Свет
Фотограф од ЈАР убиен во Либија
Австриски фотограф кој работел за медиуми од Јужна Африка, Антон Хамерл, кој исчезна во Либија на почетокот од април, е убиен од страна на владините трупи, пренесува AFP повикувајќи се на член на неговото семејство.
Австриски фотограф кој работел за медиуми од Јужна Африка, Антон Хамерл, кој исчезна во Либија на почетокот од април, е убиен од страна на владините трупи, пренесува AFP повикувајќи се на член на неговото семејство.Во средата, на 18 мај неколку медиуми објавија дека се водат за исчезнати во Либија, од 4 април, четири странски новинари: двајца Американци, еден Шпанец и новинар од Јужна Африка кој беше ослободен. Но, веднаш потоа Reuters појасни дека меѓу ослободените не е фотографот од Јужна Африка ,туку британскиот новинар Најџел Чендлер. Притоа не беше соопштено дали новинарите имале акредитации.Претходно, Националната телевизија на Шпанија (TVE1) објави дека возилото во кое се превезувале на 4-ти април четворицата новинари било запрено на автопатот што води од градот Аџдабија кон градот Марса ен-Брега. Либиските војници ги извадиле новинарите од автомобилот, кој потоа бил запален, а нив ги притвориле. Сè уште е непознато дали меѓу нив бил Австриецот Антон Хамерл.„Антон беше убиен од страна на силите на Гадафи во едно многу оддалечено место во либиската пустина. Според сведоците, се здобил со такви рани што не можел да преживее без итна медицинска помош“, објавил роднина на фотографот на својата страница на Фејсбук. Кон крајот на април, при покривање на настаните во опколениот од страна на силите на Моамер ел- Гадафи град Мисрата, загина британскиот фотограф и режисер Тим Хетерингтон, авторот на номинираниот за Оскар минатата година филмот „Рестрепо“ (Restrepo )./крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Европскиот парламент усвои построги и побрзи правила за азил
Денес, Европскиот парламент усвои измени на регулативите на ЕУ за постапката за азил со цел да се овозможи побрза обработка на барањата за азил.
Амандманите, кои ја вклучуваат изменетата листа на безбедни земји од ЕУ, беа усвоени со 408 гласови „за“, 184 „против“ и 60 „воздржани“, а на истата седница европратениците одобрија и договор за регулативата за спроведување на концептот на безбедна трета земја, со 396 гласови „за“, 226 „против“ и 30 „воздржани“.
Новата листа на безбедни земји на ниво на потекло на ЕУ ќе овозможи брзо решавање на барањата за азил на граѓани на Бангладеш, Колумбија, Египет, Индија, Мароко, Тунис.
Според новите правила, поединечниот барател мора да покаже дека одредбата за безбедна земја не треба да се применува во неговиот случај поради основан страв од прогон или ризик од сериозна неправда ако се врати во својата земја.
Земјите кандидати за пристапување во ЕУ ќе се сметаат за безбедни земји на потекло, освен ако релевантните околности не укажуваат поинаку, што вклучува неселективно насилство во контекст на вооружен конфликт, стапка на признавање азил на нивните граѓани на ниво на ЕУ што е поголема од 20 проценти и економски санкции поради дејствија што влијаат врз основните права и слободи.
Комисијата ќе ја следи ситуацијата во земјите на листата и во земјите кандидати и ќе реагира доколку околностите се променат, се вели во соопштението на ЕП.
Известувачката Лена Дипонт од Германија оцени дека денешното гласање за концептот на безбедни трети земји обезбедува уште еден клучен елемент за функционален и кредибилен систем за азил.
„Со овозможување побрзо и поефикасно отфрлање на очигледно неосновани барања за азил во иднина, ги забрзуваме процедурите за азил, ги олеснуваме системите на земјите-членки и им помагаме на луѓето да не бидат во правна неизвесност со години“, рече таа.
Пред да стапат во сила, овие регулативи треба да бидат усвоени од Европскиот совет, пренесува Танјуг.
Свет
Макрон: Ова е повик за будење за Европа, мора да почнеме да се однесуваме како светска сила
Францускиот претседател, Емануел Макрон, ја повика Европа да се наметне на светската сцена, предупредувајќи дека континентот се соочува со „повик за будење“ поради растечките закани од Кина, Русија, па дури и од САД.
Пред самитот на ЕУ оваа недела во Брисел, Макрон изјави за неколку европски весници дека е време Европа да почне да се однесува како „светска сила“, објави Би-Би-Си.
„Европа денес се соочува со огромен предизвик, во свет кој е во хаос“, предупреди Макрон во интервју.
„Дали сме подготвени да станеме светска сила? Тоа е прашање што се однесува на економијата и финансиите, одбраната и безбедноста, како и на нашите демократски системи“, рече тој. „Во друга ера, би можеле да кажеме дека ова е моментот за полнолетство“.
Макрон го повтори својот повик за заедничко задолжување на ниво на ЕУ за да се соберат стотици милијарди евра потребни за индустриски инвестиции.
„Време е да се започне заедничко задолжување за финансирање на нашите идни трошоци – еврообврзници за иднината. Ни требаат големи европски програми за финансирање на најдобрите проекти“, рече тој.
фото/Depositphotos
Свет
Калас: Ќе предложиме услови што Русија мора да ги исполни
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денес изјави дека ЕУ ќе предложи список на отстапки што Европа треба да ги побара од Русија како дел од решението за прекин на војната во Украина.
„Сите на масата, вклучувајќи ги Русите и Американците, мора да разберат дека Европејците се потребни за да се постигне мировен договор“, изјави Калас пред група новинари на новински агенции во Брисел, според Ројтерс.
Според неа, ЕУ има услови за тоа.
„И овие услови не треба да им се наметнуваат на Украинците, кои веќе се под голем притисок, туку на Русите“, истакна таа.

