Свет
Визија на НАТО за противракетна соработка со Русија
Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен смета дека во првата половина на 2011 година Алијансата мора да ја донесе одлуката за практична соработка со Русија на полето на противракетната одбрана
Генералниот секретар на Алијансата, Андрес фог Расмусен на својата интернет страница пишува дека „визијата на Алијансата е да постојат два независни, но координирани системи, кој би работеле интегрирано“ со размена на информации и потенцијален развој на поголема синхронизација.„Русија надвор од секаков сомнеж би знаела дека системот не може да биде употребен против неа, а ние ќе сториме се да и овозможиме транспарентен пристап до противракетниот систем на НАТО“, смета Расмусен и додава дека на тој начин би се избегнало префрлање на безбедност од една на друга страна.„Безбедноста на НАТО е базирана на колективна одбрана. Претпоставувам дека Русија, како силна и независна држава, исто така сака целосна контрола на нејзиниот сопствен одбранбен систем“, вели тој.Останува да се види дали Русија ќе ја прифати визијата на шефот на НАТО за соработка во полето на противракетната одбрана. Руски функционери во повеќе наврати повторија дека соработката не треба да се ограничи само на размена на податоци, туку мора да вклучи и заедничка заштита, при која НАТО би соборувал проектили насочени кон Русија, а Русија би соборувала проектили насочени кон НАТО.Згора на тоа, рускиот претседател предупреди дека ако Русија и НАТО не се договорат за противракетната одбрана, тоа би можело да доведе до нова трка во вооружувањето.Во ноември минатата година, лидерите на НАТО и на Русија во Лисабон се договорија да ги истражат можностите за заедничка изградба на ваков одбранбен систем во Европа. Сепак и двете страни се се уште длабоко поделени околу начините на соработка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Кина: Се спротивставуваме на мешањето во внатрешните работи на Иран
Кина се спротивставува на какво било надворешно мешање во внатрешните работи на Иран, објави кинеското Министерство за надворешни работи, еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Вашингтон ќе преземе „многу силни мерки“ против Техеран.
Портпаролката на кинеското министерство, Мао Нинг, на редовната прес-конференција изјави дека Кина не одобрува употреба на сила или закана со сила во меѓународните односи, коментирајќи ги изјавите на Трамп и повиците до демонстрантите во Иран да продолжат со своите протести.
Трамп им рече на демонстрантите дека „помошта е на пат“.
Свет
Зеленски за Иран: Тие не заслужуваат да постојат
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја поддржа американската позиција за Иран во своето дневно видео обраќање објавено на социјалните мрежи.
„Ја поддржуваме позицијата за Иран: режим кој траеше толку години и уби толку многу луѓе не заслужува да постои“, рече Зеленски.
Исто така, тој додаде дека „промените се неопходни“.
Пораката на Зеленски доаѓа во време кога голем број европски земји ги поканија иранските амбасадори на разговори во знак на протест против смртоносното задушување на демонстрантите.
Од друга страна, воениот непријател на Украина, Русија, инаку сојузник на Иран, го осуди она што го опиша како „субверзивно странско мешање“ во внатрешната политика на Техеран, пишуваат медиумите.
Свет
Францускиот министер за надворешни работи: Гренланд не е на продажба, уцените мора да престанат
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро денес изјави дека Гренланд „не е на продажба“ и ги повика САД да престанат, како што рече, со „уцените“.
„Напад врз друга членка на НАТО не би имал никаква смисла, дури би бил против интересите на Соединетите Американски Држави, и затоа оваа уцена очигледно мора да престане“, рече Баро за RTL.
Тој потврди дека Франција ја поддржува Данска и го најави отворањето на францускиот конзулат на островот на 6 февруари, што го означи како политички сигнал.
„Не ја изгубивме војната, играта не е завршена, топката е во дворот на европските парламентарци“, рече министерот, алудирајќи на дипломатските тензии во врска со Гренланд, објави Ројтерс.
Во истото интервју, Баро ги критикуваше иранските власти за потиснување на демонстрациите низ целата земја, велејќи дека оваа репресија е „најнасилна во модерната историја на Иран“ и дека „апсолутно мора да престане“.

