Свет
Пропаднаа преговорите меѓу војската на бунтовниците и силите на Гадафи

Разговорите кои се водеа меѓу претставниците на вооружените сили на Преодниот националниот совет (ПНС) и силите на соборениот режим на либиската Џамахирија, полковникот Моамер ел-Гадафи, се прекинати, јавува денеска телевизискиот канал Sky News.
Разговорите кои се водеа меѓу претставниците на вооружените сили на Преодниот националниот совет (ПНС) и силите на соборениот режим на либиската Џамахирија, полковникот Моамер ел-Гадафи, се прекинати, јавува денеска телевизискиот канал Sky News.Разговорите се водеа во рамките на најавениот ултиматум даден од страна на силите на либиската опозиција, според кој утврдените сили на соборениот Гадафи во неколку градови, требаше да го положат оружјето. Преодниот национален совет го пролонгираше рокот на ултиматумот за една седмица, за да се избегнат натамошните крвопролевања и разорувања на земјата, и ги почна преговорите со претставниците на силите лојални на Гадафи. По објавувањето на неуспехот на преговорите, командантите на одделни единици на вооружените сили на опозицијата најавија дека ќе почнат со напади врз позициите на силите на поранешниот диктатор пред истекот на ултиматумот. „Нашите формации се на 40-ина километри од градот Бани-Валид, и за неколку часа ние ќе влеземе во градот. Нашето трпени заврши. Ние и онака веќе им дадовме доволно време“, рече Махмуд Абдул Азиз, претставник на востаничките единици кои сакаат да ги нападнат силите на Гадафи.Според непотврдени информации, полковникот Гадафи и неговите приврзаници нашле засолниште во градот Бани-Валид, а не во Сирт, неговиот роден град. Според британскиот телевизиски канал, „трпението исто така е при крај“ и меѓу членовите на Преодниот национален совет коишто очекуваат да истече рокот за ултиматумот за напад на градот Сирт. Од Советот изјавија дека ултиматумот ќе важи до 10 септември, по што револуционерните сили ќе преземат офанзива. До истекот на овој рок, градот во кој се стационирани сили на Гадафи, ќе остане опколен. Во средината на февруари годинава во Либија почнаа масовни демонстрации со кои се бараше повлекување од власта којашто Моамер ел-Гадафи ја имаше во свои раце повеќе од 40 години. Подоцна протестите прераснаа во вооружен судир меѓу владините сили и единиците на опозицијата. Во текот на речиси шестмесечните борби, противниците на режимот на Гадафи успеаја да воспостават контрола врз целата територија на Либија. Пресвртниот момент во борбата против Гадафи се случи во третата седмица на август, кога бунтовничките сили со поддршка од воздух на НАТО, го презедоа либискиот главен град Триполи. Судбината на Моамер ел-Гадафи сé уште не е позната. Дел од неговото семејство пребега во Алжир. Во февруари, во источниот град Бенгази, втор по големина град во Либија, беше формиран преодниот Национален совет, кој се прогласи за единствен легитимен орган во земјата. Советот досега го признаа околу 60 земји во светот/крај/сн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Се урна покрив на супермаркет во Германија, двајца се тешко повредени

Две лица се тешко повредени, а уште двајца се со полесни повреди при делумно уривање на покрив на супермаркет во Лаухринген, Југозападна Германија, во близина на границата со Швајцарија, соопшти полицијата, пренесува ДПА.
Инцидентот се случил вчера околу 17:45 часот по локално време во делот на супермаркетот каде се наоѓала контролната сала, во квартот Валдшут.
Причините за уривањето се уште се истражуваат, а не е познато колку купувачи биле во продавницата во моментот на несреќата.
Свет
Руските сили извршија нов масовен напад врз повеќе региони во Украина, меѓу загинатите е и бебе

Руските сили ноќеска извршија нов масовен напад врз повеќе региони во Украина, меѓу кои и главниот град Киев, каде е погодена главната зграда на украинската влада. Во нападот, како што соопштија утрово украинските власти, убиени се три лица, меѓу кои и едно бебе.
Според извештатите, Киев бил цел на напади со беспилотни летала и ракети истрелани од Русија, а покрај убиените, во нападот се повредени и 18 лица, а десетици згради биле опожарени.
Ова е првпат зграда на украинската влада да биде оштетена во руски напад од почетокот на војната.
Свет
Зеленски тврди дека речиси 60 проценти од оружјето што го користи украинската армија се произведува во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави синоќа дека речиси 60 проценти од оружјето што го користи украинската армија се произведува во Украина. Тој, во своето редовно вечерно обраќање до нацијата, додаде дека ова претставува надминување на целта што ја поставил пред два месеца.
– За време на војната, Украина стигна до тоа речиси 60 проценти од оружјето што е во рацете на нашите војници да биде украинско производство, рече Зеленски во видеообраќањето.
– И тоа се моќни оружја, со низа модернизации, нагласи тој.
Зеленски и други украински претставници со месеци го истакнуваат напредокот во домашното производство на оружје како клучен фактор за идната одбрана на земјата.
Во обраќањето тој се осврна и на заедничкиот проект за производство на оружје со Данска. Во јули, Зеленски го повика новото владино раководство да обезбеди најмалку 50 проценти од оружјето за армијата да се произведува во Украина.
Тогаш тој наведе дека украинското производство обезбедува околу половина од оружјето на армијата – највисоко ниво од прогласувањето на независноста на земјата во 1991 година.