Спорт
Фергусон го поддржува колегата Капело
Во Англија не стивнува бурата, откако Фудбалската асоцијација (ФА) му ја одзеде капитенската ленат на Џон Тери. Во одбрана на селекторот Фабио Капело, кој искажа јавно незадоволство од одлуката на ФА, застана сер Алекс Фергусон.
Во Англија не стивнува бурата, откако Фудбалската асоцијација (ФА) му ја одзеде капитенската ленат на Џон Тери. Во одбрана на селекторот Фабио Капело, кој искажа јавно незадоволство од одлуката на ФА, застана сер Алекс Фергусон. Менаџерот на Манчестер Јунајтед ги предупреди челниците на ФА дека Капело треба да биде тој којшто ќе ги носи најважните одлуки поврзани со националниот тим. „Сите ние имаме право на сопствено мислење, а моето е исто како она на Капело. Во ФА мора да ги исправат односите со селекторот, затоа што тој е најважната личност во репрезентацијата. Тој ги носи најважните одлуки и господата во сојузот тоа мора да го разберат“, порача Фергусон. Фабио Капело беше присутен на синоќешниот натпревар меѓу Ливерпул и Тотенхем, но одби да ја коментира новонастанатата ситуација. Целиот случај може да добие нова димензија, по изјавата на министерот за спорт Хју Робертсон, која ја поддржа одлуката на ФА. „Според мене, ФА донесе тешка но исправна одлука. Доколку цената на оваа одлука биде заминување на Капело и Тери од репрезентацијата, тогаш нека биде така“, порача Робертсон. Со цел да биде надмината оваа напната состојба на релација ФА – Фабио Капело, првиот човек на Асоцојацијата, Дејвид Бернстајн, планира следните денови да се сретне со Капело./крај/totalsport/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

