Македонија
„Њујорк тајмс“ ја препорача Македонија како топ дестинација
																								
												
												
											Македонија е на списокот на угледниот весник „The New York Times“, како дестинација која не смее да се пропушти во 2010. година. На списокот од 31 место, објавен во сабота во електронското издание на весникот, Македонија се наоѓа на 21.место.
Македонија е на списокот на угледниот весник „The New York Times“, како дестинација која не смее да се пропушти во 2010. година. На списокот од 31 место, објавен во сабота во електронското издание на весникот, Македонија се наоѓа на 21.место. Како репрезенативна локација е презентирано Охридското езеро, за кое се вели дека е едно од најдлабоките езера на планетава, со блескави води и прогласено за Светско културно наследство на УНЕСКО. „Охридското езеро во Македонија е локална топ дестинација за одмор, подготвено за поголема меѓународна слава.“, пишува меѓу другото коментаторот на „The New York Times“. Во написот се споменува извонредно богатата историја на градот и езерото, особено големиот број цркви и манастири „за секој ден од годината по една“, живописани со фрески, мозаици и икони. Одбележана е и реконструираната езерска неолитска населба. Како важни локации се споменуваат обновениот храм посветен на Свети Климент Охридски и Свети Пантелејмон на Плаошник, за кои се вели дека се „епски ремек-дела на 13-от век“, како и манастирот Свети Јован Канео, изграден од варовник и тула. Високото котирање на листата на најпосакувани туристички дестинации, весникот го образложува со перспективите што ги има Охрид, при што се наведуваат инвестицијата од 50 милиони долари за реновирање на Охридскиот аеродром кое е планирано за 2010 г., што ќе овозможи повеќе меѓународни летови, како и изградбата на шест нови луксузни хотели, за што се предвидени 33 милиони долари. „Туристички атракции се плажите во Охрид, кои од минатата година беа уредени и опремени за потребите на современиот туризам“, се вели во текстот. Исто така, се наведува и дека определбата на владата да вложува во археолошките ископувања околу езерото, дава резултати во „редовно откривање на археолошките богатства, како што се гробовите откриени минатиот јули, кои датираат од петтиот век“, а авторот додава дека туристите неизоставно мора да го видат и Музејот на вода, кој е реплика на населба од бронзеното доба. Инаку, Охрид на оваа престижна листа е во друштво на ексклузивни туристички места, како што се плажите на Шри Ланка, норвешките фјордови, Катманду во Непал, јужноафриканскиот планински масив кај Кејптаун, годинешнава светска изложба Експо во Шангај, скијачките терени во Карпестите планини во Колорадо, австрискиот монденски ски-центар Кицбил, експедиции на Арктикот, малезиската престолнина Куалалумпур итн. /крај/форум/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
																	
																															Македонија
Без струја делови од Сопиште, Петровец и Гази Баба
														Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од дел од с.Долно Соње.(Општина Сопиште)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Горно, Средно и Долно Коњари. (Општина Петровец)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Чифлик. (Општина Сопиште)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Катлановска Сушица. (Општина Петровец)
· од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Вера Вучкова Жежељ, во нас. Хиподром. (Општина Гази Баба)
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
														Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно претпладне со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Во среда и четврток ќе преовладува претежно стабилно време, а нови локални врнежи од дожд повторно се очекуваат во петок и во деновите од викендот.
Македонија
Во Битола по 67 пат одржана традиционалната Ноќна атлетска трка
														Во рамките на одбележувањето на 4 Ноември, денот на ослободувањето на Битола, на Широк Сокак се одржа традиционалната Ноќна атлетска трка, во организација на Сојузот на спортови на Битола, со поддршка на Општина Битола.
Оваа манифестација, која се одржува по 67-ми пат е најстарата спортска манифестација во Битола. Годинава учествуаа над 700 учесници, основци, средношколци, студенти, граѓани и ветерани. Натпреварите се одвиваа во 24 категории, во машка и женска конкуренција.
Дел од наградите на најдобрите натпреварувачи им додели градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, кој истакна дека манифестацијата претставува симбол на спортскиот дух и заедништвото на битолчани.
„Горд сум што во очи денот на ослободувањето на Битола можеме да ја прославиме спортската традиција на нашиот град. Ноќната трка е симбол на упорност, младост и љубов кон Битола. На сите учесници им честитам на храброста и ентузијазмот, а на победниците им посакувам уште многу успеси,“ рече Коњановски.

