Контакт

Свет

Говрлевци бараат одговорност за продажбата на светиот рид

Објавено пред

Наместо свикување итна седница на Синодот, поглаварот Стефан замина на одмор во манастир во Романската црква!

dobivaj vesti na viber

Наместо свикување итна седница на Синодот, поглаварот Стефан замина на одмор во манастир во Романската црква!

 

Навидум мирно и полупразно, селото Говрлево, сместено во близина на јужната страна на Водно, жилаво ќе се бори да го врати земјиштето, манастирите и црквата лоцирани на светиот рид. Купопродажниот договор склучен на 6 октомври минатата година меѓу Скопската митрополија на Македонската православна црква и главниот извршен директор на Цементарницата „Усје" (потпишан од протојереј Коста Станоевски и Константинос Дердемезис) за продажба на црковен имот за нив е неважечки и скандалозен, зашто, како што велат, распродажбата на свети места е надвор од умот.

 

Па, сепак, фрапантно но вистинито – она што на Скопската епархија со која раководи поглаварот г.г. Стефан не ч претставува светост, зашто го отуѓи без око да ч трепне, на говрлевци им е важно. Исто како и на светските археолози, кои поради пронајдоците од овој локалитет Говрлево го ставија на светската археолошка карта, а наодите ги вброија меѓу десетте светски археолошки чуда. Пред сж, скулптурата на маж позната како Адам од Говрлево која нашиот археолог Милош Билбија ја откопа во слој земја каде што завршува неолитот и почнува железното време како и Големата Божица Мајка. Артефакти кои буквално ги возбудија светските археолози и не случајно останаа забележани и на „Јаху". За жал, а богами и срам, само пет-шест години подоцна, светиот рид на кој се ископани овие фигури првиот духовник на Македонската православна црква го багателисува. Наспроти Билбија, кој по важните откритија (Адам и Големата Божица Мајка) изјавуваше дека „Бог не можел да ни подари поречовито парче од оваа човеколика земја: ни ги подари оние нејзини делови кои директно ни ја предочуваат духовноста и него", г.г. Стефан ги закити со продажна цена од 204.516 евра! Толку грчкиот бизнисмен, непосредно по потпишувањето на купопродажниот договор, ч исплатил на Скопската епархија за црковниот имот од 17. 776 квадрати на кои се наоѓаат пет манастири и една црква. И сето тоа, како што налага редот, двете страни, уредно го завериле кај нотар во март годинава. За секој случај.

Денес, за говрлевци ова е срамно парче хартија за кое некој треба да си ја плати вината. Да одговара за леснотијата со која, наспроти древните канони, отуѓил сакрални објекти стари 600 години. И тоа како да не било доволно, па продавачот, односно Македонската православна црква, во договорот со кој светиот рид сосе петте манастири и црква му ги даде на грчкиот бизнисмен, дополнително се нагрби. Како што пишува во договорот: „Во случајот на смеќавање на сопственоста на земјиштето и неговото користење, продавачот се обврзува да го застапува купувачот и да го штити од вознемирување од трети лица, бидејќи изјавува дека врз земјиштето што му го продава на купувачот нема никакви товари, ниту, пак, други сопственици". Со нотарскиот договор, исто така, прецизирано е дека „се врши предавање-отстапување на земјиштето и објектот од продавачот на купувачот и тие не можат да бидат во иднина предмет на каква било облигациона или друга постапка од страна на продавачот, а се утврдува Цементарницата „Усје", без дополнителна согласност на продавачот да изврши укнижување на земјиштето во земјишните книги на свое име и во своја сопственост". Небаре не го знае договореното, преку јавниот сервис г.г. Стефан на јавноста и „појасни" дека државата стопанисува со земјиштето, дека таа а не МПЦ го дала на експлоатација!

За ова некој ќе мора да одговара на суд, вели Санде Јовановски од Говрлево. Никој, па и стопати да е владика и архиепископ, не може на своја рака да распродава или дислоцира светости. Работата ќе ја тераме до крај, зашто вакво расфрлање со свети места е невидена работа, смета нашиот соговорник, кој во знак на протест деновиве јавно го искина скандалозниот договор.

Станува збор за парче света земја, на која, според преданијата, спас од болеста уште во шестиот век нашол и Јустинијан Први, ама и неброено многу наши современици, кои секојдневно го посетуваат лекувачкиот извор лоциран во црквата „Св. Кузман и Дамјан". А сега и таа е дел од пакетот кој Скопската епархија молчешкум го отуѓи. „Деновиве ќе побараме прием кај г.г. Стефан, да ни го објасни својот потег, а доколку не нж прими, на протест ќе ги повикаме граѓаните на Македонија и верниците да ни се придружат", објаснува д-р Виолета Толевска, која е подготвена да стори сж за зачувување на парчето земја од кое потекнува. Не е доцна, вели, да го вратиме културното наследство и имотот на кој е лоциран светиот рид, зашто за негово отуѓување не е доволен нечиј лекомислено ставен потпис. Се прашуваме каде со ваква погубна политика МПЦ, во догледно време, ќе ги продаде или дислоцира другите свои цркви и манастири? Затоа очекуваме помош и апелираме на сите здраворазумни членови на Светиот синод, да го поништат договореното и да ја вратат вербата на верниците, порачува д-р Толевска.

Поглаварот Стефан, покрај тоа што се обиде со изјавата преку јавниот сервис да посее магла и да ја пренасочи вината за стореното, денес, како ништо да не се случило, замина на одмор во некој од манастирите на Романската црква. Таму ќе остане во наредните седум-осум дена, надевајќи се во онаа народната: секое чудо за три дена. Но, дали ќе биде така? Говрлевци имаат трпение и нема да отстапат од барањето смена и расчинување на архиепископот Стефан. Трпението ќе мора да ги послужи и владиците на МПЦ, кои затечени од тајната и невидена распродажба на црковниот имот, се подготвени да побараат одговори од првиот меѓу еднаквите. Дали, „случајот Говрлево" ќе помине со бегли одговори од првиот духовник или со санкции адекватни за стореното, на потег ќе бидат архијереите. Говрлевци и стручната јавност немаат дилеми.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Рубио: Израел планираше да го нападне Иран, мораше да извршиме превентивни напади

Објавено пред

Одлуката на Израел да го нападне Иран и сигурноста дека американските сили ќе бидат цел на одмазда ја принудија администрацијата на Трамп да преземе превентивни напади, изјави државниот секретар Марко Рубио, нудејќи ново објаснување за влегувањето на Вашингтон во конфликтот.

dobivaj vesti na viber

Таа логика предизвика поделени реакции меѓу водечките членови на Конгресот кои синоќа го слушнаа првиот брифинг на администрацијата на Трамп откако ги нареди нападите за време на викендот, објави „Гардијан“.

Рубио, директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, и претседателот на Здружениот штаб на вооружените сили, Ден Кејн, им се обратија на пратениците зад затворени врати на Капитол Хил пред гласањето за резолуцијата за воени овластувања. Се очекува резолуцијата да се гласа во Претставничкиот дом подоцна оваа недела.

„Беше кристално јасно дека ако Иран биде нападнат од некого, без разлика дали станува збор за САД, Израел или трета страна, тој ќе возврати со напад и ќе возврати врз САД“, им рече Рубио на новинарите.

„Знаевме дека Израел подготвува акција. Знаевме дека тоа ќе предизвика напад врз американските сили и знаевме дека ако не нападнеме превентивно пред да ги започнат своите напади, ќе претрпиме големи загуби“, додаде тој.

Потпретседателот Џеј Ди Венс синоќа во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека целта на САД е да се осигурат дека „Иран не може да има нуклеарно оружје“.

„Претседателот сака да им испрати јасна порака на Иранците и на целиот свет дека нема да застане сè додека не постигне исклучително важна цел – да се осигура дека Иран не може да добие нуклеарно оружје“, рече Венс, кој беше еден од најсилните противници на воената интервенција во администрацијата на Трамп и зборуваше поретко од Рубио за американските акции во Иран.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Познатата Палата Голестан во Техеран е оштетена, објавени се фотографии

Објавено пред

Делови од Палатата Голестан, единственото место на светското наследство на УНЕСКО во иранската престолнина, беа оштетени во воздушен напад извршен од САД и Израел во текот на ноќта во понеделник, соопшти иранската влада.

dobivaj vesti na viber

Делови од палатата, вклучувајќи дрвени врати, традиционални персиски прозорци познати како орси и делови со украсни огледала, беа оштетени. Штетата ја потврди министерот за културно наследство, туризам и занаетчиство Сејед Реза Салехи Амири за време на посетата во понеделник, 2 март 2026 година.

Тој најави дека ќе биде составен извештај за инцидентот и доставен до УНЕСКО, нагласувајќи дека нападот е кршење на меѓународното право.

Музејските артефакти од Палатата Голестан не беа оштетени бидејќи претходно беа преместени на безбедна локација. Преместувањето се случи по 12-дневната војна во јануари оваа година.

Палатата Голестан е историски комплекс од згради и градини кои датираат од времето на владеењето на шахот Тахмасп I од династијата Сафавид. За време на периодот Занд, палатата кратко служела како резиденција на Карим Кан, а за време на династијата Каџар била значително проширена за да стане дом на кралското семејство во новиот главен град.

За време на ерата на Пахлави, била користена за официјални церемонии и за прием на претседатели и истакнати странски гости. Впишана е на списокот на светско наследство на УНЕСКО во јули 2013 година.

Прикажи повеќе...

Свет

Америка ги повика своите граѓани веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји од Блискиот Исток

Објавено пред

Американското министерство за надворешни работи денес ги повика Американците веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји на Блискиот Исток, вклучувајќи ги Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, поради нападите на САД и Израел врз Иран.

dobivaj vesti na viber

Помошникот државен секретар за конзуларни работи Мора Намдар изјави дека американските граѓани треба да заминат користејќи го достапниот комерцијален превоз „поради безбедносни ризици“.

Предупредувањето дојде откако одделот во последните денови ги ажурираше своите предупредувања за патување за неколку земји во регионот, советувајќи да не се патува. Предупредувањето издадено во понеделник ги опфаќа Бахреин, Египет, Иран, Ирак, Израел, Западниот Брег и Газа, Јордан, Кувајт, Либан, Оман, Катар, Саудиска Арабија, Сирија, Обединетите Арапски Емирати и Јемен.

Амбасадата на САД во Аман, Јордан, претходно во понеделник соопшти дека нејзиниот персонал ја евакуирал локацијата „поради заканата“.

Одделот, исто така, активираше меѓуагенциска кризна работна група за управување со ситуацијата и координирање на одговорот на САД на конфликтот, изјави американски функционер.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет13 минути

Рубио: Израел планираше да го нападне Иран, мораше да извршиме превентивни напади

Одлуката на Израел да го нападне Иран и сигурноста дека американските сили ќе бидат цел на одмазда ја принудија администрацијата...

Свет21 минута

(Видео) Познатата Палата Голестан во Техеран е оштетена, објавени се фотографии

Делови од Палатата Голестан, единственото место на светското наследство на УНЕСКО во иранската престолнина, беа оштетени во воздушен напад извршен...

Свет28 минути

Америка ги повика своите граѓани веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји од Блискиот Исток

Американското министерство за надворешни работи денес ги повика Американците веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји на Блискиот Исток,...

Свет32 минути

Нетанјаху: Војната нема да трае со години

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека американско-израелската војна против Иран може да трае „некое време“, но нема да трае...

Македонија9 часа

Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството

Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го...

Македонија10 часа

„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош

„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“. Ова на...

Топ11 часа

Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош

Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош. Од Министерството за...

Македонија13 часа

Се разгледува можност за евакуација на македонски граѓани од ОАЕ до Саудиска Арабија со автобуси

Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во соработка со властите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Кралството Саудиска...

Македонија15 часа

Наредена ексхумација на уште една жена, можна жртва на 25- годишникот од Малотино осомничен за сериски убиства

Во наредните денови ќе биде направена уште една ексхумација на жена за која постојат сомневања дека е жртва на 25-годишниот...

Македонија15 часа

Недвосмислено ги осудуваме сите напади врз нашите пријатели, велат од МНР и апелираат граѓаните да се воздржат од патувања во поширокиот регион на Блискиот Исток

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека со внимание и загриженост ги следи случувањата во поширокиот регион на...

Македонија18 часа

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари на 26.046 денари нето плата, соопшти министерот за економија, Бесар Дурмиши. Бруто платата за...

Македонија18 часа

Договорите за корупција треба да бидат многу поскапи, потешки и понеисплатливи – антикорупционерите со обука за полицајците

Регионалната иницијатива против корупција (РАИ) денес   во Скопје организираше обука за претставници на полицијата и Министерството за внатрешни работи за проценка...

Македонија18 часа

Трендафилов: Пробуваат на мала врата да ја усогласат минималната плата за 1.600 денари, излегуваме повторно на улица

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, денеска ја напушти седницата на Економско – социјалниот совет, на која...

Македонија19 часа

Засега нема услови за евакуација на македонските државјани од ОАЕ и Катар, се разгледуваат алтернативи за државјаните во Израел

Повеќе од 400 македонски државјани се обратиле до дипломатско-конзуларните претставништва со барање за информации околу можноста за евакуација, додека околу...

Македонија19 часа

По речиси една година од пожарот во „Пулс“, семејствата ќе ги добијат личните предмети на настраданите – телефони, обувки, накит

Одделението за внатрешни работи Кочани информира дека, во врска со трагичниот настан – пожарот во клубот „Пулс“ на 16 март,...

Македонија20 часа

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Левица поднесе кривична пријава против поранешната членка на Антикорупциска комисија Цвета Ристовка поради сторено кривично дело Противправно стекнување и прикривање...

Македонија20 часа

Ахмети со поддршка на САД: Нападите и дестабилизирачките акти на Иран не служат никому

Во овие времиња на предизвици за меѓународниот поредок и безбедност, нашата позиција е јасна и непоколеблива: целосна солидарност со Соединетите...

Македонија20 часа

Мицкоски во разговор со претседателот на ОАЕ: Нашите институции се целосно мобилизирани за навремена помош на македонските државјани

Институциите на државата се целосно мобилизирани и внимателно ја следат состојбата, со подготвеност за навремена помош, поддршка и евентуална асистенција...

Свет24 часа

(Видео) Нови ирански напади: експлозии и сирени во Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби

Иран денес започна голем ракетен и беспилотен напад врз неколку градови во Заливот, вклучувајќи ги Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби...

Свет24 часа

(Видео) Војна меѓу Израел и Хезболах: Бејрут гори, луѓето масовно бегаат, се појавија снимки

Израел утрово изврши тешки воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут, кои се контролирани од Хезболах, откако групата поддржана од...