Македонија
Пратеникот од Демократската партија на Македонците положи заклетва во Собранието на Србија
Собранието на Србија денеска го верификуваше мандатот на новоизбраните пратеници на последните парламентарни избори, а пратениците, меѓу кои пратеникот на Демократската партија на Македонците, положија заклетва.
За првпат по дисолуцијата на поранешна СФРЈ, Македонците во Србија добија пратеник од политичка партија на Македонците. Денес Демократската партија на Македонците стана парламентарна партија, а пратеникот од Демократската партија на Македонците, академскиот сликар Миле Спировски положи заклетва како пратеник во Собранието на Република Србија.
На последните парламентарни избори во Србија одржани на 6 мај годинава, Македонците добија еден пратеник во Собранието на Србија. Демократската партија на Македонците со Српската напредна странка на претседателскиот кандидат Томислав Николиќ во коалицијата “Покренимо Србију“ обезбеди едно пратеничко место, академскиот сликар Миле Спировски.
Миле Спировски стана пратеник како кандидат на Демократската партија на Македонците во Србија во коалицијата “Покренимо Србију“ чиј носител е Српската напредна странка на претседателот на Републиката Томислав Николиќ.
Светскиот Македонски Конгрес упати поздравна телеграма до пратеникот Миле Спировски, до Демократската партија на Македонците во Србија и до Македонската заедница во Србија за изборните резултати, интеграцијата во општеството и остварувањето на правата на Македонците во Србија./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски – Нејнски: Односите меѓу Македонија и Бугарија треба да се градат врз принципите на добрососедство и пријателство
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово оствари телефонски разговор со новоименуваната министерка за надворешни работи на Република Бугарија, Надежда Нејнски.
Министерот Муцунски упати искрени честитки по повод нејзиното именување и ѝ посака успех во извршувањето на функцијата.
Во рамки на разговорот, тој нагласи дека односите меѓу двете земји треба да се градат врз принципите на добрососедство, пријателство и конструктивна соработка.
Воедно, беше иницирана билатерална средба меѓу двајцата министри, која би се реализирала во наредниот период.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Ристоска да биде реална и искрена и да престане да лобира кај функционери на ВМРО-ДПМНЕ
Ленче Ристоска која е навикната на подобноста од времето на СЈО, мора да знае дека ова се други времиња и потребни се лица со интегритет, професионалност и одговорност да извршуваат таква позиција, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристоска мора да е свесна дека има јасни критериуми за таа позиција и дека ако таа е навикната подобноста да е еден од нив, како што тоа беше во СЈО каде таа беше десна рака на Јанева, тоа овој пат не е случај. Ова се други времиња и потребни се интегритет, професионалност, одговорност. Дури и во Мамас како фирма примале лица со повисоки критериуми од критериумите кои ги практикувале при прием на кадри во СЈО. Чудно е од друга страна пак што ист човек во својата приватна фирма (Мамас) да прима луѓе по одредени критериуми, а кога бирал за државно обвинителство примал луѓе кои беспоговорно го слушаат и без никакви критериуми. Инаку мора да сме искрени, подобноста е најсилниот атрибут и особина на Ристовска и нејзиниот неизбор е токму сигнал дека тоа овде не е пресудно, туку далеку поразлични и побитни критериуми“, велат од партијата.
Од таму и порачаа на Ристоска барем да биде реална и искрена, и додека говори јавно за подобност и критериуми, и глуми, велат од ВМРО-ДПМНЕ, барем да престане да лобира кај функционери на ВМРО-ДПМНЕ.
„Не е ова СДС и СЈО. Тоа време помина“, велат од партијата.
Македонија
Реконструиран патот кон Манастир Пеленица: Инвестиција од над 475.000 евра за подобра безбедност и пристапност
Успешно е реализиран проектот за реконструкција (рехабилитација) на коловозот и изработка на тротоар на патот кон Манастир Пеленица, соопшти премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи.
„Инвестицијата од 29.320.330 денари (околу 475.000 евра) придонесе за модерна и одржлива патна инфраструктура, подобрена пристапност до манастирскиот комплекс и повисоко ниво на безбедност за посетителите и локалното население. Проекти за трајна промена – темели за сигурна иднина“, напиша Мицкоски.

