомутов. Според информациите, ископувањето на јаглен би требало да престане во периодот меѓу 2030 и 2040 година.
Оваа посета претставува значаен чекор кон зајакнување на билатералната соработка меѓу Македонија и Чешка во енергетската област, со цел постигнување на одржлив и сигурен енергетски систем.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,08 % во однос на одлуката од 7.03.2025 година.
Од 11.3.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 74,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 76,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 70,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 42,261 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,240 ден/кг и сега ќе изнесува 42,261 ден/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 51,432%, кај дизелот за 4,044%, кај екстра лесното масло е за 3,960% и кај мазутот намалувањето е за 2,791%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,5995%.
Економија
Бојкот на американски производи во Европа поради политиките на Трамп

Движења за бојкот на американските производи добиваат поддршка во Европа како реакција на промените во американската политика, особено во однос на воведените царини за европските производи и политиката кон руската агресија во Украина.
Во Шведска, оваа иницијатива доби посебен замав преку социјалните мрежи. На Фејсбук се формирани групите „Boykot varer fra USA“ со 67.000 членови и „Bojkotta varor från USA“, која брои над 70.000 корисници. Членовите на овие групи повикуваат на бојкот на американските брендови како „Мекдоналдс“, „Кока-Кола“, „Најк“, „Левис“, „Нетфликс“, „Гугл“ и „Ербнб“.
Јаник Кохинур, основачка на групата „Бојкотирам американска стока“, изјави дека овој чекор го презела бидејќи не можела директно да влијае на американските политики, но смета дека со економски притисок може да се испрати силна порака.
„Тешко е, бидејќи речиси сè е под влијание на Америка. Би требало да се бојкотира огромен број производи“, коментира еден од членовите на групата. Друг корисник нагласува дека луѓето при купување ретко размислуваат за потеклото на производите, што го прави бојкотот сложен.
Кохинур, сепак, беше критикувана бидејќи групата ја основала на платформата Фејсбук, која е во сопственост на американскиот технолошки гигант „Мета“. Таа одговори дека во моментов нема подобра алтернатива, но изрази надеж дека ќе се појават нови платформи што ќе им овозможат на активистите поголема независност.