Македонија
Повторно замрзната сметката на А1 Телевизија

Основниот суд Скопје 1 го прифати предлогот на Јавното обвинителство за привремено замрзнување на сметката на А1 Телевизија и на уште девет фирми поврзани со случајот „Пајажина“.Според соопштението на Кривичниот суд, одлуката за привремено замрзнување и задржување на парични средства се однесува на фирмите А1 Телевизија, Време ЕЧ, Печатница Мисирков, Хедис, Синим, УНИ Проком Вемакс Д, Акс-тра, А2 Телевизија, Плус Продукција и Стратус.Со одлуката се забранува подигнување и располагање со парични средства до одреден износ, а како образложение се наведува фактот дека фирмите не поседуваат имот кој би можел да биде доволно обезбедување за висината на паричните средства за кои е предложено да бидат обезбедени.Во однос на фирмата Акстра Трејд, не е прифатен предлогот на Обвинителството за привремено замрзнување на сметката, со оглед на тоа што Управата за јавни приходи веќе има донесено решени за присилна наплата на парични средства од овој субјект. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Собранието ќе формира комисија за избор на нов претседател на антикорупциската

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата во 12 часот ќе одржи седница на која се очекува да ја формира Комисијата за селекција на кандидати за нов претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).
Процесот следи откако на 5 август беше распишан јавен оглас, со рок за пријавување од 10 дена. Оваа постапка се спроведува по оставката на претходната претседателка Татјана Димитровска, која е обвинета за оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат.
Според Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, до изборот на нов претседател, функцијата ја врши заменик-претседателот на ДКСК. Новиот претседател мора да има најмалку десет години работно искуство, од кои осум во областа на борбата против корупцијата, владеењето на правото или добро управување.
Македонија
Свечена седница по повод 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор

Во Владата ќе се одржи одбележување на 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.
По тој повод со почеток во 10:00 часот во Свечената сала во Владата на Република Северна Македонија ќе се одржи свечена седница на која ќе се обрати премиерот Христијан Мицкоски.
Настанот ќе биде пренесуван во живо на „Фејсбук“ и „Јутуб“ каналот на Владата.
Охридскиот рамковен договор беше потпишан на 13 август 2001 година помеѓу претставниците на тогашните најголеми политички партии и специјални претставници на ЕУ и на САД.
Македонија
Сончево и многу топло со мала локална облачност: максималната температура до 39 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.
Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 38 степени.
Времето во наредните денови
Ќе се задржи сончево и топло време со умерена облачност преку денот. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.