Македонија
Ќе ги пушти ли Црвенковски пратениците на координација?
Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, за денеска закажа уште една координациска средба на која ги повика координаторите на пратеничките групи и потпретседателите на парламентот, откако во понеделникот претставниците од опозицијата не дојдоа на средбата кај собранискиот спикер.
Тој упати апел до лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, да им дозволи на парламентарците да се вратат во Собранието.
Доаѓањето на пратениците на координација, како што рече тој не мора да значи дека опозицијата го прекинува бојкотот.
Местото на решавањето на политичките недоразбирања и проблеми, според Вељаноски, е законодавниот дом.
Вељаноски вели оти ќе биде упорен во повикот до пратениците од опозицијата да дојдат на координациите.
На координацијата треба да се разговара за важни теми како што се уставните измени, за седницата посветена на пратенички прашања, но и за повеќе закочени проекти поради бојкотот, што се реализираат во соработка со меѓународни организации.
Од опозициската СДСМ немаат официјален став дали денеска ќе го почестат собранискиот спикер со своето присуство./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Првиот вицепремиер Изет Меџити учествуваше на Самитот на иднината во Обединетите нации
Првиот вицепремиер и Министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денеска учествуваше на Самитот на иднината во Обединетите нации. Овој самит собра повеќе од 150 лидери на држави и влади од целиот свет за да разговараат за предизвиците и можностите поврзани со иднината на човештвото.
„Како прв потпретседател на Владата на Република Северна Македонија, учествував на Самитот на Иднината во Обединетите нации, каде заедно со високата државна делегација, вклучително и претседателката Гордана Силјановска Давкова и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, ја претставувавме нашата земја во овој голем глобален настан. Овој самит собра повеќе од 150 лидери на држави и влади од целиот свет за да разговараат за предизвиците и можностите поврзани со иднината на човештвото“, рече Меџити.
Меџити понатаму додаде дека на отворањето на самитот, каде што бил присутен, главниот фокус бил ставен на Пактот за иднината, амбициозен документ кој има за цел да изгради нова рамка за меѓународна соработка и одржлив развој.
„Во овој контекст, ги слушнавме инспиративните говори на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш и на германскиот канцелар, Олаф Шолц, кои ја истакнаа важноста на глобалната соработка за соочување со најголемите предизвици на нашето време“, додаде Првиот вицепремиер.
Пактот за иднината е сеопфатен документ кој се однесува на широк опсег на критични прашања. Вклучува поглавја за човекови права, родова еднаквост, одржлив развој, наука, технологија и иновации, како и дигиталната соработка. Меѓу другото, се истакнува важноста од ангажирање на младите и зачувување на интересите на идните генерации кои се во центарот на трансформацијата на глобалното владеење.
Покрај учеството на овој форум на високо ниво, агендата на Меџити во Њујорк вклучува и серија состаноци со американски сенатори и други политички и економски лидери. „Овие средби ќе се фокусираат на продлабочување на соработката меѓу Северна Македонија и САД во клучните области како зелената енергија, технологијата и одржливиот развој, како и да се разговара за перспективите на нашата земја во меѓународните процеси“, појасни Меџити.
Македонија
Малолетници нападнале врсник во автобус на ЈСП
Малолетник синоќа бил нападнат од двајца други малолетници во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие во Скопје.
„На 21 септември во 19.40 часот во СВР Скопје, П.Н. од Скопје пријавил дека во автобус на ЈСП на подрачје на Шуто Оризари, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца други малолетници“, информираа од МВР во дневниот билтен.
Се работи на расчистување на случајот.
Македонија
Без струја утре делови од општина Кисела Вода
Без струја утре од 8:00 до 14:00 часот ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улиците „Драчево“, „Чучевска“ и „Китка“ во општина Кисела Вода.
Како што соопшти РЦУК-Скопје, прекинот е поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа во Град Скопје.