Спорт
Скопскиот маратон во официјалниот ИААФ календар

Скопскиот маратон, петти по ред што ќе се одржи во недела на 8 мај, првпат ќе влезе во официјалниот календар на Меѓународната атлетска федерација и пласманот ќе биде бодуван
„Тоа значи дека пласманите на Скопскиот маратон ќе носат бодови за учесниците кои се земаат предвид за учество на светските првенства и на олимпијадите“, соопшти градоначалникот на Скопје Коце Трајановски на денешната прес-конференција по повод маратонот.Ќе се трча во три дисциплини. Во трката на 5.000 метри каде право на учество имаат сите граѓани кои ќе се пријават, и којашто има хуманитарен карактер, се очекува настап на околу 2.000 учесници. Ќе се трча и полумаратон (21 км), како и маратон, а на овие две трки се пријавени вкупно 500 атлетичари.Скопскиот маратон е истовремено и Балканско првенство во маратон, на кое ќе настапат маратонци од сите балкански земји, со исклучок на Босна и Херцеговина и на Грција.Ќе учествуваат маратонци од 33 држави, а главни фаворити се атлетичарите од Кенија, истакна Директорот на Агенцијата за млади и спорт Диме Спасов.Директорот на трката, Кире Синадиновски ги прикажа новите натпреварувачки броеви кои имаат чипови за електронско мерење на постигнатото време. За трката обезбедени се средства од 10.000 евра од ЕУ, исто толку и од АМС, а градот Скопје учествува со 5.000 евра. Парични награди се обезбедени за првите три места во маратон и полумаратон, како и за најдобро пласираните македонски маратонци. Во организацијата на трката се вклучени 300 волонтери и 200 припадници на сообраќајната полиција, а дел од улиците на Скопје за време на маратонот ќе бидат затворени за сообраќај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
„Аптекарите“ го завршија трансферот на Кванса

Баер Леверкузен и Ливерпул продолжија да си ја вршат размената на летниот фудбалски пазар.
Откако шампионот на Англија ги купи Флоријан Вирц и Џереми Фримпонг од вицешампионот на Германија за огромни суми пари, сега еден играч на Ливерпул замина во спотивната насока.
Фабрицио Романо објави дека Баер го купил талентираниот англиски стопер Џарел Кванса за 30 милиони евра.
Доколку Кванса исполни одредени бонуси, трансферот ќе се зголеми за уште пет милиони евра.
Кванса потпиша договор со тимот од Леверкузен до 2030 година и ќе го замени Џонатан Тах, кој се пресели во Баерн Минхен. Важна клаузула во договорот е дека Ливерпул ќе има да го врати дефанзивецот за одредена сума.
Кванса (22) моментално игра за Англија на Европското првенство до 21 година, а синоќа ги одигра сите 90 минути во победата од 3:1 над Шпанија, по што Англичаните се пласираа во полуфиналето, каде што ќе се соочат со Холандија.
Спорт
Рашфорд: Би сакал да играм со Јамал

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд, изјави дека би сакал да игра со еден од најталентираните играчи во светот, асот на Барселона, Ламин Јамал.
Рашфорд ја помина втората половина од минатата сезона на позајмица во Астон Вила, а моментално тренира во Шпанија за да ја одржи својата форма пред почетокот на тимските подготовки.
Постојат многу шпекулации за тоа каде всушност ќе настапува следната сезона, бидејќи го напушти „Олд Трафорд“ на краток рок токму поради несогласување со тренерот Рубен Аморим.
На прашањето дали би сакал да игра со Јамал, Рашфорд рече дека е задоволство да игра со најимпресивните фудбалери.
„Да, секако. Секој сака да игра со најдобрите. Се надевам… ќе видиме.“
Јамал, имаше огромно влијание во освојувањето на двојната круна од страна на Барселона во Шпанија и пласманот до полуфиналето на Лигата на шампионите. Тој исто така се истакна во дресот на Шпанија на Европското првенство во 2024 година, каде што „црвената фурија“ ја освои титулата.
Во април се појави информација дека Рашфорд верува дека нема да игра за Манчестер јунајтед додека Рубен Аморим е тренер на тимот. Португалецот го отстрани од тимот уште во декември, по што Рашфорд го помина остатокот од сезоната на позајмица во Астон Вила.
Спорт
Антони одбил трансфер во Комо

Крилниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Антони, ја одбил можноста да се пресели во Комо.
Антони, вториот дел од сезоната го мина на позајмица во Бетис. Успеа да се врати во форма по разочарувачкиот период на „Олд Трафорд“, му помогна на Бетис да дојде до шестото место во Примера и да игра финале во Конференциската лига.
Инсајдерот, Фабрицио Романо објави дека Антони сака да се врати во Бетис. И шпанскиот клуб има желба да го ангажира Антони, но нема пари да го откупи неговиот договор од Манчестер јунајтед.
Планот на Бетис е да издејствува уште една позајмица, а договорот да го откупи по завршувањето на сезоната 2025/206.