Свет
За два месеца продолжена програмата за помош на Грција

Еврозоната одлучи за два месеца да ја продолжи програмата за финансиска помош на Грција којашто истекува на 31-ви декември, објави во понеделникот доцна вечерта во Брисел.
Еврозоната одлучи за два месеца да ја продолжи програмата за финансиска помош на Грција којашто истекува на 31-ви декември, објави во понеделникот доцна вечерта во Брисел.
„Министрите за финансии на земјите од еврозоната (Еврогрупата) е подготвена на Грција технички да ѝ ја продолжи сегашната програма помош за два месеца“, се вели во соопштението на министрите коишто дебатираа во Брисел.
Одлуката треба да ја одобрат парламентите на неколку држави членки на еврозоната.
„Властите на Грција напредувале од нашата прва средба во ноември (…), но недоволно за сега или до крајот на годината ‘тројката’ (Европската централна банка – ECB, Европската комисија и Меѓународниот монетарен фонд – ММФ – з.р.), да ја заврши ревизијата“, изјави за новинарите, претседателот на еврогрупата Јероен Дијсеблом.
Продолжувањето на програмата за помош ќе овозможи да се заврши ревизијата и „да се отвори патот за новата транша помош од 1,8 милијарди евра“, додаде Дијсеблом.
Претходно во Брисел се споменуваше можноста од шестмесечно продолжување на помошта. Сепак, претседателот на Еврогрупата оцени дека два месеца се доволен период грчките власти и „тројката“ да ги разрешат сите несогласувања и да стават крај на пат-позицијата во којашто се веќе неколку месеци наназад.
Претставниците на „тројката“ и на владата во Атина не се согласуваат по неколку прашања, поради што не беше навреме исплатена последната транша од 1,8 милијарди евра, од вкупниот пакет од над 240 милијарди евра.
Грчкиот парламент рано утрото во понеделникот со неубедливо мнозинство го изгласа буџетот за 2015 година, меѓутоа доверителите на Грција оценуваат дека на земјата ќе ѝ бидат неопходни дополнителни 2 до 3 милијарди евра во следната година за да ги исполни своите цели. Атина, којашто во напорната непопуларна програма за меѓународна помош влезе од 2010 година за да го избегне банкрот и излегувањето од еврозоната, ја отфрла ваквата процена.
По истекувањето на периодот од сегашната програма за помош, еврозоната планира да ѝ одобри на Грција превентивна линија помош, којашто треба да ги примири пазарите на капитал и на земјата да ѝ овозможи пристап до нив. Таа превентивна помош би била следена со поблаги услови во однос на сегашната програма за помош во која „тројката“ бара нови остри мерки за штедење, односно натамошно непопуларно кратење на платите, пензиите и социјалната помош, како и корекција во даночните политики./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пресврт во трговската војна – САД побараа разговори со Кина

Соединетите Американски Држави се обратија до Кина за да побараат разговори за царините од 145 проценти што ги воведе претседателот Доналд Трамп, а вратата на Пекинг е отворена за разговори, соопшти утрово кинеското Министерство за трговија сигнализирајќи потенцијално ублажување на трговската војна.
„САД треба да бидат подготвени да преземат мерки за да ги исправат погрешните практики и да ги откажат едностраните царини“, соопшти Министерството за трговија додавајќи дека Вашингтон мора да покаже искреност во преговорите.
„Обидот да се искористи разговорот како изговор за принуда и изнуда нема да функционира“, соопшти Министерството за трговија.
Пекинг отворено го изрази својот гнев поради царините за кои вели дека не може да го запрат подемот на втората по големина економија во светот. Тој го фокусира својот гнев на поттикнување на јавната и глобалната осуда на американските ограничувања за увоз.
„Кина сака да се сретне и да разговара за трговија, а разговорите ќе следуваат набргу“, изјави синоќа американскиот државен секретар Марко Рубио за „Фокс њуз“.
„Нашиот министер за финансии Скот Бесент е вклучен во овие напори и нивните дискусии ќе следуваат набргу“, рече тој додавајќи дека прашањето е колку САД треба да купуваат од Кина во иднина.
Трамп завчера изјави дека верува оти постои многу голема шанса неговата администрација да постигне договор со Кина.
Тој го изјави ова неколку часа откога кинескиот претседател Шји Џјинпинг ги повика официјалните лица да преземат мерки за приспособување кон промените во меѓународната средина, без конкретно да ги спомене САД.
Економија
Скок на берзите по објавата на Трамп за стопирање на царините

Берзите силно растат по објавата на претседателот на САД, Доналд Трамп, за стопирање на царините.
Брз поглед на тоа како некои клучни индекси на Волстрит пораснале:
Dow Jones порасна за 5,76 отсто
S&P 500 порасна за 6,46 отсто
Nasdaq порасна за 8,04 отсто
Од вчерашното затворање на пазарот, омпаниите од S&P 500 изгубија пазарна вредност од 5,8 трилиони долари од објавувањето на тарифите на Трамп минатата среда. Тоа е најдлабоката загуба од четири дена од основањето на индексот во 1950-тите, според податоците на „ЛСЕГ“.
Економија
Германија тврди дека трговската војна би била штетна и за САД

Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, предупреди на опасностите од трговската војна со Соединетите Американски Држави, а сега слично предупредување доаѓа и од Германија.
Германија, најголемата европска економија и трета по големина во светот според податоците на Светската банка, предупредува дека реципрочните тарифи ќе бидат штетни за сите инволвирани страни пред објавувањето на новите царини подоцна денеска од страна на Трамп.
„Трошоците за трговска војна не паѓаат само на едната страна, туку може да станат скапи за двете страни“, рече владиниот портпарол Штефен Хебестрајт.
Тој додаде дека Берлин е „подготвен да преговара на европско ниво со Соединетите Американски Држави“ за да не биде вовлечен во трговска војна.
Германската економија е многу зависна од извозот, особено од возилата и автоделовите. Според податоците на германската влада, минатата година биле извезени приближно 3,4 милиони нови автомобили, од кои околу 13 проценти биле увезени во САД.