Свет
Во маркетите се продава алпско млеко произведено во БиХ

За првите шест месеци од годинава во земјава се влезени 3 милиони литри млеко од БиХ
За првите шест месеци од годинава во земјава се влезени 3 милиони литри млеко од БиХ
Во скопските маркети може да се набави „алпско млеко“ на „Љубљанске млекарне“ кое, според приложената производствена декларација, е произведено во Босна и Херцеговина, поточно во Тузла, од страна на тамошниот производител „Продхо“, акционерско друштво за преработка и промет со млеко. Исто така, се наведува дека земја на потекло е БиХ. Македонските власти испитуваат дали зад ваквите и слични пратки кои во земјата влегуваат со повластен третман, всушност, се увезува млеко од Словенија, која како членка на Европската унија во трговската размена со Македонија ги нема привилегиите што важат за Босна и Херцеговина. Како што е познато, денеска треба да биде објавено дали Македонија ќе ја спушти рампата за слободниот увоз на босанско млеко. Одлуката ќе биде донесена врз основа на потврдување на сомневањата дека босанското млеко што влегува без царина, всушност, е словенечко млеко, со што се прекршува еден од основните принципи на Договорот за слободна трговија, поврзан со потеклото на производот. Премиерот Владо Бучковски за денеска најави дека треба да стигнат доказите дали се манипулира со увозот на словенечкото млеко, препакувано во Босна.
Според Царината, за првите шест месеци од годинава во земјава се влезени 3 милиони литри млеко од БиХ. Преработувачите на млеко одамна укажуваа на овој проблем и неконтролираниот увоз на босанско млеко, што ја намалува нивната конкурентност на пазарот, но до скоро никој не реагираше.
„Во земјава секој ден влегуваат по 30-40 тони млеко од Босна. Тоа е двојно субвенционирано и при производство и при извоз, што н` става во позиција да се бориме со нелојална конкуренција и полека ја губиме битката“, велат претставниците на млекарите.
За да се докаже потеклото на стоката, постојат неколку начини.
„Проверката на потеклото на млекото може да се направи преку испраќање експертски тим во Босна кој ќе провери колку се произведува млеко таму, колку се увезува, а колку се извезува, па врз основа на тие статистички споредбени резултати, може да се согледа колку од она што се извезува е домашно или увезено млеко. Во секој случај, станува збор за примена на меѓународни стандарди за испитување на потеклото, кои не се косат со никои принципи, а право на секоја држава е да го провери потеклото на стоката и да преземе мерки за забрана доколку се сомнева и потврди дека принципите се прекршени“, вели заменик-министерот за земјоделство, Санде Џамбазовски.
Според податоците на Царинската управа, за три и пол месеци од минатата година увозот од Босна бил зголемен дури за 32 проценти во однос на претходниот период, а трендот на раст на увозот продолжува и оваа година. Според с` уште непотврдени информации, станува збор за увоз на словенечко млеко пакувано во Босна и Херцеговина, кое во Македонија влегува со нула царина. И додека од другите земји од нашето опкружување и ЕУ, имаме дури 30 проценти увозни давачки, само со Босна увозот на млеко не се царини, што е и предвидено со Договорот за слободна трговија. Поради ова, Словенија го пресели делот за полнење, при што своето млеко го полни во босанска амбалажа и го извезува во Македонија без царина. На тој начин, Словенија се ослободува од вишокот млеко без царински давачки, а Македонија се полни со босанско млеко, односно со словенечко, додека кај нас се јавува вишок млеко кое земјава го увезува од Босна.
Според Царината, со ваквата трансакција се доведува во прашање точноста на ЕУР, со оглед на тоа дека правилото за потекло предвидува алпското млеко увезено од Босна да потекнува од алпски крави, кои во Босна ги нема. Царината веќе реагирала и побарала одговор од босанската страна, која, пак, ја потврдила автентичноста на ЕУР-сертификатот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Колона долга околу 700 километри забележана на автопат во Франција

Колона долга речиси 700 километри е забележана денеска на автопат во Франција, додека вкупната должина на сите колони на патиштата во земјата изнесуваше 1.051,6 километри во време на зголемен сообраќаен интензитет поради летните одмори и смената на туристи, што колоквијално се нарекува „Црна сабота“.
Како што извести BFM TV, сообраќајот на патиштата во Франција дополнително бил забавен поради две сообраќајни несреќи на автопатот кон Медитеранот и Атлантскиот Океан.
Според податоците на Bizon Futé, француската агенција за следење на состојбата на патиштата, до 7 часот утрово колоните биле подолги од 200 километри, а до 10 часот веќе надминале 570 километри.
Како што беше соопштено, гужвите се во согласност со прогнозите на агенцијата, која предупреди на „исклучително тешки сообраќајни услови“ за оваа сабота, а врвот на метежот се очекува околу пладне.
Сообраќајот во правец кон Алпите исто така е интензивен и загушен, со задржувања од час и 45 минути во тунелот Мон Блан во правец кон Италија
Свет
Газа: 169 луѓе починаа од глад, над 320.000 деца се соочуваат со акутна неухранетост

Министерството за здравство во Газа денес објави дека уште седум Палестинци, меѓу кои и едно дете, починале од глад и неухранетост.
Новите смртни случаи, регистрирани во последните 24 часа, го зголемија вкупниот број на смртни случаи поврзани со глад од октомври 2023 година на 169, вклучувајќи 93 деца, се вели во соопштението.
Министерството предупреди дека хуманитарната криза во Газа се влошува и повторно апелираше до меѓународната заедница и хуманитарните организации веднаш да интервенираат за да се стави крај на страдањето и да се достави итна помош, пренесува Анадолија.
Заменик-извршниот директор на УНИЦЕФ, Тед Чајбан, денесka изјави дека Газа се соочува со сериозен ризик од глад и дека она што може да се види на терен е „шокантно“.
„Повеќе од 320.000 мали деца се изложени на ризик од акутна неухранетост. Во стабилизацискиот центар во градот Газа , сретнав акутно неухранети бебиња чии тела беа само кожа и коски. Нивните мајки седеа во близина, очајни и исцрпени. Една мајка ми кажа дека нејзиното тело повеќе не произведува млеко затоа што самата е премногу гладна. УНИЦЕФ прави сè што може за да ја реши ситуацијата – поддржува доење, обезбедува формула за бебиња и лекува деца со тешка акутна неухранетост. Но, потребите се огромни по 22 месеци војна и два месеци блокада, која сега е олеснета, но сè уште има влијание, а помошта сè уште не пристигнува доволно брзо или во потребниот обем“ рече Чајбан.
Тој нагласи и дека повеќе од 18.000 деца се убиени во Газа од почетокот на војната, што е во просек по 28 деца дневно.
Свет
Нов земјотрес на Камчатка, регистриран афтершок со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала

Земјотрес со интензитет од 6,1 степен според Рихтеровата скала е регистриран денес на Камчатка, на растојание од 196 километри од регионалниот главен град Петропавловск-Камчатски, соопшти огранокот на Геофизичката служба на Руската академија на науките (РАН) на Камчатка.
Како што е наведено, земјотресот е регистриран на длабочина од 59,8 километри, пренесува РИА Новости.
Директорката на подружницата на оваа служба во Камчатка, Данила Чебров, претходно за агенцијата РИА Новости изјави дека се очекуваат силни, но не и разорни потреси по силниот земјотрес што го погоди регионот на 30 јули.
Според регионалните служби за вонредни состојби, во последните 24 часа се регистрирани околу 146 последователни потреси со јачина помеѓу 3,2 и 6,2 степени, од кои многу се почувствувани, со јачина од 2 до 5 степени според Меркалиевата скала.
Во среда, на 30 јули, Камчатка беше погодена од најсилниот земјотрес од 1952 година, со јачина од 8,8 степени.
По земјотресот, во делови од Русија и низ Тихиот Океан беше прогласена закана од цунами, а населението беше повикано да се држи подалеку од брегот во ризичните области.
Вечерта, предупредувањето беше укинато.