Спорт
Платини ќе атакува на нов мандат
Претседателот на УЕФА, Мишел Платини на денешниот конгрес на фудбалското тело во Тел Авив соопшти дека ќе се кандидира за уште еден мандат од четири години како претседател на УЕФА.
Претседателот на УЕФА, Мишел Платини на денешниот конгрес на фудбалското тело во Тел Авив соопшти дека ќе се кандидира за уште еден мандат од четири години како претседател на УЕФА.
Изборот за претседател на УЕФА ќе се одржи на 22 март 2011 година во Париз. Платини за прв пат беше избран за претседател на конгресот во Дизелдорф 2007 година.
„Сосема сум задоволен со мојата позиција како претседател на УЕФА, но сеуште имам многу што треба да се постигне. Имам уште многу цели кои не сум ги достигнал и затоа и ќе се кандидирам на реизборот за претседател“. изјави денеска Платини.
Се уште не е познато кои ќе бидат против- кандидатите на Платини во изборот во 2011 година./крај/гол/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Фиорентина од „белата точка“ до финалето во Конференциската лига
Фиорентина се пласира во финалето на Конференциската лига, откако вечерва во Бриж, против домаќинот одигра 1.1.„Виола“ првиот натпревар го доби со 3.2. Тимот на Винченцо Италијано го повтори успехот од минатата сезона, кога исто така се бореше за трофејот, но не успеа да го освои. Во финалето загуби од Вест Хем со 1:2.
Бриж ја анулира предноста на Фиорентина во 20.минута, кога Де Кујпер го совлада одличниот Терачано.
Куаме потоа ја погоди гредата, а во втроиот дел Бираги од слободен удар ја погоди гредата, а Куаме стативата.
На крајот човекот кој погоди во 92.минута, во првиот меч, Нзонзи избори пенал во 83.минута. Сигурен реализатор беше Белтран.
Противникот во финалето Фиорентина ќе го дознае утре, по реваншот Олимпијакос-Астон Вила. Олимпијакос го доби првиот меч во Бирмингем со 4:2.
Спорт
Ал Келаифи полуде на прашањрто за тренерот: Дали вие го разбирате фудбалот?
ПСЖ не успеа да се пласира во финалето на Лигата на шампионите. Среќата ги напушти „светците“ во натпреварите со Борусија Дортмунд. Во реваншот упатија 31 удар кон голот на Кобел, четири пати ја погодија стативата.
Сезоната, ПСЖ ќе ја заврши само со титулата во домашното првенство, која по доаѓањето на катарските газди се подразбира.
Сепак, со доаѓањето на Луис Енрике, клубот ја смени трансфер политиката. ПСЖ повеќе не ги купува најскапите суперѕвезди, туку се фокусире на собирање супер таленти. Така на реваншот со Борусија имаше тим со просечна старост од 24 години и 157 дена. Тоа е најмладиот тим во полуфиналето на Лигата на шампионите во последните 10 години.
Поради сето горенаведено, претседателот на клубот Насер Ал-Хелаифи полуде на новинарско прашање по испаѓањето од Борусија, каква е иднината на Енрике во клубот.
„Чекај, сериозно ме праша ли тоа? Навистина, дали знаеш нешто за фудбалот и дали воопшто го разбираш? Градиме долгорочен проект со најмладиот тим во Европа. Ни претстои светла иднина. ”
Спорт
Орсато означи крај во Париз и се расплака
Еден од најдобрите судии во светот, Даниеле Орсато, синоќа без грешка го водеше полуфиналниот реванш меѓу ПСЖ и Борусија Дортмунд. Натпреварот заврши со победа на германскиот тим 0:1, а Орсато откако означи крај на натпреварот се расплака.
Орсато (48) повеќе од една деценија суди натпревари од Лигата на шампионите, а во 2020 година го судеше финалето Баерн – ПСЖ. Истата година Институтот за фудбалска историја и статистика го прогласи за најдобар судија во светот. Следната година го водеше полуфиналето на Лигата на шампионите помеѓу Челзи и Реал Мадрид.
Италијанските медиуми открија зошто Орсато плачел.
Натпреварот ПСЖ-Борусија Дортмунд беше негов последен натпревар во европските купови. Тој ќе суди на претстојното евро, а потоа ќе се пензионира.