Македонија
Стечајците во вторник ќе го радикализираат протестот
Нема да ги прекинеме протестите и не се откажуваме од нашите барања, но следниот вторник нема да бидеме вака мирни и ќе преземеме порадикални чекори, изјави Љиљана Георгиевски, дел од стечајците кои протестираа.
Нема да ги прекинеме протестите и не се откажуваме од нашите барања, но следниот вторник нема да бидеме вака мирни и ќе преземеме порадикални чекори, изјави Љиљана Георгиевски, дел од стечајците кои протестираа.Полициското обезбедување спречи група стечајци насилно да влезат во владата денеска попладне откако разбраа дека нивните барања се одбиени. Непосредно по објавувањето на веста дека владата ги одби барањата на стечајците, настана метеж при што дел од стечајците се обидоа на сила да влезат во владините простории.Според Драги Јовановски од Сојузот на синдикатите на Македонија, стечајците биле примени од Премиерот Никола Груевски и од скоро сите членови од Владата и од нив добиле дефинитивен одговор дека за стечајците не може да се реши прашањето, со образложение дека тие тоа го немаат предвидено во програмата и не го ветиле на изборите.„Дали и ние имаме право на живот? Работиме по 35 години за оваа држава, ова што ни се случува е голема срамота. Гробиштата се преполнија од луѓе како нас,“ изјави еден од револтираните стечајци по веста дека сеуште нема решение за нивниот статус.„Ќе се обратиме и до претседателот на Македонија и до Собранието на Македонија, а доколку и тие не сакаат да ни помогнат, ќе се обратиме кај сите амбасадори во државата и ќе бараме азил за овие луѓе. Со само 10 до 20 милиони евра годишно, државата ќе го реши статусот на стечајците, но таа очигледно не сака да го стори тоа,“ рече Јовановски.Метежот кој настана по одбивањето на барањата на стечајците набргу беше расчистен, но двајца од стечајците паднаа во несвест, по што со екипи на полицијата и итната медицинска помош беа однесени во Клинички центар.Стечајците во текот на протестот беа посетени од Љубе Бошкоски од Обединети за Македонија и Марјанчо Николов и Цветанка Иванова од СДСМ.Неколку стотина стечајци се собраа денеска пред владата за да го изразат нивното незадоволство од нерешавањето на нивниот статус.Тие бараат лицата кои имаат над 15 години работен стаж и старост над 53 години за мажи и 50 за жени да добијат по 100 евра месечно, односно како што рекоа да дојдат до „пари за леб“./крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски со владина делегација на Светскиот економски форум во Давос
Премиерот, Христијан Мицкоски, придружуван од висока владина делегација, од утре ќе учествува на 56 годишен состанок на Светскиот економски форум (WEF) во Давос, Швајцарија.
Овогодишниот форум, кој се одржува под мотото „Во духот на дијалог“, обединува над 65 шефови на држави и влади, со цел изнаоѓање решенија за најгорливите глобални предизвици.
Премиерот Мицкоски ќе оствари серија билатерални средби со претставници на водечки светски корпорации и финансиски институции, презентирајќи ги поволностите за инвестирање во македонската економија, со посебен фокус на енергетиката и технологијата.
На панел дискусиите поврзани со одржливиот развој, во кои ќе учествува македонската делегација ќе ги презентира стратешките планови за енергетска трансформација и инфраструктурно поврзување на регионот.
За време на самитот, премиерот Мицкоски е предвидено да учествува на затворени сесии за лидери, како и на јавни дебати фокусирани на вештачката интелигенција, енергетиката и новите патишта за економски раст во Европа.
Владината делегација во Давос ќе оствари средби и со високи државни претставници и претставници на меѓународните организации, со цел забрзување на реформските процеси и обезбедување поддршка за клучните национални проекти.
Македонија
(Видео) Роберт Шоповски го фати богојавленскиот крст во Елшани
Жителите на Елшани и годинава традиционално во раните утрински часови го одбележаа големиот христијански празник Богојавление – Водици.
Во 5 часот започна утринската богослужба во селото, на која присуствуваа повеќе стотини жители. По осветувањето на леб и вода, на сред село, во изворските води беше извршен чинот на фрлање на светиот крст.
Среќниот фаќач на богојавленскиот крст годинава беше Роберт Шоповски.
Како спомен на настанот, Шоповски доби пригодни подароци од страна на месната заедница и црквата „Свети пророк Илија“.
Одбележувањето на Богојавление во Елшани продолжи со народен собир и оро на сред село, каде старите и новите кумови послужуваа топла ракија и бонбони. Празнувањата продолжија и во текот на денот со традиционални светојонски трпези кај старите кумови, проследени со песна и игра.
Македонија
Пивтијада на плоштадот во Автокоманда
Денес 19.01.2026 година (понеделник) со почеток во 13:00 часот на плоштадот во Автокоманда ќе се оддржи традиционалната манифестација Пивтијада која општина Гази Баба ја организира 16. година по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици.
Оваа манифестација во себе соддржи музички, хуманитарен и натпреварувачки карактер. Преку купување на пивтии граѓаните ќе донираат за Клиниката за детски болести, а преку декоративно украсени пивтии ќе имаат можност да се натпреваруваат за награда.

