Спорт
ЕП во Србија најгледано во историјата

Европското ракометно првенство кое во неделата заврши со победа на Данска ги собори сите рекорди на гледаност. Двонеделниот ракометен турнир на најдобрите европски репрезентации го гледале повеќе од 300.000 навивачи.
Европското ракометно првенство кое во неделата заврши со победа на Данска ги собори сите рекорди на гледаност. Двонеделниот ракометен турнир на најдобрите европски репрезентации го гледале повеќе од 300.000 навивачи. На 10-то ЕП беа одиграни 47 мечеви, во Ниш, Вршац, Нови Сад и Белград, полуфиналните мечеви и финалето во Белградската Арена ги проследија по 20.000 навивачи. Голем придидонес за соборување на рекордот на гледаност имаат и македонските фанови кои во голем број најпрвин во Ниш, а потоа и во Белград и даваа поддршка на репрезентацијата. На ЕП златниот медал го освои Данска која во финалето ја победи Србија со 21:19, додека бронзата замина за Хрватска, „коцкестите“ во малото финале ја совладаа Шпанија со 31:27. Данците обезбедија директен пласман на ОИ во Лондон, додека виза, низ квалификациите, за најголемиот спортски анстан ќе се обидат да изборат Македонија, Србија, Хрватска, Шпанија, Шведска, Унгарија, Полска и Исланд.Македонија од 6-8. април за место на олимпијадата ќе се бори со селекциите на Шведска, Унгарија и Бразил. крај/б92/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Јамал: Ние сме фаворити во Лигата на шампионите

Фудбалерот на Барселона Ламине Јамал ги даде своите прогнози во врска со Лигата на шампионите.
Барселона игра одлично во последно време, а главен придонес за добрите резултати има одличната форма на Рафиња, Јамал и Левандовски.
Младиот фудбалер го истакна својот тим како главен кандидат за освојување на Лигата на шампионите.
„Ние сме фаворити за освојување на Лигата на шампионите сега кога Ливерпул е елиминиран. Не се плашиме од ниту еден тим, ние сме семејство. Не сме истиот тим како лани против ПСЖ“, изјави Јамал.
Барселона во четвртфиналето од Лигата на шампионите игра против Борусија Дортмунд и ќе биде јасен фаворит.
Спорт
Богдановиќ и Зубац блескаа против лидерот во НБА лигата

Во вторникот вечерта во НБА лигата се одиграа само четири натпревари. Во дербито, ЛА Клиперс славеа над лидерот во лигата, Кливленд Кавалирс со 132:119.
Српско-хрватското дуо, Богдан Богдановиќ и Ивица Зубац блескаа против Кавалирс. Богдановиќ со 100 отсто реализација постигна 20 поени, а Зубац одигра еден од најдобрите натпревари во кариерата (28 поени, 20 скокови).
Клиперси до победата ги предводеше Кавај Ленард со 33 поени, додека 22 уфрли Џејмс Харден.
Од друга страна, фаворизираниот Кливленд го предводеа Штрус со 24, Мичел со 18 поени и 11 асистенции и Еван Мобли, Дариус Гарланд и Диандре Хантер со по 17 поени.
Резултати:
ЛА Клиперс – Кливленд 132:119
Голден Стејт – Милвоки 104:93
Бостон – Бруклин 104:96
Шарлот – Атланта 102:134
Спорт
Земјотрес во тенисот – Ѓоковиќ и колегите поднесоа тужба

Здружението на тенисери (PTPA), основано од Новак Ѓоковиќ, покрена правна постапка против управните тениски тела.
Документите беа поднесени во Окружниот суд на САД во Њујорк.
Во тужбата на 163 страници, меѓу другото, се вели дека „професионалните тенисери се заробени во наместена игра“ што им дава „ограничена контрола врз нивните сопствени кариери и брендови“.
Се критикува распоредот, системот на рангирање и контролата што постои кога е во прашање имиџот на играчите.
Жалбата беше поднесена од PTPA и 12 играчи, меѓу кои и Ѓоковиќ, неговиот ко-основачки партнер Васек Поспишил и Ник Кирjос – „во име на целата играчка популација“.
Со тужбата се бара крај на „монополската контрола“ на тениската турнеја, како и финансиска компензација од АТП, ВТА, ИТФ и ИТИА.
PTPA верува дека раководните тела функционираат како картел со тоа што склучуваат договори со турнири кои ги ограничуваат наградните фондови и ги спречуваат потенцијалните конкуренти да влезат на пазарот.
Тие сметаат дека распоредот е неодржлив, трае 11 месеци во годината, попатно барајќи од играчите да играат на преголема топлина или во раните утрински часови.
Поради ова, играчите страдаат од сериозни повреди на зглобот, лактот и рамото бидејќи топките се менуваат во текот на сезоната.
ITIA е обвинета за нарушување на приватноста поради пребарување на телефоните на играчите поради сомневање за корупција и допинг.
АТП годинава организира 60 настани во 29 земји. АТП тврди дека поделила 241,6 милиони долари на играчите во 2023 година.
ВТА оваа сезона нуди 51 турнир во 26 земји. Се истакнува дека во 2024 година на тенисерите им исплатила 221 милион долари.
Играчите често се жалеа дека не добиваат доволно висок процент од приходите што ги генерира спортот, поради што PTPA е создаден во 2020 година.