Македонија
Владата ги повикаа партиите да не поентираат на стечајците

Апел до политичките партии да не ја злоупотребуваат категорија на граѓани кои се долгорочно невработени за да освојат политички поени, упати попладнево македонската влада.
Апел до политичките партии да не ја злоупотребуваат категорија на граѓани кои се долгорочно невработени за да освојат политички поени, упати попладнево македонската влада.
Како што соопшти владината прес служба, премиерот Никола Груевски и министрите од економска сфера денеска остварија средба со претставници од групата на невработени лица од компании со доминантен приватен капитал кои протестираа пред Владата.
„На средбата беше образложено дека Владата на Република Македонија во 2008 година донесе закон со кој беше воспоставен процес на исплата на надоместок до повторно вработување на околу 4.200 лица кои останале без работа во компании кои биле со доминантен државен капитал“, се вели во соопштението.
„Воедно Претставниците на Владата изразија жалење за иронијата што одредени политички партии ја злоупотребуваат положбата и вршат класична манипулација на овие невработени лица, посебно заради фактот што во 2006 година Бранко Црвенковски, како тогашен претседател на државата, одби да го потпише законот за стечајци, а денес се јавува како главен душегрижник за судбината на овие граѓани“, стои во соопштението.
Од владата појаснуваат дека во изминатиот период биле преземени низа активни социјални мерки, како поддршка на долгорочно невработените лица, како што е политиката за стимулирање на нивното повторно вработување преку исплата на надоместок за шестмесечна бруто плата на приватната компанија која ќе ангажира такви лица, со обврска да ги задржи на работа најмалку 18 месеци.
Како што соопшти владата, меѓу мерките е и доделување грантови за самовработување во износ од 3000 евра, како и грантови преку кои можат да се формализираат нивните нерегистрирани семејни бизниси, поповолни услови за користење кредити за самовработување, со тоа што за оваа категорија на невработени лица износот на кредитот е поголем за 1000 евра за разлика од останатите, како и обуки на сметка на државата за преквалификација и доквалификација.
Владата презема и други мерки за овие категории граѓани, како што е политиката за заштита од енергетска сиромаштија, за што Законот за брзо време ќе се најде во собраниска процедура и преку кој на најзагрозените категории граѓани ќе им се покриваат трошоците за електрична енергија, а исто така Владата обезбеди и здравствено осигурување за лицата кои не се осигурени по ниеден основ, се наведува во владиното соопштение. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Незадоволството од локалната власт во Куманово достигна точка на вриење, ветувам силна и одлучна битка да го вратиме во рацете на кумановци“, најави Костовски

„Огромна чест ми е да бидам кандидат за градоначалник на нашето Куманово од СДСМ и коалицијата на претстојните локални избори. Му благодарам на раководството и на претседателот Венко Филипче за довербата, и на сите оние кои застанаа зад мене. Ме радува што огромен број граѓани ми ја дадоа поддршката овие денови, што е јасен сигнал дека Куманово бара промени“, напиша на социјалните мрежи, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, Мартин Костовски.
„Незадоволството од локалната власт во Куманово достигна точка на вриење. Работите веќе четири години одат во погрешна насока и тоа знам дека сите вие го чувствувате и гледате. Максим Димитриевски не заслужува реизбор – ги изневери сите ветувања дадени пред граѓаните. Куманово се дави во смет и пропадната инфраструктура, се случува урбанистички хаос кој го креира Димитриевски заради сопствените бизнис интереси. Куманово во 2025 сè уште кубури со вода, а паркинг место нема ни за лек.
Димитриевски ги изневери сите кои гласаа за него. Наместо коректор на власта, стана пион на Мицкоски и тројански коњ кој треба да ја дели опозицијата и СДСМ. Човек кој ги погази сите наводни принципи и молчи пред криминалот на неговите коалициски партнери. Човек кој ведне глава пред патронот Мицкоски. Единствено нешто што Максим добро го прави тоа неговиот бизнис со оние за кои до вчера велеше дека се криминалци.
Куманово може подобро! Ветувам силна и одлучна битка да го вратиме Куманово во наши раце, во раце на кумановци. Ветувам дека ќе одам од човек до човек за да ја пренесам мојата идеја за подобра и пофункционална општина која ќе работи во интерес на сите граѓани на Куманово. Ветувам дека СДСМ во Куманово ќе се обедини и дека СДСМ ќе се врати многу силно! Одиме на победа!“, додаде тој.
Македонија
Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)
Македонија
Без вода делови од Гази Баба и Кисела Вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска ( четврток) поради изведување на водоводен приклучок од ф – 80 мм на ул. Михаил и Евтихиј бр. 33 во населба Кисела Вода, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од ул. Михаил и Евтихиј. ( општина Кисела Вода).
Од таму со соопштение дека поради изведување на водоводен приклучок од ф – 100 мм на ул. 30 во населба Трубарево, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од населба Трубарево. ( општина Гази Баба ).