Европа
Шпанскиот крал го распушти Парламентот, избори на 26 јуни

Шпанскиот крал Фелипе VI, го распушти во вторник, парламентот и распиша избори за 26 јуни, откако не се постигна договор за формирање Влада, по декемвриските избори на кои ни една партија не освои мнозинство гласови.
Шпанскиот крал Фелипе VI, го распушти во вторник, парламентот и распиша избори за 26 јуни, откако не се постигна договор за формирање Влада, по декемвриските избори на кои ни една партија не освои мнозинство гласови.
Кралот го потпиша декретот за распуштање на парламентот, откако на 2 мај истече законскиот рок за формирање влада.Прв пат во Шпанија се случува изборите да бидат повторени, откако во земјата се врати демократијата по смртта на долгогодишниот диктатор Генералот Франциско Франко во 1975 година.„Ова се случува по прв пат во демократската ера бидејќи не бевме во можност да го исполниме мандатот што ни го даде народот“, рече Паци Лопез, претседателот на парламентот при потпишувањето на декретот.На парламентарните избори во декември, конзервативната Народна партија, која беше на власт четири гофини, освои најмногу гласови, 28,7 отсто, односно 123 пратеници, но недоволно за сама да формира влада. На вотор место беше Социјалнистичката партија, а потоа Подемос и Граѓаните.Ни една од трите партии не сакаше да формира влада со Народната партија.Сите преговори сњ водеа околу формирање влада од левото крило, откако премиерот Маријано Рахој чија Народна партија во декември го изгуби мнозинството, се откажа од формирање влада поради недостиг на поддршка.Шпанскиот крал Фелипе VI, минатата недела разговараше со лидерите на политичките партии како последен обид да се реши четиримесечната политичка криза и да најде кандидат кој ќе може да формира влада и со тоа да се избегнат повторни избори.Меѓутоа, по разговорите кралот констатира дека ни еден кандидат за мандатер не добил доволна поддршка за состав на нова влада. Анкетите сугерираат дека изборите може да донесат слични резултати на оние од декември, затоа што левата политичка сила е разделена во четири помали партии.Аналитичарите велат дкеа помалите партии можеби, по изборите, ќе имаат повеќе воља да се групираат, затоа што граѓаните ќе бидат нестрпливи, кмонечно, да се формира влада./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин