Свет
Светиот оган во храмот на Светиот гроб
Благодатниот Светиот оган, кој го симболизира неракотворената светлина на Воскресението Христово, за кого зборувал уште апостолот Петар му рече, влезе во храмот на Светиот гроб во Ерусалим.
Сите свеќи и светилки во црквата претходно биле згаснати, пренесуваат агенциите. Огнот се појавил по молитви за чудо на ерусалимскиот патријарх Теофил III, а илјадници верници во саботата пред Велигден го исполниле храмот на Светиот Гроб, црквата којашто всушност е низа од споени простории коишто наликуваат на спили, но богато украсени, со скалила коишто водата до галеријата и исчезнуваат од видикот во темнината, просторот пред него и околните улици.
Огнот се појавил, како и во претходните години, во Кувуклисот – параклисот во внатрешноста на црквата на Светиот Гроб, по камената ложа, на која на Велика сабота е поставено погребеното тело на Христос. Таму, според вековниот ритуал, се моли за слегувањето на Светиот оган православен патријарх. Според древната церемонија, во предниот дел на Кувуклисот одеждата на патријархот Теофил Трети и самата капела беа внимателно испитани за присуство на никакви вештачки средства за добивање оган.
Како и секоја година, во пресрет на очекуваниот Велигден чудото се случи, Патријархот на Ерусалим им го предаде огнот на верниците, коишто потоа Светиот оган го разнесуваат по светот.
Треба да се спомене дека муслиманите, исто така, ја признаваат божественоста на огнот, чие потекло сé уште не е објаснето од страна на науката. Тие, исто така, присуствуваат во храмот на Светиот гроб во Ерусалим заедно со христијаните и делови од Благодатниот оган носат во своите домови.
Најраните споменување за појавата на светиот оган во пресрет на Воскресението Христово (Велигден) датираат од IV век.
Церемонијата за добивање на Светиот оган (литанијата) започнува во раните утрински часови и се состои од низа ритуали, вклучувајќи ги и проверката и запечатување на Кувуклисот. Претходно, тоа го правеле турските стражари (во периодот кога Палестина беше дел од Отоманската Империја), а сега – полицијата.
Старешините на православната арапска младина, седејќи со рамениците едни до други извикуваат „нема вера освен православната вера, Христос – вистински Бог“, молејќи го Бога на верниците да им го дарува Благодатниот оган. Се верува дека Спасителот го прифаќа ваквото детински наивно но искрено обраќање.
Во внатрешноста на храмот, исто така, се одвиваат торжествените процесии на ерменското, коптското и сириското свештенството. Тие традиционално се придружувани од кавасите – стражари во турска униформа коишто во древните времиња биле ангажирани да ги заштитуваат христијанските процесии. Како што се движат низ толпата, кавасите со специјалните стапови удираат по камениот под на храмот. Нивното дејствие заедно со бучното однесување на православните Арапи, создаваат уникатна атмосфера на празничниот ритуал.
На пладне од Ерусалимската Патријаршија започнува процесијата (крстниот од) кон Светиот гроб, кој завршува во предниот дел на Кувуклисот. Притоа се носи голем фенер во кој гори оган и 33 свеќи што ги симболизираат бројот на години до земниот живот на Спасителот.
Патријархот на Ерусалим, традиционално влегува во просторијата во ленена одежда за да биде видливо дека тој не носи во спилата кибрит или нешто друго со што може да запали оган. Тогаш се запечатува влезот на капелата – и настапува напната тишина во очекување на слегувањето на Светиот оган.
Кај многу народи опстојува верувањето дека доколку огнот не се појави, тоа ќе биде страшен знак за човештвото, а луѓето во храмот ќе изгинат. Обично очекувањето на чудото трае од неколку минути до неколку часа. Во тоа време во храмот е потполна темнина. Држејќи во рацете незапалени пасхали (големи празнични свеќи), присутните се молат, се покајуваат за своите гревови и молат од Бога да ги дарува со Светиот оган.
По извесно време во храмот се појавува необјаснива трепетлива светлина којашто изгледа како да тече надолу по ѕидовите и столбовите, а од отворот на куполата во храмот на Гробот Господов (црквата на Светиот Гроб) вертикално се спушта широк столб светлина.
Наскоро во параклисот се појавува Благодатниот оган, што е проследено со радосните извици на верниците присутни во Кувуклисот, излегува Ерусалимскиот патријарх и го споделува огнот (од свеќа на свеќа) со верниците собрани во храмот. Верниците коишто стојат во првиот ред ги палат свеќите и огнот брзо го пренесуваат од едно на друго лице. Понекогаш, како што тврдат очевидци, фенерите и свеќите се палат сами од себе во рацете на верниците.
Повеќето од верниците во рацете држат по неколку свеќи од што се формира своевиден факел, така што наскоро целата црква почнува буквално да сјае од огнот. Луѓето се еуфорични – и многу се мијат со Светиот оган. Треба да се спомене, исто така, дека во прво време огнот има неверојатно својство – не предизвикува изгореници.
Пред почнувањето на празниците и славењето на христијаните коишто се водат според грегоријанскиот календар, Израел ги затвори контролните пунктови преку кои може да се влезе на негова територија од окупираниот Западен брег, така што пристапот е ограничен само за хуманитарни и итни случаи.
Како и секоја година, Израел издаде пропусници за 500 христијани од Појасот Газа за може да влезат во Израел и на Западниот брег. Повеќе од 20 илјади христијани од целиот свет и од сите конфесии, добија специјални дозволи за посета на Ерусалим до крајот на седмицава, кога православните верници ќе го одбележат Велигден.
Во Светата земја има околу 110 илјади арапски христијани, и илјадници странски христијански работници, баратели на азил и русофони имигранти. Христијаните претставувале повеќе од 18 отсто од населението што живее во Светата земја во 1948 година која е востановена државата Израел, а денес ги има помалку од 2 отсто./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Данскиот министер: Изненадени сме од најавата на Трамп за царини
Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, ја нарече изненадување најавата на Доналд Трамп за воведување царини и нагласи дека Данска е во тесна комуникација со Европската унија по ова прашање.
„Најавата на претседателот доаѓа како изненадување“, наведе Расмусен во писмена изјава. Тој во средата се сретнал со американскиот државен секретар, со кого, меѓу другото, разговарале и за несогласувањата меѓу Данска и САД во врска со Гренланд.
Трамп како оправдување за заканата со царини ја наведе испратената воена помош на неколку европски земји на Гренланд. Меѓутоа, Расмусен го отфрли тоа објаснување.
„Целта на зголеменото воено присуство на Гренланд, на кое се повикува претседателот, е токму зголемување на безбедноста на Арктикот. Во постојан контакт сме со Европската комисија и со нашите други партнери по тоа прашање“, се наведува во изјавата на данскиот министер.
Свет
Зеленски: Русија подготвува удари врз нашите нуклеарни постројки
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија се подготвува за понатамошни напади врз украинската енергетика и инфраструктура, вклучително и објекти што ги опслужуваат нуклеарните електроцентрали, пренесе „Би-Би-Си“.
„Извештај од началникот на Главната разузнавачка управа Олег Ивашченко. Пред сè, во врска со конкретните задачи за руската армија. Не сме регистрирале подготвеност од страна на агресорот да почитува какви било договори или да ја прекине војната. Но, има доволно информации за подготовка на понатамошни руски удари врз нашиот енергетски сектор и инфраструктура, вклучително и објекти и мрежи што ги опслужуваат нашите нуклеарни електроцентрали“, изјави украинскиот претседател по средбата со началникот на Главната разузнавачка управа Олег Ивашченко.
„Украина е исклучително конструктивна во дипломатијата, додека Русија е фокусирана единствено на напади и вознемирување на луѓето. Нашите партнери треба да ги извлечат соодветните заклучоци од тоа“, додаде Володимир Зеленски.
Свет
Дански генерал: Денес не гледаме закана од Русија или Кина
Највисокиот дански воен заповедник за Арктикот ги отфрли тврдењата дека Гренланд се соочува со непосредна безбедносна закана од Русија или Кина, со што го оспори наративот што повеќепати го изнесуваше американскиот претседател Доналд Трамп. Генерал-мајор Сорен Андерсен, командант на Данската здружена арктичка команда, ги опиша сојузничките вежби во регионот како превентивна мерка, пренесе Политико.
„Не. Денес не гледаме закана од Кина или Русија“, изјави Андерсен, кој е на чело на командата од 2023 година.
„Но ги истражуваме потенцијалните закани и се подготвуваме за нив.“ Тој нагласи дека засилените воени активности на Данска и нејзините сојузници околу Гренланд претставуваат подготовка за идни непредвидени ситуации.
Според неговите зборови, кога ќе заврши војната во Украина, Москва би можела да ги пренасочи своите воени ресурси кон други региони. „Всушност очекувам да видиме руски ресурси кои се префрлаат од боиштата околу Украина на други боишта“, рече тој, укажувајќи на Балтичкото Море и арктичкиот регион.
Во рамки на данската вежба „Операција Арктичка Издржливост“, која опфаќа воздушни, поморски и копнени компоненти, веќе се распоредени единици од неколку европски земји.
Изјавите на Андерсен се во спротивност со тврдењата на Доналд Трамп дека Гренланд е под активен притисок од Русија и Кина и дека островот е клучен за националната безбедност на САД. „Имате руски разурнувачи и подморници, како и кинески разурнувачи и подморници насекаде“, им рече Трамп на новинарите, коментирајќи ја својата намера Гренланд да стане дел од Соединетите Американски Држави. „Нема да дозволиме тоа да се случи.“
Трамп исто така изјави дека Вашингтон не може да ја исклучи употребата на сила за да ги обезбеди своите интереси, што предизвика загриженост кај данските и гренландските лидери.

