Регион
Грабар-Китаровиќ: Додека постои и најмала надеж, ќе трагаме по Салопек
Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ во средата порачала дека потрагата во Томислав Салопек, кој во Египет беше киднапиран од страна на припадници на терористичката организација Исламска држава (ИД) и за кого беше објавено дека е погубен, ќе продолжи се додека постои и надеж дека тој е жив.
„Во овие моменти на длабока неизвесност би сакала да изразам сочуство кон семејството на господинот Салопек, неговата сопруга Наташа, нивните две деца, родителите и пријателите, поради оваа тешка состојба и длабока неизвесност во која се наоѓаат сите тие и ние. Меѓутоа, сакам цврсто да порачам дека додека постои и најмала надеж, еден промил шанса дека Томислав е жив, ние ќе продолжиме да работиме, ќе ја продолжиме потрагата за него и спасувањето на неговиот живот“, изјавила Грабар-Китаровиќ на вонредна прес конференција во средата во Сплит.
Таа исто така им се заблагодарила на сите кои биле ангажирани во потрагата по Салопек, особено хрватските институции и служби, како и сите пријателски држави и служби, вклучувајќи многу пријатели од арапските земји, кои се обидуваат да го спасат.
„За деталите не можам и никогаш нема да говорам. Меѓутоа, верувајте ми дека правиме се што можеме“, порача хрватската претседателка, заблагодарувајќи им се и на медиумите што се однесувале одговорно и што се воздржале од објавување на информации и фотографии за наводната трагична судбина на Томислав Салопек.
„Да размислуваме за Томислав како за татко, сопруг, пријател, да размислуваме за него како за човек, да го сочуваме неговото достоинство и достоинството на неговото семејство“, нагласила Грабар-Китаровиќ./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Ужас во Загреб: пронајдено тело во автомобил во одводен канал
Граѓани попладнево во одводен канал во Загреб пронашле возило со тело на непознато лице, соопшти полицијата.
Повикот во полиција стигнал нешто по 13 часот.
Полицијата набрзо пристигнала на локацијата меѓу Антуновац и Тења и потврдила дека лицето во возилото починало, пишува Вечерњи лист.
Истрагата е во тек.
Регион
Сијарто: Фокусот на унгарското претседателство со ЕУ ќе биде проширувањето на Унијата на Западен Балкан
За време на претстојното претседавање со ЕУ, Унгарија планира да се фокусира на прашања кои се важни за централна Европа, како што се борбата против илегалната миграција, проширувањето на Унијата кон Западен Балкан и енергетската безбедност, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.
Кога станува збор за проширувањето на ЕУ, Сијарто на прес-конференција со својот чешки колега Јан Липевски рече дека регионот на Западен Балкан не заслужува да чека 14 години и 11 месеци за членство, што, како што вели, го поткопува кредибилитетот на политиката на Унијата, објави унгарската агенција МТИ.
„Тоа е ситуација што треба да се реши, така што унгарското претседателство (со Унијата) има јасна агенда да им помогне на земјите од Западен Балкан да го забрзаат пристапниот процес“, рече Сијарто.
Посочи дека ефектите од миграцијата директно се чувствуваат во Централна Европа од 2015 година и неопходна е сериозна регионална соработка за да се запре мигрантскиот прилив.
„Чешката, словачката и полската полиција ни помогнаа и ни помагаат на јужните граници на Унгарија да ги задржиме илегалните мигранти кои и се закануваат на Европа надвор од границите. Потребни се континуирани заеднички напори на четворицата централноевропски премиери за да се држи под контрола прашањето за квотите и да не се дозволи илјадници или десетици илјади илегални мигранти да се шетаат неконтролирано“, додаде Сијарто.
Шефот на унгарската дипломатија нагласи дека централна Европа „ќе продолжи да се спротивставува на притисоците поврзани со квотите“. Сијарто се осврна и на енергетската безбедност, наведувајќи дека Унгарија и Чешка планираат нуклеарен развој и затоа ќе продолжат да се борат против негативната дискриминација поврзана со нуклеарната енергија во Брисел.
Нуклеарната енергија е одржлив начин за производство на енергија, тоа е безбеден, еколошки и евтин метод за производство на големи количини електрична енергија“, заклучува Сијарто.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.