Свет
Убиени дванаесет бунтовници во Дагестан
Според министерот за внатрешни работи на Дагестан, Аделгереј Могамедагиров, меѓу убиените во операцијта на специјалните единици во Карабудакенскиот регион имало странски платеници. Во судирот загинале двајца специјалци
„Од 12-мината припадници на разбиената вооружената група на Закарјев, најмалку тројца се странски платеници“, сооштило дагенстанското министерство за внатрешни работи. Министерот Аделгереј Могамедагиров додал дека се’ уште не се идентификувани убиените бунтовници, затоа што кај нив не се најдени никави документи. Операцијата на специјалците траела три дена и се одвивала во околината на јужното дагестанско село Какашура, 30 километри јужно од главнито град Махачкала.„Припадници на Центарот на специјалните единици на Федералната сложба за безбедност (ФСБ) на Руската федерација, во соработка со штабот на специјачните единици на внатрешните војски (неодамна формирана воена во која учествуваат девет поранешни советски републикаи) на три киломитра од Какашура најдоа девет трупови на бунтовници. Таму се наоѓала и база на поголема терористичка група“, изјавил за РИА Новости висок претставник на безбедносните служби.Ликвидацијата на бунтовниците и базата нападнати во саботата во 11 часот по локално време. „Во продолжение на акцијата во реонот продолжува потрагата по другите челнови на бандата. Во базата било најдено големо количество оружје и муниција“, додал неименуванито извор на агенцијата. Според ноговото кажување, дека од бунтовниците загинале при ракетирање од воздух.Станува збор за поширока воено-полициска акција за чистење на терористичките банди кои за руските и дагестанските власти настапуваат од исламистички и криминални позиции. Акцијата е преземена откако во средата се одвивал жесток вооружен сидури меѓу полицијата и бунтовниците. Во првите два дена од операцијата, загинале пет војници а три припадници на безбедноста биле ранети. Во четвртокот, пак, била нападната групата на Магомедал Вагабов во реонот на Горно-Лесистој, при што се водела жестока битка со употреба на сите видови пешадиско оружје, како и ракетни фрлачи. Борбата се водела до вечерните часови, кога бунтовниците се обиделе да се извлечат под закрила на темнината, но биле ликвидирани бидејќи целиот регион бил опколен од пропадници на специјалните единици. И Губден Магомедали Вагабов е водач на дел од банда кој е баран со федерална и меѓународна потерница за повеќе десет злосторства за кои е обвиент. Неговата група веќе неколку години дејствува на територијата на Карабудакенскиот и соседниот Сергокалински регион на Дагестан кој граничи со немирната Чеченија. Во претхоните акции, полицајаците ги убиле татко му и брат му.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Најновите документи за Епстин ме ослободуваат од обвинувањата
Американскиот претседател Доналд Трамп, реагираше на објавувањето на повеќе од три милиони страници документи поврзани со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, тврдејќи дека документите го ослободуваат од обвинувањата.
– Не сум ги видел документите лично, но некои многу важни луѓе ми кажаа дека тие не само што ме ослободуваат, туку покажуваат спротивно од она што радикалната левица и другите го очекуваа, им рече Трамп на новинарите во претседателскиот авион „Air Force One“, пренесува „Тајмс“.
Трамп, кој призна дека бил пријател со Епстин, повеќепати негираше каква било вмешаност или сознанија за неговите сексуални злодела, истакнувајќи дека нивното пријателство завршило пред многу години.
Министерството за правда на САД предупреди дека објавените документи можат да содржат „невистинити и сензационалистички“ тврдења за Трамп.
Министерството за правда на САД завчера објави повеќе од 3,5 милиони страници документи, околу 2.000 видео-снимки и 180.000 фотографии во рамките на новата серија материјали поврзани со случајот на осудениот сексуален престапник Џефри Епстин.
Свет
Зеленски: Новата рунда трилатерални преговори со Русија и САД ќе се одржи на 4 и 5 февруари
Новата рунда преговори меѓу Украина и Русија, со посредство на САД, ќе се одржи во Абу Даби, Обединетите Арапски Емирати, в среда и четврток (4 и 5 февруари), најави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Зеленски нагласи дека Киев е подготвен за „суштинска дискусија“.
Тој истакна дека информациите доаѓаат од украинскиот преговарачки тим кој денеска требаше да одржи разговори со руската делегација.
„Нашиот преговарачки тим штотуку даде извештај. Датумите за следните трилатерални состаноци се одредени: 4 и 5 февруари во Абу Даби. Украина е подготвена за суштински разговори и ние сме заинтересирани исходот да нè доближи до вистински и достоинствен крај на војната (Москва-Киев). Ви благодариме на сите што помагате!“, рече тој.
Ни Москва ниту Вашингтон не ги потврдија информациите што ги сподели Зеленски.
Претходно, повеќе западни медиуми јавија дека денешната средба на претставници на рускиот и украинскиот тим е одложена, а дипломатскиот фокус е насочен кон средината на претстојната недела.
Свет
(Видео) Сведоштво на мајката и сопруга на уапсените за марихуаната поврзана со Македонија
Членови на семејството Спасојевиќ и нивни соседи се огласија по заплената на повеќе од пет тони марихуана на семеен имот во околината на Крушевац, случај кој српските власти го оценуваат како една од најголемите акции против организираниот криминал во историјата на земјата.
Ана Спасојевиќ во изјава за српскиот таблоид „Република“ изјави дека семејството било угледно и дека не била свесна што се чува на имотот. Таа наведе дека знаеле нејзиниот сопруг и синот, но дека, според она што ѝ било кажано, станувало збор за нешто што привремено било оставено таму, само неколку дена.
„Не ми е важно кој го сторил тоа, сè ќе се открие во истрагата. Ова ни се случува првпат во животот, ништо слично никогаш не сме имале“, изјави Спасојевиќ, додавајќи дека целата ситуација тешко ѝ паѓа и дека поради стресот не може да спие и зема терапија за смирување.
И соседите изразуваат неверување. Комшиката Радмила Тодосијевиќ изјави дека веста за пронаоѓањето на дрогата ја затекнала и ја вознемирила, нагласувајќи дека семејството го познавала како работливо и чесно. Таа посочи дека Спасојевиќи со години живеат таму и се занимаваат со земјоделство, одгледување овошје и зеленчук, додавајќи дека немала никакви сознанија за нелегални активности.
Во меѓувреме, српскиот министер за одбрана Братислав Гашиќ им честиташе на припадниците на Министерството за внатрешни работи и на безбедносните служби за, како што рече, исклучително успешно спроведената акција кај Крушевац. Според него, станува збор за еден од најголемите и најзначајни успеси на српската полиција во борбата против организираниот криминал.
„Оваа историска акција јасно покажува дека во Србија нема заштитени и дека секој што ќе помисли дека може да се сокрие зад партиска книшка за да врши кривични дела – нема да успее. Секој што се занимава со криминал ќе биде најстрого казнет и процесуиран согласно законот“, порача Гашиќ, нагласувајќи дека борбата против криминалот и корупцијата е апсолутен приоритет на државата и дека се води без компромиси и без исклучоци.
‼️Супруга Радета, од кога је заплењено јуче пет тона марихуане каже:
👉 “Ми смо угледна породица и све ово је колатерална штета”.
А затим каже да су супруг и син ЗНАЛИ да је то дрога.
Па онда каже…
ПАЗИТЕ САД 👇
САМО су требали да причувају на пар дана, док “неко” не… pic.twitter.com/xxJGRxQHcY
— Инжењер 🇷🇸 (@Ortodox_Serb) January 30, 2026

