Македонија
Прашањата за безбедноста доминираа во Собранието
Безбедносната состојба во државава која во последниве неколку дена беше нарушена со низа инциденти, беше централаната тема што ја наметна опозицијата во четврток на редовната собраниска седница за пратенички прашања
„Низ Македонија хараат пљачкашки банди како во Сомалија. Дали вие чувствувате лична одговорност, зошто граѓаните денес се небезбедни и незаштитени. Планирате ли да преземете нешто за да овие друмски банди да се тргнат од Македонија? “, пратеникот Јани Макрадули од СДСМ го праша денеска премиерот Никола Груевски.Макрадули рече дека Груевски во изминатава недела не се појавил во јавноста и дека тоа не доликува на одговорен премиер.Тој го потсети премиерот на разбојништвата во менувачници, убиството во Бутел, два обида за убиство во Кисела Вода, убиство во Средно Коњари, кражба на златен накит во Скопје Север, кражба во населба Аеродром, напад и убиство на комбе на Македонија пат, разбојништвата во Карпош, во штедилница Баваг, самоубиство во Идризово, тепачки во Кочани и праша дали е нормална работа да се случат четири убиства во една недела.„МВР го претворивте во бројач на жртви и собирач на чаури. Врвните професионалци ги сместивте во подрумите или планините и поставивте аматери на одговорни функции. Со вашето неодговорно однесување создадовте лажни вредности во МВР“, рече Макрадули.Премиерот Груевски рече дека значаен дел од овие случаи се разрешени, а другите се во фаза на разрешување.„Ако се погледне учинокот на МВР во изминатиот период и според статистиката, покажува висок процент на успех, кој подолго време не е забележан. МВР ќе продолжи со своите активности да се бори да ги реши сите неразрешени случаи“, рече Груевски.Премиерот рече дека иако не се појавил во јавноста си ја вршел својата работа и бил во постојан контакт со министрите.Според податоците што ги Макрадули, личното обезбедување на Груевски претепало малолетник, што премиерот го демантираше квалификувајќи го ова тврдење како чиста шпекуалција. .Меѓудругото пратеникот Макрадули го праша Премиерот и со што го задолжил претседателот на партискиот општински комитет до Гостивар, Сашо Акимовски да го постави на функција раководител.Според него, на трибина во Гостивар еден член од ВМРО-ДПМНЕ му поставил прашање прашање на Груевски зошто до него седи „познатиот криминалец“, Сашо Акимовски.„Знаете ли што му се случи на тој човек? Рекетарите на Акимовски го испотепаа, а министерот Миле Јанакиески го бранеше за да не стане поголема белја. Тоа денеска се случува во Македонија. МВР се уште нема преземено ништо против лицата кои цел Гостивар ги знае, туку го наградивте Акимовски со позиција раководител“, рече Макрадули.Макрадули за овјо случај доде и дека Акимовски наводно бил вработен како одговорен на одделението за финансиска оператива, во службата за финансии на ХЕЦ „Мврово“, иако, како што наглеси, 55 вработени веќе три години чекаат постојано вработување.„Никој не ме задолжил со ништо. Се работи за обично вработување. Секој човек има право да се вработи, се друго се инсинуации дека некој со некого се тепал“, кусо одговори премиерот Груевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

