Контакт

Македонија

За новиот амбасадор Карајанов, се’ е приоритет кога се работи за Косово

Објавено пред

Кога станува збор за Косово, се е приоритет, рече првиот амбасадор во нашиот нов северен сосед, Стојан Карајанов, пред денешната презентација на својата програма пред Комисијата за надворешни работи во Собранието

dobivaj vesti na viber

Стојан Карајанов, знае албански јазик, па тоа нема да му биде проблем во комуникацијата, во извршувањето на своите должности како амбасадор во Косово. Амбасадорскиот ангажман му доаѓа како продолжение на веќе поминатито мандат во Канцеларијата за врски во приштина.„Кога станува збор за Косово се е приоритет, почнувајќи од билатералните односи што треба да ги развиваме како два соседи, што и така се на едно завидно ниво.Ова е само континуитет во работата“, вели Карајанов.Негова задача ќе биде развивање на активностите за соработката во економската сфера, по веќе потпишаниот Договорот за економска соработка со Косово. „Ангажманот ќе биде насочен и во областа на правдата, во областа на трудот и социјалните работи, соработката меѓу двете министерства за внатрешни работи веќе кулминираше со потпишување на Договор. Имаме многу заеднички точки во областа на здравството, во областана одбраната и друго“, вели Карајанов.Новиот амбасадор во Босна и Херцеговина, Рами Реџепи смета дека треба да ги охрабри босанските компании да инвестираат во Македонија, како и да ги засили средбите на највисоко ниво меѓу претставниците на двете земји.„Иако имаме информации дека до сега не е пројавен интерес од босанските компании да инвестираат во Македонија, не значи дека со мојот ангажман, нема да се очекува некоја инвестиција. Напротив, ќе работам на тоа да привлекувам инвестиции“, вели Реџепи.Според него, почесни конзули во Босна и Херцеговина подобро би ја претставиле Македонија.Поинтензивна економска соработка планира и новиот амбасадор во Египет, Миле Манолев, поранешен директор на Управата за цивилна воздушна пловидба, кој смета дека со неговото искуство ќе придонесе во македонско-египетските односи.„Прво треба да почнеме со поинтензивна економска соработка која во изминативе години не беше на завидно ниво“, рече Манолев и додаде, „Имајќи го во предвид искуството со кое располагам и кариерата низ која сум поминал сметам дека за мене претставува голема чест, но и голема одговорност да ја презентирам сопствената држава особено во држава како што е Египет“.Улогата и значењето на Египет, за Манолев се големи, во регионот, како и во рамките на активностите што ги има на Блискиот и на Средниот Исток и на афричкиот континент.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Алијанса за Албанците: ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја оцрни фигурата на Таравари преку клевети и игри со зборови

Објавено пред

Од

Алијансата за Албанците оценува дека ВМРО-ДПМНЕ, заедно со „експериментот ВЛЕН“, се обидува да ја оцрни фигурата на претседателот, д-р Арбен Таравари, преку клевети и игри со зборови, се наведува во реакцијата на Алијанса за Албанците на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„ВМРО-ДПМНЕ и нивните сателити, доколку имаат некакво сомневање или тврдење, нека го докажат. Во спротивно, тоа останува само ниска пропаганда за одвлекување на вниманието од вистината: д-р Арбен Таравари им ги урна мрачните планови против Албанците. Ова можат многу лесно да го направат, бидејќи сите државни институции ги имаат под контрола и имаат целосен пристап до секој официјален документ. Ги повикуваме да се разбудат – тие не се опозиција, тие се власт и држава. Алијансата за Албанците ги повикува, користејќи ги сите надлежности и институции што ги раководат, да презентираат барем една единствена врска помеѓу инвеститорот од Албанија и д-р Арбен Таравари. Или можеби, за нив секој инвеститор од Република Албанија е сомнителен?“, се наведува во реакцијара.

Прикажи повеќе...

Македонија

Вилијам Михајловски, осуден на 14 години затвор, ќе ја води Комисијата за безбедност и правда на Единствена Македонија

Објавено пред

Од

Централниот комитет на Единствена Македонија на дводневната седница во Охрид меѓудругото донесе и неколку кадровски одлуки од своја надлежност.

dobivaj vesti na viber

„Беше избран нов Извршен комитет, а воедно за генерален секретар беше избран Милан Јовчески, а за член на Извршниот комитет беше избран уставобранителот Вилијам Михајловски – Гајда во моментот неоправдано осуден на 14 години затвор за Македонија. Вилијам Михајловски како член на Извршниот комитет ќе ја води и Комисијата на Единствена Македонија за внатрешна безбедност, одбрана, правда и политички затвореници“, соопштија од партијата.

Централниот комитет утврди 29 кандидатски листи за локалните избори, а уште шест се во постапка за утврдување на следната седница на Централниот комитет.

Од партијата соопштија дека е донесена и одлука за кандидат за градоначалник на Град Скопје.

Прикажи повеќе...

Македонија

Османи формира тим во Чаир со задача да донесе милион евра од европските фондови

Објавено пред

Од

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, денес го најави формирањето на специјална Task Force единица посветена на IPA фондовите, со јасна цел – европските средства да дојдат директно во оваа општина.

dobivaj vesti na viber

„Три години бев државен координатор за IPA фондовите. Знам како функционираат овие програми, каде се можностите и кои се луѓето во Брисел што одлучуваат за нив,“ истакна Османи.

Тој додаде дека од денес Чаир има тим со еден единствен мандат: да донесе милиони евра од европските програми директно во општината.

„Ова значи подобри улици, посилни училишта и побогата заедница. Чаир заслужува да биде директно поврзан со Европската Унија и ние тоа ќе го направиме реалност,“ истакна Османи.

Со оваа иницијатива, додаде тој, Чаир стапува на патот на европска интеграција на локално ниво, користејќи ги можностите што ги носат фондовите на ЕУ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

(Видео) „Филипче со лаги за економијата во стилот на Заев – не знае чија е јахтата, ама знае дека ќе коалира со ДУИ“, вели Стојаноски

„Денешната прес-конференција на Венко Филипче е најдобар доказ дека СДС е изгубена во сопствените лаги и дека се обидува со...

Македонија4 часа

Сите ученици ќе имаат учебници на почетокот на новата учебна година, и тоа по сите предмети, велат од МОН

Сите ученици ќе имаат учебници на почетокот на новата учебна година и тоа по сите предмети согласно наставните планови во...

Топ4 часа

МВР со детали за пожарот кај „Зебра“: четири возила зафатени од огнот

Денеска, во 2.05 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на територијата на Центар, било опожарено патничко моторно...

Македонија6 часа

(Видео) Филипче: Со ВМРО-ДПМНЕ на власт основните трошоци се зголемени за 4.300 денари, а минималната платата за 1.800 денари

ВМРО-ДПМНЕ за една година ја доведе државата во најголема економска несигурност што сме ја виделе досега, а граѓаните живеат сé...

Македонија6 часа

„Кандидатурата на Мециновиќ за Скопје е договор на партијата Левица да им помогне на СДС и ДУИ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Јасно е дека кандидатурата на Амар Мециновиќ е дил на Левица за помош на ДУИ и СДС, со математика Орце...

Топ8 часа

Убиство во Кавадарци, тројца уапсени

Денеска во 04:56 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на заден влез од казино на улицата „Никола Минчев“ во...

Македонија9 часа

Муцунски за „Политико“: Државата не е подготвена за уставните измени што ги бара Бугарија без цврсти гаранции од ЕУ дека тоа ќе биде последното такво барање

Во рамки на работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, даде интервју за политичкиот...

Свет10 часа

Макрон до Нетанјаху: Обвинувањата за антисемитизам се навреда за Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон испрати писмо до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во кое остро реагираше на неговите обвинувања дека Париз...

Македонија10 часа

Пожар кај „Зебра“, огнот зафатил возило

Пожар избувнал ноќеска во главниот град во близина на трговскиот центар Зебра. Според последните информации огнот се проширил и зафатил...

Свет10 часа

Премиерот на Канада: Путин се плаши да се сретне со Зеленски

Рускиот претседател Владимир Путин се плаши да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски за да разговара за условите за...

Свет11 часа

Зеленски: Од украинска страна сè ќе биде што е можно поподготвено за да се стави крај на војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека во текот на оваа недела претставниците на таа земја ќе имаат повеќе меѓународни контакти,...

Свет11 часа

Трамп: Нема да има светска војна, но ќе има економска

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека е подготвен да воведе економски санкции врз Русија доколку рускиот претседател Владимир Путин...

Македонија21 час

Министерството за одбрана реагира на соопштението на СДСМ: Лицемерно, со манипулација на факти и со целосно извртување на вистината

„Лицемерно, со манипулација на факти и со целосно извртување на вистината – така се карактеризира соопштението од политичката партија СДСМ...

Свет24 часа

Откриено е што САД ѝ нудат на Русија: „Сакаа да објават ударна вест веднаш по Алјаска“

Американски и руски владини претставници разговараа за неколку енергетски договори на маргините на мировните преговори за Украина што се одржаа...

Свет1 ден

(Видео) Боинг со 250 патници принудно слета во Русија, имаше дефект на моторот

Авион на „Ер Чајна“ што леташе од лондонски Хитроу до Пекинг утрово изврши непланирано слетување во Русија по дефект на...

Македонија1 ден

Влада: Се конкретизираат работите за изградба на третата фаза од пругата од Крива Паланка до границата со Бугарија како и изградба на тунелот како гранична точка

„По средбата на високо ниво меѓу вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и вицепремиерот и министер за транспорт на...

Македонија1 ден

„Не било доволно папаја, манго, аспарагус и други егзотични овошја, Министерството за одбрана набавува кафе и алкохол за 31.000 евра“, велат од СДСМ

„Додека стандардот на граѓаните постојано опаѓа и семејствата едвај врзуваат крај со крај, владата на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжува...

Македонија1 ден

„Народот денес е побогат од времето на СДС, единствена разлика е што нема милиони за Филипче и Заев од државниот буџет“, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„Венко Филипче одамна изгубил чувство за реалноста, очигледно некаде по првиот тендер како министер за здравство, но сега откако беше...

Македонија1 ден

Кривична пријава за градоначалникот на Делчево: вработил лице што исполнувало услови за пензија

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево на 25.08.2025 до ОЈО Делчево поднесе кривична пријава против Г.Т. (54) од Делчево поради...

Македонија1 ден

Алиу: Очекувам објективни резултати од анализата на кардиолошките и на кардиоваскуларните интервенции

Министерот за здравство Азир Алиу утрово одржа состанок со интерната комисија задолжена за изготвување прелиминарна анализа на кардиолошките и на...