Македонија
Авганистан и мисијата ИСАФ – главни теми на Воениот комитет на НАТО

Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески во среда учествува на Конференцијата на Воениот комитет (ВК) на НАТО во формат на началници на генералштабови, која се одржува во командата на НАТО во Брисел.
На средбата на армиските лидери на земјите членки на НАТО и ПзМ, ќе се разгледуваат прашањата за состојбата во Авганистан и мисијата ИСАФ по изборите одржани во оваа земја, капацитетот на безбедносните сили на Авганистан, како и за плановите за распоредување во наредната фаза на ИСАФ.
На вториот дел од Конференцијата, во фокусот на учесниците ќе биде разгледувањето на развојот на Оперативниот план за мисијата ,,Одлучна поддршка” како форма на ангажирање на НАТО во пост-ИСАФ периодот.
Во рамките на Конференцијата, денес е предвидено генералот Котески да положи венец со свежо цвеќе на споменикот пред командата на НАТО во Брисел, а се очекува тој да оствари и повеќе средби на маргините на Конференцијата./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Сакале или не СДС, поквалитетно образование во Македонија ќе има

СДС не сакаат Македонија да има поквалитетен образовен систем. Да беше поинаку, ќе се заложеа во нивните 7 години власт да направат нешто корисно, наместо да го закотват образованието на дното на ПИСА, ТИМСС и Шангајската ранг-листа. Сега започнуваат вистински промени кои ВМРО–ДПМНЕ ги вети пред изборите, тие се дел од владината програма за работа, се реализираат и токму тоа е нивната болка, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на СДСМ за образованието.
„На празни прес-конференции СДС изразува загриженост за образованието, која до јуни 2024 година не постоеше. Постоеја само лични и партиски интереси во владеењето. Ја видовме и нивната „инклузивност“ и „транспарентност“, кога носеа концепции и одлуки со декрет, насилно и без консултирање на засегнатите чинители. Тоа јавноста не го заборави. Не ја заборави дрскоста на Мила Царовска и затоа се сега во опозиција.
Транспарентноста во креирањето на политиките е одлика на Владата предводена од ВМРО–ДПМНЕ. За секоја промена се консултира експертската и пошироката јавност, а така ќе биде и со Концепцијата за гимназиско образование за која во тек е јавна дебата. Се слуша мислењето на засегнатите, а како што и најави ресорната министерка, процесот ќе се заокружи со собраниска дискусија во која пратениците на СДС ќе можат да го кажат своето мислење, доколку го оформат дотогаш“, се истакнува во нивното соопштение.
Годинава за образованието според владејачката партија е одвоен најголем буџет досега.
Појаснуваат дека изнесува 38 милијарди денари со кои ќе се подобруваат наставата, инфраструктурните услови, правата и можностите за учениците, студентите, наставниците и професорите. Тоа, за ВМРО-ДПМНЕ е важен показател за посветеноста на актуелната Влада кон овој ресор.
„СДС и ДУИ не двоеја толку, бидејќи парите завршуваа во набавки за личен профит, како оние 10 милијарди денари за набавка на висококанцероген мазут“, додаваат од оваа партија.
Македонија
Почна изградбата на македонско-грчкиот граничен премин Маркова Нога

Почна изградбата на македонско-грчкиот граничен премин Маркова Нога.
Според премиерот Христијан Мицкоски, овој граничен премин е само уште еден чекор кон поврзување на двете Преспи – од едната и од другата страна на границата, а таквите примери се позитивни и за двете држави.
Во таа насока, како што рече Мицкоски, треба и понатаму да се градат односите, да се поврзуваме, затоа што само на тој начин можеме да бидеме во оптиката на поголемите држави.
„Што се однесува до самиот настан денес, покрај ова што денес го почнуваме, изградбата на овој граничен премин, јас сум и во Ресен, заедно со градоначалникот, заедно со луѓето од Ресен, да посетиме неколку проекти што се резултат од работата на администрацијата, на градоначалникот. Навистина импресивно и даваме поддршка за сето ова што се случува. Инаку, што се однесува до техничките карактеристики, инвестицијата и сѐ друго поврзано со изградбата на овој граничен премин, ќе ми дозволите да се заблагодарам на Европската Унија, на УНДП, на општините кои се опфатени – четири општини, две од Албанија, една од соседна Грција и една од кај нас, Ресен, нормално“, изјави Мицкоски.
Тој очекува набргу од денес и свечено ќе биде пуштен во употреба овој граничен премин.
Македонија
СДСМ: Дали министерот Лимани ќе биде разрешен по забраната за влез во САД

Иако тврди дека гради стабилни односи со САД, премиерот крие од јавноста дека неговиот министер, Фатмир Лимани, добил забрана за влез во Америка. Поради ова, тој бил принуден да ја откаже планираната посета, а Владата молчи за причините зад оваа драматична одлука, реагира СДСМ.
Од партијата велат дека ова отвора сериозни прашања за кредибилитетот на владините претставници и за политиката што ја води Мицкоски. Доколку тој навистина ужива поддршка од американската администрација, како што често тврди, сега е моментот да го докаже тоа со конкретни чекори. Во спротивно, неговата тишина само ќе потврди дека во Владата се толерираат контроверзни личности.
„Јавноста има право да знае: кои се причините поради кои Лимани е прогласен за непожелен во САД? Дали ова значи дека тој е вмешан во скандал што ја загрозува меѓународната репутација на земјата?
Мицкоски не може да остане без одговор. Доколку навистина е посветен на транспарентноста и партнерството со САД, мора веднаш да го разреши министерот Лимани. Секое одолговлекување само ќе покаже дека премиерот ја става партиската лојалност пред државните интереси.
Ги повикуваме Лимани и Мицкоски веднаш да излезат пред јавноста и да одговорат:
Зошто министерот има забрана за влез во САД?
Дали ќе биде разрешен или Владата ќе продолжи да го штити?
Ова не е случај што може да се премолчи“, се додава во соопштението на СДСМ.