Економија
На Волстрит владее претпазливост

Во четвртокот на Волстрит цените на акциите забележаа благ пад, по силниот раст од средата, бидејќи спласна еуфоријата поттикната од интервенцијата на најголемите централни банки во светот, па инвеститорите се претпазливи пред објавувањето на клучниот извештај за вработеноста во САД.
Во четвртокот на Волстрит цените на акциите забележаа благ пад, по силниот раст од средата, бидејќи спласна еуфоријата поттикната од интервенцијата на најголемите централни банки во светот, па инвеститорите се претпазливи пред објавувањето на клучниот извештај за вработеноста во САД.Индексот Dow Jones ослаби за 0,21 отсто на 12.020 поени, а S&P 500 за 0,19 отсто на 1,244 поени, додека индексот Nasdaq , пак, зајакна за 0,22 отсто на 2.626 индексни поени.Пазарот се примири откако во средата цените на акциите скокнаа за повеќе од 4 проценти м поттикнати од координираната акција на шесте најголеми светски централни банки која треба да ги намали цените на кредитите изразени во долари, што, пак, треба да го ублажи притисокот на должничката криза врз европските банки. Добрите податоци од американското стопанство го поддржуваат пазар, но постои стравување дека во петок инвеститорите би можеле да се решат на добитоносна продажба по извештајот за вработеноста, имајќи предвид дека од почетокот на седмицата цените на акциите пораснаа за дури 7 отсто. Во анкетата што ја направи Reuters, се проценува дека во ноември бројот на вработените во САД пораснал за 122 илјади Иако извештајот за вработеноста во САД е извонредно важен, инвеститорите и натаму се најмногу концентрирани на трошоците за задолжувањето во Европа, Приносите на француските и на шпанските државни обврзници во средата паднаа, благодарејќи на добрата побарувачка, но таа пауза би можела да биде куса доколку европските лидери не успеат да се усогласат околу убедлив план за справување со должничката криза.И додека европските стопанства поради должничката криза потонуваат во рецесија, американското стопанство е во прилично добра форма. Според извештајот на американскиот Институт за менаџери за набавка, индустриската активност пораснала во ноември на најголемото ниво од јули, а пораснале и новите порачки. Меѓутоа, бројот на нови барања за помош на невработените пораснал минатата седмица за четири илјади, 402 илјади, што покажува дека пазарот на трудот не се опоравува значително. И на европските берзи цените на акциите во четвртокот имаа благ пад. Лондонскиот FTSE 100 ослаби за 0,29 отсто на 5.499 поени, франкфуртскиот DAX за 0,87 отсто на 6.035 поени а парискиот CAC 40 за 0,78 отсто на 3.129 поени./крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Франција го казни „Шеин“ со 40 милиони евра за лажни попусти

Франција го казни кинескиот онлајн-продавач на облека „Шеин“ со 40 милиони евра за заведување на клиентите со тврдења за попусти.
Од 1 октомври 2022 година до 31 август DGCCRF анализира наводно намалени цени за илјадници производи на француската веб-страница на „Шеин“.
Истрагата откри дека некои цени на платформата биле зголемени непосредно пред попустите или не ги вклучувале претходните попусти, објави регулаторот. Цените на повеќе од половина од анализираните производи, 57 проценти, воопшто не биле намалени, откри DGCCRF, а речиси една петтина од попустите биле помали од рекламираните.
Во 11 проценти од случаите цената била уште повисока, објави DGCCRF. „Шеин“ исто така не успеа да достави докази на својата веб-страница за да ги поткрепи своите тврдења за еколошки свесно работење, како што е намалувањето на емисиите на стакленички гасови за 25 проценти.
(Фото: ЕПА)
Економија
(Видео) Николовски: Власта удри по земјоделците, крати 478 милиони денари во ребалансот

Власта предлага антинароден и расипнички ребаланс на буџетот, со кој се кратат 478 милиони денари од поддршката за земјоделците. Во најголемиот буџет власта нема пари за земјоделците, нема пари за поголеми субвенции, но затоа има повеќе пари, 30 милиони евра за владиниот луксуз, обвини пратеникот од СДСМ, Љупчо Николовски.
Тој додаде дека во време кога земјоделците се соочуваат со драстично зголемени трошоци за нафта, ѓубрива, механизација и работна рака, власта им го завртува грбот. Наместо поддршка, рече Николовски, добиваат игнорирање.
„Спротивно на оваа антинародна политика, СДСМ останува цврсто на страната на земјоделците. Пратеничката група на СДСМ поднесува амандмани со кој бара да се врати предвидената сума за субвенции и дополнително бара конкретни мерки за реална поддршка на земјоделското производство“, рече тој.
Николовски додаде дека СДСМ предлага враќање на поддршката од 12.000 денари по грло говедо за сточарите; зголемување на поддршката за оризова арпа за реколта 2024; интервентна субвенција од 8 денари по килограм сончоглед; поддршка од 5 денари по килограм за предадена пченица; мерка од 3 денари за продадена пченка во откупни капацитети; враќање на мерката од 1.000 денари за предадено јагне и итна распределба на картичките за зелена нафта за 50.000 земјоделци.
Николовски кажа дека СДСМ и во време на ковид пандемија и војна во Украина не кратела од земјоделците туку напротив, интервенирала со дополнителни субвенции, закони и програми.
„Апелираме до Владата: наместо да уриваат што е создадено, продолжете ги добрите практики кои функционираа. Не ги оставате земјоделците сами, не им кратете од она што им припаѓа! Земјоделството не смее да биде жртва на вашата расипничка политика“, рече Николовски.
Економија
Конституенцата на ММФ и СБ: Народната банка e столб на макроекономската и на финансиската стабилност

Гувернерот Трајко Славески, и министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, ја предводеа делегацијата на годишниот состанок на Конституенцата на Меѓународиот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка (СБ), на која ѝ припаѓа нашата земја, а којшто годинава се одржува во Луксембург.
Дел од делегацијата е и вицегувернерката Ана Митреска. На билатералните средби коишто ги остварија беше потврдена улогата на Народната банка како столб на макроекономската и финансиската стабилност во земјава.
За време на средбите со високите претставници од ММФ и Светската банка − Јерун Клик, Марникс ван Рај, Марк Хортон и Јуџин Ругенаат − се водеа плодни дискусии за сегашните предизвици на централните банки.
Во рамките на дијалогот беше истакната важноста на координацијата меѓу централните банки и меѓународните финансиски институции за унапредување на финансиската вклученост, дигитализацијата на финансискиот систем и унапредувањето на регулативните рамки. Се разговараше и за начините на кои Народната банка ја поддржува макроекономската стабилност преку ефикасно управување со монетарната политика и силна регулаторна улога.
Овие средби ја потврдија довербата во капацитетот и посветеноста на Народната банка како стабилен и кредибилен партнер, што придонесува кон создавање отпорна и успешна економија, со подобри услови за граѓаните и за стопанските субјекти.
Народната банка и во иднина ќе биде посветена на својата мисија за обезбедување сигурност и стабилност на финансискиот систем, како основа за одржлив економски развој и напредок на земјава.