Контакт

Манифестации

Заврши четвртото издание „ДримON“

Објавено пред

Четвртото издание на Фестивалот за процесирање култура „ДримON“ донесе свежина на струшката културна сцена, каква што одамна недостасуваше. „ДримON“  ја „дигна од мртвите“ и им покажа на стружани и на сите останати посетители дека жед за култура и уметност има, а организаторите, Иницијатива за независен културен активизам (ИНКА) знаат како да понудат вистинска содржина. Најголемите познавачи коментираа дека градот им личи како да е во најубавите времиња од Струшките вечери на поезијата.

dobivaj vesti na viber

Публиката, не само што учествуваше како гостин на многубројните содржини, дебати, изложби, работилници, проекции на филмови, театар, концерти и диџеј-сетови, туку и се вклучуваше во расправи, даваше предлози, сугерираше решенија.  Со еден збор, беше навистина, активен учесник.Задоволни по успешното издание, организаторите од ИНКА, заслужено, може да одморат со насмевка.„Со самата поддршка која овој пат ја доби, видовме што значи да се покаже овој фестивал во вистинско светло, со сите ресурси што се потребни. Програмата ни е силна страна, но ни недостасуваше сериозна поддршка во поглед на инфраструктура и логистика. Овој пат имаше армија која работеше на фестивалот, за разлика од минатите години кога бевме само неколкумина“, објаснува Кристина Тодороска Петреска, дел од организаторите на „ДримON“.Таа објасни дека целта на сите нив е – големата слика: Струга да биде препознаена на мапата на креативни градови.„Знаеме дека ова е начинот Струга повторно да стане град со она ниво кое го имаше во минатото –град во кој постои прогресивна култура, субкултура, редовни настани. Да докаже дека не е провинција. Оваа година, докажавме дека доколку заедницата е со нас, како што беше годинава, сè е можно. Имавме прекрасен тим, многу млади луѓе доаѓаа кај нас и ни бараа задачи, сакаа да се дел од ова, да придонесат. Полни сме од таа вклученост“, вели таа.Писателот Димитрие Дурацовски, еден од најпознатите и највлијателните луѓе кога станува збор за развој на оваа културна сцена, изјави дека тој е сведок и соучесник на случувањата на „ДримON“.„Сето ова се случуваше буквално пред мои очи. Пред четири години, неколку млади луѓе кои сонуваа за еден поинаков град и не се согласуваа со синтагмата наречена провинција, започнаа еден алтернативен потфат буквално на мускули и го нарекоа „ДримON“. Што се случи? После само четири години тој ентузијастички „ДримON“ прерасна во извонреден фестивал кој продуцира култура од сите видови и на воодушевување на многубројната публика ги освои просторите на Струга, од капацитетите на Центарот за култура до Паркот на поезијата каде што изминатата недела вриеше како во кошница. Ова се преубави денови кои ги потсетија граѓаните на Струга на славните почетоци на Струшките вечери на поезијата кога градот дишеше како еден организам. Познавајќи ги момците и девојките од „ДримON“, јас знам дека фестивалот има веќе загарантирана иднина“, рече Дурацовски.Петте дена градот дишеше со „ДримON“, а граѓаните коментираат дека, само што се навикнаа на ваква убавина во нивниот град, фестивалот мора да заврши.„Ќе ни недостасува, кој ќе го чека дури до година. Целото мое семејство сме тука, со децата сме на работилниците на пладне, а навечер со пријателите ги следиме и дебатите и концертите. Многу умно смислен фестивал“, вели посетителка од Скопје, која туристички ја посетува Струга.Стружани пак, коментираат дека Паркот на поезијата одамна не изгледал олку добро. Таму беше позиционирана чил аут зоната, со работилниците за деца, музика и презентации на активности на граѓански здруженија.„До сега, мајка ми не можев да ја извадам од дома, од пред телевизор. Со „ДримON“, таа уште од сабајле се спрема за работилниците, го зема внукот и речиси  цел ден се таму. Ни плажа не им е веќе интересна“, се насмевнува една стружанка, која го посетувала фестивалот и претходниве години.Младата Златка Кувенџиеска изминативе години била волонтерка на фестивалот, а сега беше вклучена како дел од тимот за односи со јавност.„Во „ДримON“ пливам веќе 4 години. Од секогаш ме интересирале јавни настани и контакти со луѓе. Не само што јас им помогнав на дримонци, туку и тие ми помогнаа мене со тоа што ми дадоа можност да си ги усовршам моите PR вештини и да се надградам во областа на новинарството. Најголема мотивација и инспирација ми беа дебатите, особено панелистите. Можам да замислам колку ќе биде поинтересно наредната година, едвај чекам“, изјавува Кувенџиеска.Волонтерот Јордан Лазороски пак, објасни дека со ангажманот на „ДримON“, како дел од хостинг тимот, имал можност да ги усоврши своите комуникациски вештини. „Со самото тоа што бев во постојан контакт со луѓе, многу често се воодушевував и инспирирав. Тука би го издвоил мојот контакт со Оливер од „Канда Коџа и Небојша“,  неговата позитивна енергија и советите коишто ми ги сподели навистина влијаеа на мене“, рече Лазороски.Тој извдои дека најмногу го воодушевиле дебатите.„Не само што темите беа актуелни, туку доаѓаа многу луѓе самоволно, што за Струга тоа е чудо со оглед на тоа што многу ретко, а можеби и никогаш не се организираат јавни дебати од овој тип. Мој предлог за следната година: поради карактеристичноста на Струга, а и името на фестивалот, за наредната година би дал предлог фестивалот да се рашири и покрај вода, не само во и околу Центарот за култура“, вели тој.Лидија Мојсо, задолжена за видео-материјалите на феситвалот рече дека за неа особено е важно тоа како фестивалот влијаеше на Струга.„Да бидам искрена и нескромна, во иднина „ДримON“ го гледам како еден од поголемите фестивали во Македонија“.Прв пат оваа година, фестивалот имаше и фондовска поддршка, па ова издание е овозможено со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).

Култура

Полска вечер на „Охридско лето“ со концертот на гудачкото дуо Салвадор

Објавено пред

Полската вечер во рамките на годинешното издание на „Охридско лето“ го носи концертот на гудачкото дуо Емануел и Емилија Салвадор.

dobivaj vesti na viber

За виолинистот Емануел Салвадор специјализираниот магазин „Страд“ пишува дека е еден од најдобрите виолинисти од неговата генерација. Студирал и на Кралскиот колеџ за музика во Лондон. Емануел Салвадор има снимено неколку албуми и реализирано успешни концертни турнеи во Југоисточна Азија, Кина, Јапонија и САД.

Емилија Гох Салвадор како уметник на виола има дипломирано со највисоки оценки на музичката академија „Јан Падеревски“ во Познан во класата на проф. Доминик Рутовски. Во 2008 година го основа гудачкиот оркестар „Балтик Неополис“.

Прикажи повеќе...

Култура

Утре, во Трпејца, почнува 12. издание на манифестацијата „На зајдисонце“

Објавено пред

Во организација на здружението „За Трпејца со љубов“ и под покровителство на Општина Охрид, од утре до 28 јули, 12. пат оваа туристичка населба и гостите ќе дишат во ритамот на новото издание на културно-забавната манифестација „На зајдисонце“.

dobivaj vesti na viber

Утре, четврток, на отворената сцена во Трпејца, од 20.30 часот, во името на покровителот, Општина Охрид, манифестацијата за отворена ќе ја прогласи заменик-градоначалникот Перчо Божиноски.

Приустните ќе може да ја видат изложбата на дела од Интернационалната уметничка колонија, која се одржува во Трпејца, а во музичкиот дел ќе настапат Влатко Броз и диџеј Марама.
В петок во истиот термин публиката ќе може да се запознае со минатото на дел од околината на Трпејца. Младиот Петар Симоноски ќе прикаже видеопрезентација на тема: „Тврдина Осој од VI век“.

Викендот е резервиран за документарни филмови. В сабота навечер публиката ќе го гледа документарно-туристичкиот филм „Трпејца на дланка“, работен по сценарио на Милчо Јованоски.

Следната вечер од 20.30 часот публиката ќе се запознае со Љупчо Паункоски и неговиот документарен филм „Охридските пливачки легенди“.

Неделното утро е резервирано за традиционалната прошетка на домаќините и гостите по патеката Чоколско.

В понеделник, на 24 јули, во Трпејца ќе гостува бендот „3.0“ (три промили), а денот потоа е резервиран за традиционалната кајакарска регата „Номче Митрески“ и натпреварот во пливање.

Вечерта е резервирана за прошетката „Со кајче по езерото“.

В среда, на 26 јули, од 19.30 часот, посетителите на манифестацијата „На зајдисонце“ ќе може да учествуваат на атрактивната трка со куфери по скалинадата во Трпејца.
Час подоцна, ќе следува интересната видеопрезентација „Пчелите ќе го спасат светот“ од Петар Стојаноски од фирмата „Органски природен мед“ од Трпејца.

Претпоследната вечер од културното лето во Трпејца е резервирана за драмското студио „Цвет 75 “ од Охрид, под раководство на Драгана Боцевска. Младите актери ќе ја одиграат претставата „Пепелашка од Охрид“.

На крајот од дванаесеттото издание на „Зајдисонцето“, охридскиот сликар, фотограф и филмофил Ѓоко Симјаноски ќе гостува со изложбата на портрети „Беше еднаш Холивуд“.

Летото во свој стил со пародијата „Дојдете во Трпејца“ ќе го затворат познатата македонска актерка Марија Кондовска и угостителот Марјан Митрески-Мац.

Прикажи повеќе...

Култура

Заврши 57. фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп: „…Медеја“ е најдобра претстава

Објавено пред

Синоќа со врачувањето на наградата за претставата „Се викам Медеја“ (My Name is Medeja) на Народниот театар од Битола за најдобро уметничко остварување во целина заврши 57. фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

dobivaj vesti na viber

Награда за најдобра режија доби Себастијан Хорват, за најдобра главна женска улога – Илина Чоревска, за најдобра музика – Драго Ивануша и за најдобар рекламен материјал – Сашо Илковски.

Скопскиот Драмски театар  и претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ освои 5 наградимеѓу кои и за главна машка улога за Дамјан Цветановски и за најдобра женска епизодна улога за Емилија Мицевска.

Наградени беа и Турскиот театар за претставата „Човек перница“, како и Прилепскиот театар за „Мистерија Буфо“ и на Театарот за деца и младинци, за „Роња, ќерката на ограбувачот“.

Наградата за современа сценска драматизација ја доби Лидија Митоска-Ѓоргиевска за „Мистерија Буфо“.

 Наградата за млад актер „Трајко Чоревски“ ја доби Хакан Даци за улогата на Катуриан во претставата „Човек перница“ во изведба на Турскиот театар од Скопје, копродукција со „Машина продакшн“ и „Пик продукција“. За истата претстава, за улогата на Микаил, актерот Дин Ибрахим ја доби наградата за најдобра машка епизодна улога. Наградата за млада актерка ја доби Матеа Јанковска за Роња во „Роња, ќерката на ограбувачот“ на Театар за деца и младинци од Скопје.

Со свечената вечер со наградените на финалето на „Черондрински“ и со изведбата на „Последниот балкански вампир“ на Дејан Дуковски и Александар Поповски, на Српското народно позориште од Нови Сад, се спушти завесата на годинешниот МТФ „Војдан Чернодрински“, со најава за нова свежина и афирмација на македонската драма вгодина.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија41 минута

„Немирната совест го натера Заев на панични реакции“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Заев, основачот на марихуана бизнисот во Македонија, не спие мирно. Немирната совест го натера Заев на панични реакции уште во...

Свет1 час

Врските на Епстин со Силиконската долина биле многу повеќе од комуникација само со Гејтс и Маск

Најновото објавување на милиони документи од Министерството за правда на САД поврзани со осудениот педофил Џефри Епстин фрли нова светлина...

Европа2 часа

Празната украинска амбасада во Москва казнета поради неплаќање струја

Московскиот суд ѝ наложи на украинската амбасада во Русија, која е затворена од почетокот на руската инвазија во февруари 2022...

Европа3 часа

(Видео) Моќен напад со дронови врз Одеса: погодена зграда, едно лице загина

Руските сили извршија серија напади со ракети и беспилотни летала врз неколку украински градови во текот на ноќта. Во Одеса,...

Европа3 часа

Зеленски: Русија секојдневно ја напаѓа нашата железничка инфраструктура

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија речиси секојдневно ја напаѓа железничката инфраструктура на Украина, но дека Киев сè уште...

Македонија4 часа

Почувствуван земјотрес во Тетово и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера вечер во 23...

Македонија17 часа

Војници во влага, на перници стари со децении, со прибор стар 20 години и руинирани тоалети – синдикатот алармира по појавата на шуга во велешката касарна

Независниот синдикат на професионални војници, реагира поради појавата на шуга кај новопримените професионални војници во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“...

Македонија18 часа

Српската полиција се огласи по киднапирањето на Даниел Кајмакоски: Се трага по двајца осомничени

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека полицијата трага по две лица осомничени за киднапирање на македонскиот пејач Даниел...

Македонија21 час

(Видео) Договорено покачување на платите за околу 11.000 административци до 2028 година

Околу 11.000 вработени во јавната администрација, судовите и обвинителствата ќе добијат покачување на платите од речиси 40 отсто до 2028...

Македонија21 час

Кајмакоски е дома; Рашиќ: „Смирено и храбро се соочил со киднаперите, но му треба мир“

Mиланка Рашиќ, која е задолжена за односи со јавноста за Даниел Кајмакоски, соопшти дека разговарала со него по ноќта помината...

Македонија24 часа

ВМРО-ДПМНЕ реагира: Заев се јави во одбрана на својот криминал, тој е таткото на бизнисот со канабис

Олицетворението на криминалот, главата на октоподот во корупцијата и лидерот на СДС од сенка, Зоран Заев се јави во одбрана...

Македонија1 ден

Заев се закани со тужба, тврди дека не е поврзан со конфискацијата на канабисот и облакодерите во Дубаи: „Шират лаги и клевети“

Поранешниот премиер Зоран Заев преку статус на Фејсбук порача дека по пет години молк, сега е подготвен да одговори со...

Култура1 ден

Почина Бред Арнолд – пејачот на американскиот бенд 3 Doors Down

Бред Арнолд, пејачот и основач на американскиот рок-бенд 3 Doors Down, најпознат по хитовите „Kryptonite“, „When I’m Gone“ и „Here...

Свет1 ден

Во Дубаи уапсен сторителот на обидот за атентат врз рускиот генерал Алексеев, ФСБ уапси и соучесник во Москва

Сторителот на обидот за атентат врз генерал-полковникот на руската воена разузнавачка служба, Владимир Алексеев, беше приведен во Дубаи и предаден...

Свет2 дена

(Видео) Протести против Зимските олимписки игри во Милано: демонстрантите фрлаа димни бомби и шишиња кон полицијата

Илјадници луѓе се собраа во Милано на протест против Зимските олимписки игри само еден ден по церемонијата на отворање во...

Македонија2 дена

(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат

Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на...

Македонија2 дена

Двегодишно дете со тешки телесни повреди од Битола пренесено во Скопје, го нападнале кучиња скитници додека си играло

Лекарите од Клиничката болница во Битола вчера во полиција приавиле дека примиле двегодишно дете со тешки телесни повреди по напад...

Македонија2 дена

(Видео) Петрушевски: Од 27 тони запленета дрога, повеќе од две третини е на фирма на соработник на Зоран Заев

Над 2/3 од 27 тони запленета дрога е од фирма на кадар на СДС, соработник на Зоран Заев, рече денес...

Македонија2 дена

Левица ќе иницира разрешување на Ристовска, имаат информации за понижување, викање и навреди во ДКСК

Наместо да ја насочи својата енергија кон расчистување на корупцијата, членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета...

Свет2 дена

Низ разузнавачките канали протекоа детали за „Дмитриев пакет“, вреден е 12 трилиони долари, вели Зелениски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека постои ризик САД и Русија да склучат билатерални договори кои се однесуваат на Украина,...