Свет
За рускиот долг се уште не е пресечено, вели Бучковски
Бучковски:Овде нема случај, ниту тој ќе прерасне во криза во Владата. Ниту некој ќе нуди ниту некој ќе бара оставка
Владата в понеделник повторно ќе разговара за начинот на наплата на долгот од Русија
Бучковски:Овде нема случај, ниту тој ќе прерасне во криза во Владата. Ниту некој ќе нуди ниту некој ќе бара оставка
“Овде нема случај, ниту ќе прерасне во каква било криза во Владата. Ќе нема реконструкции или нудење и барање оставка. Целата работа ќе излезе: се тресеше гората – се роди глушец. Топката е спуштена меѓу министерот Никола Поповски и вицепремиерот Минчо Јорданов, меѓу кои се обидов да наметнам дух на разбирање. Но, в понеделник случајот со наплатата на рускиот долг повторно ќе се разгледува. Сите ќе го кажеме она што имаме да го кажеме и ќе се сослушаме”. Вака премиерот Владо Бучковски вчера коментираше за последната кавга во владиниот кабинет.
“Во овој момент е договорено в понеделник на седница на Влада да ја прегледаме уште еднаш точката за затворањето на клириншкиот долг од Руската Федерација, на овие принципи кои се сў уште генерална политика на Владата, а тоа е со стоки и услуги да го затвориме долгот. Но, од друга страна, треба да се почитува формализмот што ќе биде неопходен во таа процедура. Така што, топката е спуштена и мислам дека целата работа ќе ја решат токму заедно Поповски и Јордановви, изјави Бучковски.
Тој не гледа пречки долгот да се наплати преку гасен прстен, но не ја исклучува и можноста идејата да не се оствари. “Многу пати досега со Русите потпишувавме меморандуми, парафиравме договори и потоа немавме реализација. Така беше со опремата за РЕК ,,Битолааи, транспортниот авион, локацијата за амбасадата. Дали и гасниот прстен ќе се реализира, ќе покаже времето. Ако потпишеме договор за изградба, тоа ќе треба да го регулираме со ребалансот, каде што ќе биде главен зборот на парламентот. Ќе мора да биде известен и ММФ, како што и досега се правеше”, рече премиерот, повторувајќи дека министрите не требало предвреме да се препукуваат.
Бучковски разговарал за проблемот и со поранешната вицегувернерка во НБМ, Душанка Христова, која три години била вклучена во преговорите со Русите, за што има материјал на 70 страници, кој сега се препрочитува. “На маса биле ставени сите варијанти и искуства како другите држави го затворале клириншкиот долг со поранешниот СССР. Ние долго ги разгледувавме, па затоа и одлуката е донесена во октомври 2003. Имаше и опција која во една изјава ја врати Поповски, долгот да се сервисира во период од 15 години и да биде затворен до 2021, но тоа беше отфрлено. Отфрлена беше и понудата веднаш да ни платат со дисконт, бидејќи наместо 60 милиони долари ќе требаше да земеме само 20 милиони. Би требало во духот на судирот на прагматизмот и формализмот да се реши проблемот”, смета премиерот.
Но, за него би било многу лошо доколку работите ги враќаме во почеток и да бараме наплата во пари, наместо стока. “Ќе треба повторно да ја разгледуваме почетната платформа. Дали тоа ќе биде направено, не верувам, затоа што искуствата покажуваат дека вака најлесно ќе го затвориме долгот”, дециден е првиот министер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Политико: ЕУ дополнително ги заострува визите за Русите
ЕУ се подготвува да престане да издава повеќекратни шенгенски визи за руските граѓани, а во повеќето случаи ќе им се издаваат само еднократни визи, изјавија тројца европски претставници за „Политико“.
Новата политика, која се очекува да биде одобрена оваа недела, е најновата во серијата санкции против Москва поради нејзината војна во Украина. Исклучоци ќе бидат направени за хуманитарни случаи и за руски државјани кои имаат и државјанство на ЕУ.
Брисел веќе ја ограничи можноста за добивање шенген визи за руските граѓани.
Процесот стана поскап, побавен и со ограничени опции.
Регион
Црна Гора се поблиску до Европската Унија: познат е можниот датум за влез
Црна Гора го доби својот најповолен извештај за напредокот во европската интеграција откако ги започна преговорите за пристапување со Европската Унија. Европската комисија, во документ презентиран во Брисел во вторник, изјави дека земјата постигнала значителен напредок и дека би можела да ги заврши преговорите до крајот на 2026 година ако го задржи сегашното темпо на реформи, објави ДВ.
Шефицата за надворешна политика на Европската Унија и потпретседателка на Европската комисија, Каја Калас, изјави дека Црна Гора е „најподготвена за членство во ЕУ од сите земји-кандидатки“, нагласувајќи дека проширувањето на Унијата е реална можност во наредните години.
Комесарот за проширување, Марта Кос, додаде дека се приближува времето кога Брисел ќе започне со подготовките за склучување на Договор за пристапување со Црна Гора.
Црна Гора минатата година затвори четири преговарачки поглавја, а планира да затвори уште до крајот на годината. Европската комисија нагласува дека е клучно да се одржи стабилен напредок во реформите и политичкиот консензус, за да може процесот на преговори да се заврши до крајот на 2026 година.
Амбасадорот на Европската Унија во Црна Гора, Јохан Сатлер, го нарече ова „најдобриот извештај на Европската комисија за Црна Гора досега“, но предупреди дека следните 14 месеци ќе бидат клучни, особено во зајакнувањето на владеењето на правото и борбата против корупцијата и организираниот криминал.
Премиерот Милојко Спајиќ рече дека ова е најпозитивниот извештај досега, нагласувајќи дека Црна Гора постигнала напредок во 18 од 33 преговарачки поглавја. „Ги гледам препораките од Брисел како патоказ за Владата и Парламентот“, рече тој.
Германскиот амбасадор Петер Фелтен оцени дека Црна Гора „постигнала значителен напредок во сите поглавја“ и дека препораките се силен водич кон исполнување на преостанатите услови за членство.
фото: принтскрин
Свет
Словачка ја разгледува Полска како нова рута за увоз на гас
Словачкиот претседател, Петер Пелегрини, ја поздрави можноста земјата да увезува гас преку Полска, како алтернатива на рускиот природен гас.
По средбата со полскиот колега Карол Навроцки, Пелегрини истакна дека поврзувањето на гасните мрежи би овозможило диверзификација на енергетскиот увоз, доколку цените и транзитните такси бидат разумни.
Навроцки најави дека Полска има план да стане регионален центар за снабдување со американски течен гас. Двајцата лидери ја истакнаа важноста од инфраструктурното поврзување и имаат усогласени ставови за миграцијата и безбедноста во рамките на НАТО.

