Спорт
Јорге Лоренцо победник на ГП Каталуња
Јорге Лоренцо со неговата Јамаха е победник на Гран при на Каталуња во Мото ГП класата.
Јорге Лоренцо со неговата Јамаха е победник на Гран при на Каталуња во Мото ГП класата.
Лоренцо стартуваше од пол позицијата и цело време ја имаше трката под контрола. Шпанецот Дани Педросо (Хонда) беше втор, а Кејси Стонер (Дукати) од Австралија трет. По седум трки Лоренцо е прв со 165 бода пред Педросо со 113, и Андреа Довициозо со 91.
Во класата 250 см3 победи Јуки Такахачи, пред Томас Лути и Џулијан Симон.
Во најслабата класа од 125 см3 прв низ целта мина Марк Маркез, следен од Бредли Смит и Пол Еспаргаро./крај/ап/мн.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шкендија нов лидер во првенството, Вардар блиску до баражот за опстанок
Шкендија е нов лидер во Првата македонска фудбалска лига. Во последните три кола Шкендија, Шкупи и Струга влегуваат со по 58 бодови. По оваа рунда се чини дека Македонија ЃП и Брегалница имаат само теоретски шанси да останат во лигата, а Вардар е најблиску до баражот.
Шкендија ги искористи поразите на Шкупи во Гостивар и актуелниот шампион струга во Кавадарци и се искачи на првото место на табелата. Ист број на бодови, 58 имаат Струга и Шкупи.
Шкендија во периодот од 77. до 94.минута против АП Брера постигна три гола и успеа да ја стигне и престигне предноста на гостите.
Струга против Тиквеш успеа да направи пресврт со головите на Ибраими (кој дојде до бројта од 201 гол во Првата макеоднскат фудбалска лига), но до крајот Тиквеш со головите во 82. и 94.минута му пресуди на шампионот.
Вардар слаеше убедливо во Штип кај Брегалница и ја прекина серијата од три порази. Црвено-црните сега имаат шест бода повеќе од Македонија ЃП и Брегалнца и се наоѓаат на 10.место кое води во бараж за опстанок.
Воска спорт победи кај Македонија ЃП и се одлепи од Вардар на пет бода.
Брегалница – Вардар 0:3
(Шушњара 8’, Тошев 85′, Николоски 90+2′)
Гостивар – Шкупи 2:0
(Кировски 62’, Кехинде 97’)
Македонија ЃП – Воска 0:2
(Илиески 61’, Марушиќ 69’)
Шкендија – АП Брера 3:2
(Адеми 77’, Цаке 87’ , Аганспахиќ 94’- Ивковиќ 16’, Цветановски 68’)
Силекс – Работнички 0:1
(Регба 82′)
Тиквеш – Струга 3:2
(Мојсов 32’, Стојковски 82’, Луан Силва 94’ – Ибраими 63’, 77’)
Табела:
Спорт
Баерн е во завршни преговори со Рагник
Претседателот на фудбалскиот клуб Баерн, Херберт Хајнер изјави дека клубот ги финализира преговорите со Ралф Рангник, кој од следната сезона треба да биде тренер на тимот од Минхен, пренесуваат германските медиуми.
Тренерот на Баерн, Томас Тухел ќе го напушти клубот од Минхен по крајот на сезоната. Рангник, кој моментално е селектор на австриската репрезентација, неодамна потврди дека преговара со тимот од Минхен.
„Рангник е извонреден познавач на фудбалската сцена. Тој има исклучителни вештини за развој на играчи и тимови. Сè што слушнав за австриската репрезентација под негово водство е многу, многу позитивно. Разговорите со него одат во вистинска насока. Ако дојде, тоа ќе биде многу добро решение за нас“, изјави Херберт за „Скај Спортс Германија“.
Германските медиуми тврдат дека Баерн до крајот на неделата би можел да објави дека Рагник ќе го преземе клубот.
„Се надевам дека нема да чекаме предолго. Ќе видиме кога ќе го објавиме конечниот резултат. Брзо ќе дознаеме во кој правец ќе одиме“, изјави Хајнер.
Фудбалерите на Баерн синоќа одиграа во Минхен со Реал без победник, 2:2 во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите. Реваншот е закажан за следната среда во Мадрид.
Рангник ја презеде австриската репрезентација во 2022 година, а претходно меѓу другите беше тренер на Манчестер Јунајтед, Лајпциг, Шалке, Хофенхајм, Хановер и Штутгарт. Тој има договор со Фудбалскиот сојуз на Австрија до јуни 2026 година.
Спорт
Шпанскиот сојуз го казни Атлетико Мадрид
Фудбалерите на Атлетико Мадрид ќе мора да ги играат последните два домашни натпревари оваа сезона во шпанската Ла Лига да ги одиграат пред делумно затворени трибини.
Фудбалскиот сјуз на Шпанија го казни клубот поради расиситичкиот испад на неговите навивачи, во саботрата на натпреварпт против Атлетик Билбао. Дел од навивачите го навредуваа Нико Вилијамс. Заедно со затворањето на дел од трибините, Атлетико ќе треба да плати и казна од 20.000 евра.
Последните два домашни натпревари оваа сезона Атлетико ќе ги одигра прптив Селта Виго во 35.коло и Осасуна во претпоследното, 37.коло.
Атлетико моментално е четврти во поредокот, на позиција која ќе води до настап во Лигата на шампионите следната сезона. Тимот на Диего Симеоне има шест бода повеќе од петтопласираниот Атлетик Билбао.