Свет
Нападот на Тајмс сквер осомничениот го планирал сам
Фејсал Шахзад кој е осомничен дека го довел на њујоршки Тајмс сквер автомобилот бомба а потоа беше уапсен на аеродоромот во Њујорк од каде сакал да патува за Дубаи, тврди дека дејствувал сам, изјавил за Associated Press, анонимен полициски извор
Според службеникот за кој агенцијата наведува дека е близок на истрагата, рекол дека 30-годишниот Фејсал Шахзас кој е американски државјанин со пакистанско потекло, уапсен во понеделникот на њујоршкиот меѓународен аеродром „Џ.Ф. Кенеди“, наводно признал дека само го набавил материјалот и го поставил во теренецот шрто во саботата навечер го паркирал на Тајмс Сквер. Истрагата се уште нема докази за неговата вмешаност со пакистанските талибани кои ја преземаа одговорноста за неуспешниот терористички напад во Њујорк.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Не е вистина дека сопругата на Асад побарала развод, велат од Кремљ
Кремљ денеска ги демантираше информациите во турските медиуми дека Асма ал Асад, сопругата со британско потекло на поранешниот сириски претседател Башар ал Асад, сака да се разведе и да ја напушти Русија.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, исто така ги отфрли извештаите на турските медиуми кои сугерираат дека Асад е задржан во Москва и дека неговиот имот е замрзнат.
„Не, тие не соодветствуваат на реалноста“, одговори тој на прашањето за време на конференциска врска дали наводите се вистинити.
Турските и арапските медиуми вчера објавија дека Асма ал Асад поднела барање за развод во Русија, каде семејството Асад доби азил овој месец, откако бунтовниците ја презедоа контролата врз Дамаск.
Свет
Руската разузнавачка служба предупредува дека претседателката на Молдавија се подготвува за војна
Руската служба за надворешно разузнавање (СВР) предупреди дека молдавската претседателка Маја Санду подготвува план за воена операција во Придњестровје, наведувајќи дека никој не може да гарантира дека таа нема да се обиде да започне вооружен конфликт.
Во пораката испратена од СВР до агенцијата ТАСС, се наведува дека претседателката на Молдавија неодамна одржала состанок со молдавската влада за прашања од енергетската безбедност, но средбата завршила со тоа што Санду укажала на потребата од развој на план за воена операција која има за цел воспоставување контрола над Придњестровје и елиминирање на руското присуство во регионот.
„Никој не може да гарантира дека претседателката на Молдавија нема навистина да се обиде да започне вистинска војна во регионот“, нагласува СВР во пораката до агенцијата ТАСС.
Свет
Oрбан: ЕУ ја изгуби војната во Украина
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека ЕУ ја изгубила војната во Украина.
Орбан во интервју за М1 рече дека мирот во Украина е на дофат и дека ќе започне нов свет со инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп на 20 јануари.
„Русите беа спремни да се согласат со Божиќното примирје што го предложив пред неколку дена, а Украинците се’ уште не, но православниот Божиќ се’ уште не пристигнал“, рече Орбан.
Според него, ситуацијата во Украина е јасна – Русите напредуваат, а ЕУ ја загуби војната.
Орбан оценува дека Европа ќе плати висока цена бидејќи, како што наведе, не ја прифаќа новата реалност што се појави по победата на Трамп на изборите, објави унгарскиот портал „Инфостарт“.
Меѓу 27-те членки на ЕУ, Унгарија и Словачка отворено се залагаат за мировни преговори за Украина.