Спорт
Параглајдинг куп Крушево: Савов со мала предност пред Јованоски

Фантастична атмосфера, идеални услови и организација надополнети со одлични резултати се главните впечатоци на досегашните натпреварите на Претсветскиот параглајдинг куп што се одржува во Крушево
Во третата, најкратка досега трка со должина од со 45,3 км од Крушево до битолското село Крклино повторно победи Бугаринот Јасен Савов со што ја потврди својата супериорност зацврстувајќи се на првата позиција и во генералниот пласман. Савов оствари време од 1 час 2 минути и 14 секунди, пред македонскиот репрезентативец Владимир Неделковски и Словенецот Матеј Чеглар. Интересно е дека иако на целта стигна прв, сепак поради пропуст победникот во првата трка Мартин Јованоски заработи казнени поени по што трката ја заврши на 7-то место.Во генерален пласман води Савов со 2.833 поени, пред Чеглар со 2.767 и Јованоски со 2.739 поени, и меѓу нив ќе се бара победникот на натпреварувањето. Во екипна конкуренција, од 16 состави, по трите трки во водство е словенечкиот тим „Орачи“ со 7.548 бодови, пред украинскиот „Неар Бирдс“ со 7.200 и македонскиот „Хели“’ со 6.911 бодови. Самиот натпревар поминува во најдобар ред, и иако се присутни на стартот, засега за среќа немаат потреба од никаква интервенција присутните членови на Единицата за спасување од планини и непристапни терени, што како факт сам по себе доволно зборува за безбедноста на натпреварот.Денеска на програмата е последната петта трка по што ќе следи сумирањето на резултатите, а од 19 часот во хотелот „Монтана“ ќе започне церемонијата на прогласување на најдобрите и доделувањето на наградите. Потоа со голем оптимизам ќе се чекаат оценките и мислењата на ФАИ и ИФЦ за организацијата и квалитетот на натпреварот со надеж дека ќе бидат највисоки за да идната година Крушево и овој натпревар бидат во календарот како организатори на натпревар од класата на Светски куп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Игор Жесус го засили Нотингем Форест
Бразилскиот репрезентативец Игор Жезус се пресели од Ботафого во Нотингем Форест.
„Шумарите“ објавија дека потпишала четиригодишен договор со 24-годишниот фудбалер, до летото 2029 година.
Клубовите не ја објавија сумата на трансферот, но медиумите известуваат дека станува збор за околу 10 милиони фунти (околу 12 милиони евра).
Жезус ја започна својата професионална кариера во бразилскиот клуб Коритиба, потоа играше за Шабаб Ал Ахли од Обединетите Арапски Емирати пред да се приклучи на Ботафого во 2024 година.
Напаѓачот одигра 59 натпревари за клубот од Рио де Жанеиро во сите натпреварувања и постигна 17 гола.
Тој особено се истакна на Светското клупско првенство, помагајќи му на Ботафого да се квалификува во нокаут фазата, постигна два гола, вклучувајќи го и победничкиот гол против европскиот шампион Пари Сен Жермен.
Foto/ EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO
Спорт
(Видео) ПСЖ со двајца играчи помалку го победи Баерн

Foto/ EPA/ERIK S. LESSER
Фудбалерите на ПСЖ изборија место во полуфиналето на Светското клупско првенство во САД. Во третото четвртфинале на турнирот, ПСЖ го победи Баерн Минхен со 2:0 (0:0). Натпреварот мина во сенка на тешката повреда со која се здоби Џамал Мусијала во финишот на првото полувреме.
ПСЖ натпреварот со Баерн го заврши со двајца фудбалери помалку на теренот. Откако Десире Дуе постигна гол за 1:0 во 78.минута, пет минути подоцна црвен картон доби Пачо, а во 92.минута исклучен беше и поранешниот играч на Баерн, Лукас Ернандес. Точка на натпреварот стави Услам Дембеле во 96.минута.
ПСЖ во полуфиналето ќе игра против победникот од последното четвртфинале во кое се среќаваат Реал Мадрид и Борусија Дортмунд.
Спорт
(Видео) Донарума во солзи, ужасна повреда на Мусијала

Првото полувреме од четвртфиналниот натпревар на Светското клупско првенство во Атланта помеѓу ПСЖ и Баерн ја обележа ужасната повреда на Џамал Мусијала.
Третиот четвртфинален натпревар на Светското клупско првенство, кое се игра во Атланта, во најавата изгледаше како вистински фудбалски спектакл, а дуелот помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн Минхен ги оправда очекувањата, барем до крајот на првото полувреме.
Пачо прво го блокираше Џамал Мусијала, а потоа интервенираше Џанлуиџи Донарума. Голманот на Италија успеа да ја фати топката во обид да стигне до топката, но во таа прилика незгодно го закачи и германскиот репрезентативец.
Мусијала остана да лежи на тревата во болки, а медицинскиот тим веднаш се упати кон теренот за да му помогне. Впчаток е дека станува збор за фрактура на зглобот.
Así le quedó el tobillo a Musiala. No se puede creer! pic.twitter.com/KiiuAaQHHW
— Mateo Aymard (@Mateoaymard) July 5, 2025
Донарума брзо ја сфати сериозноста на ситуацијата – се фати за главата и го „закопа“ лицето во дресот, видливо потресен од она што се случи.
Heavy emotions for Donnarumma as Musiala appears to have suffered a serious injury 🤕 pic.twitter.com/CvbzmFHDCU
— 433 (@433) July 5, 2025