Македонија
Единствено обврзниците ја живнуваат берзата
Вкупниот промет тргување на македонската берза денеска изнесуваше 6.879.255,31 денари, од кои 3.255.921,31 припадна на тргувањето со државните обврзн
Вкупниот промет тргување на македонската берза денеска изнесуваше 6.879.255,31 денари, од кои 3.255.921,31 припадна на тргувањето со државните обврзници за денационализација и старото девизно штедење.
МБИД ја намали својата вредност за 0,17%, а апсолутната вредност на индексот изнесуваше 2.536,62 индексни поени, МБИД се зголеми за 0,34% и оствари вредност од 2.297,92 индексни поени, а ОМБ оствари зголемување од 0,03%, позиционирајќи се на ниво од 103,32 индексни поени.
Најтргувана на официјалниот пазар беше акцијата на Алкалоид со вкупен промет од 1.224.158,00 денари. Просечната цена изнесуваше 4.533,92 денари, а беше остварено незначително зголемување од 0,08%. Вкупно се истргуваа 270 акции.
Државната обврзница за денационализација од петтата емисија оствари промет од 1.079.212,06 денари при истргувани 21.255 обврзници. Просечната цена изнесуваше 83,00% од номиналната вредност, додека порастот беше 0,73%.
Трета според ликвидност од официјалниот пазар беше државната обврзница за денационализација од осмата емисија со остварен промет од 722.140,06 денари при истргувани 15.321 обврзници. Просечната цена од 77,05% оствари незначителен пораст од 0,05%.
Од редовниот пазар најмногу се тргуваше со акцијата на Стопанска Банка Скопје со која се оствари промет од 308.600,00 денари при истргувани 1.405 акции. Просечната цена изнесуваше 219,64 денари што значеше пад од 0,18%.
Македонски Телекомуникации Скопје оствари промет од 243.690,00 денари при истргувани 634 акции. Со остварената просечна цена од 384,37 денари, намалувањето изнесуваше 0,16% на дневна основа.
Пет најтргувани хартии од вредност
1. Алкалоид Скопје
2. Р.Македонија – Денационализација 05
3. Р.Македонија – Денационализација 08
4. Р.Македонија – Денационализација 03
5. Комерцијална Банка Скопје
Хартии од вредност со најголем пораст
1. Тутунска Банка Скопје 2,54%
2. Топлификација Скопје 2,01%
3. ОКТА Скопје 1,22%
4. Фершпед Скопје 0,98%
5. Р.Македонија – Денационализација 05 0,73%
Хартии од вредност со најголем пад
1. Макпетрол-Тема Скопје 44,44%
2. ТТК Банка Скопје 2,50%
3. ЗК Пелагонија Битола 1,61%
4. Комерцијална Банка Скопје 1,00%
5. Гранит Скопје 0,82%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

