Свет
Две лица загинаа во напад на верски празник на Тајланд
Група вооружени напаѓачи отвориле оган врз толпата за време на годишниот фестивал на верски храм во тајландската провинција Сура Тани. Две лица загинаа а 11 се повредени, јавува во понеделникот Bangkok Post повикувајќи се на локалната полиција
Нападот се случил во понеделникот наутро, а во него биле вклучени најмалку шест напаѓачи. Тие пристигнале на местото на верската прослава со автомобилот истрелале врз претставникот на провинциските власти на Сура Тани, Сонгвута Нопакхуна.Провинцискиот службеник загинал од здобиените рани, а втората жртва од нападот е петгодишно девојче кое починало на пат за болница.Тајландската полиција соопшти дека ги испитува околностите на нападот. Според првичните сознанија, нападот може да биде поврзан со конфликтот меѓу претставници на или поради лична нетрпеливост. Други детали не се соопштени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Полјачка на миса за Меди МекКан: „Јас сум Меди. Не сум лажга. Направете ДНК тест“
Родителите на Медлин МекКен вчера вечерта не беа на бдеењето одржано по повод 17-годишнината од исчезнувањето на девојчето. Меѓутоа, на богослужбата се појавила една млада Полјачка која тврди дека таа е киднапираната Меди.
Кејт и Гери МекКен испратија порака до присутните, која ја прочита пречесниот Роберт Гладстон: „Жал ни е што не можеме да бидеме со вас вечерва. Ви благодариме што се здруживте. Поминаа 17 години откако беше киднапирана. тешко е да се поверува дека помина толку долго време“.
На бдеењето присуствувала Џулија Вендел (22), која тврди дека таа е ккиднапираната Медлин. Во рацете држела писмо кое имала намера да им го предаде на родителите на киднапираното девојче. „Јас сум Медлин МекКен. Никогаш не престанав да верувам во тоа. Дојдов овде да ги замолам Кејт и Гери да направат ДНК тест”, рекла таа по мисата, а пренесува Дејли Мејл.
„Тие не направија ништо за да докажат дека не сум нивна ќерка. Не, не сум луда. Не сум лажгоа“, додала таа. Во селото Ротли се одржа бдение. Семејството МекКен и понатаму се надева дека нивната ќерка, која сега би имала 20 години, е сè уште жива.
Германската полиција, од друга страна, смета дека Меди е убиена и има намера да го обвини Кристијан Брукнер за злосторството. На осудениот педофил моментално му се суди за пет неповрзани силувања и сексуални престапи.
Во февруари минатата година, Џулија на социјалните мрежи објави под нејзиното корисничко име „@IamMadeleineMcCann“ дека таа е исчезнатото девојче. По ДНК анализата било утврдено дека таа на никаков начин не е поврзана со Медлин. Но, Џулија вчера инсистираше дека таа е Медлин МекКен и дека тоа ќе го докаже.
Свет
Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина
Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека издавањето налог за апсење од страна на Русија за претседателот Володимир Зеленски е „доказ за очајот на руската државна машина и пропаганда“, пишува „Украинска правда“.
„Руските извештаи за наводното додавање на украинскиот претседател Володимир Зеленски на потерницата на руското Министерство за внатрешни работи го покажуваат очајот на руската државна машина и пропаганда. Русите не знаат што друго да измислат за да привлечат внимание“, посочија Украинците. надвор.
„Ги потсетуваме сите дека, спротивно на безвредните руски најави, налогот на Меѓународниот кривичен суд за апсење на рускиот диктатор Владимир Путин под обвинение за воени злосторства е реален и спроведлив во 123 земји“, додаваат тие.
Русите не го прецизираа написот врз основа на кој е издаден налогот за апсење на украинскиот лидер. „Володимир Александрович Зеленски, 25 јануари 1978 година. Се бара според членот од Кривичниот законик“, стои во базата на податоци на веб-страницата на руското Министерство за внатрешни работи.
Базата на податоци го наведува и местото на раѓање на бараното лице, градот Кривиј Рих во регионот Дњепропетровск. Објавена е и фотографија од Зеленски, направена пред војната.
Свет
НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна
Четиримесечните воени вежби на НАТО во близина на границите на Русија, наречени „Непоколеблив бранител“ се доказ дека алијансата се подготвува за потенцијален конфликт со Русија, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Захарова неделава ги отфрли обвинувањата на НАТО дека Русија води хибридна војна против нејзините членки, тврдејќи дека тоа е дезинформација со цел да се одвлече вниманието од активностите на алијансата.
НАТО е тој што води хибридна војна против Русија, поддржувајќи ја Украина со оружје, разузнавачки информации и финансии, рече таа.
„Во моментов, најголемата вежба на НАТО од Студената војна, Непопустлив бранител, се одржува во близина на руските граници. Според нивното сценарио, акциите на коалицијата против Русија се практикуваат со користење на сите инструменти, вклучително и хибридно и конвенционално оружје“, продолжи Захарова.
„Мора да признаеме дека НАТО сериозно се подготвува за потенцијален конфликт со нас“, рече Захарова.
Најавувајќи го почетокот на вежбите во јануари, НАТО најави дека на нив ќе учествуваат 90.000 војници, кои ќе го вежбаат сценариото американските сили да им помагаат на Европејците во земјите кои граничат со Русија и на источното крило на алијансата доколку конфликтот се разгори.
Вежбите ќе траат до мај, пишува Ројтерс.